Ах да Па нормално дека одма штом го исече месото, потоа зема и џвака за неа. Thennn кога и става и сок во чашата, автоматски Клара Цеткин се превртува во гроб Потоа и стасува писмо од општината дека и се укинува правото на работење и и ја затвораат сметката во банката Можам само да кажам, страшно низ кој хорор минува девојката на Лемонич. Мора да трпи тој да е нежен со неа Шта речи, кој послуку порати, освен #PrayForLemonka
Лошо е. И многу разгалување не чини по мене. Оти на глава знаат да се качат Ја ќе ти одговорам пошо ја спомнав за понижувањето, токму ова мене ме вади од такт, ненормално ме вади... Чим можеш и ти, може и таа. Посебно за нешто едноставно.
Џентлменство е фина работа, значи имање манири кои остануваат цел живот. Вие терајте како ви одговара, само не би го земала баш како универзално правило, од најмалку 2 причини: - некого може да иритира (еве, Рајти- на пример). И тоа е во ред, сите сме различни - искрено, го гледам како манипулација. Сигурно не планираш да го правиш тоа цел живот. Значи, во одредена фаза од животот, ко ќе и ускратиш сечење месо, што ќе си помисли уствари? Дека не заслужува разгалување веќе? Оуверкомпликации ...
Мислам не е дете за претераната разгаленост да доведе до нешто лошо, ако таа тоа го искористи против мене до неа е... Не реков дека таа не прави ништо за мене и дека чека се само на мене.. Океј е некој да не сака толку разгалување и да му пречи.. Зависи може некој да го искористи како манипулација, што знам мене ми е карактерна особина.. Секогаш треба да се трудиш без разлика дали веќе си успеал да го освоиш..
У наводно секуларно општество, зошто сè уште постои пракса свештени лица да одат од врата на врата, да ѕвонат на луѓе и да ги будат за ,,евиденција" и понуди за верски услуги пред Велигден? Преубаво си спиев после работна ноќ, три пати ми ѕвонеше поп на врата, без никаков осет. Ако сакам благослов, ќе одам у црква. Како Комодита шоп се напорни. Се сеќавам пред Ковид, истиов период, еден поп дилаше црковни календарчиња скоро секоја година (оние пластифицирани картончиња со светци). Отворам врата, ми подава едно во раце, јас не сфаќам што е поентата и само го гледам. Тој ми вели - кој колку милува. Аха, сфатив дека треба да му дадам пари, и кога влегов да барам, истиов ја искористи мојата збунетост, детска фаца и наивност и ми промрмла - 100 денари. 100 му дадов, веќе кога ми кажа цена, за пластифицираното картонче. Ако нешто е доброволно, не треба да има наметнување, ниту сугерирана цена, али добро, МПЦ и ИВЗ така немаше да имаат луксузни земјишта кај Холидеј ИН. Тоа беше и последен пат да финансирам нешто што ме третира како морална грешка. После тоа им затворам врата, у цркви влегувам исклучиво за свадби, овој денес се спаси од мојот Diva attitude пошто едвај станав, кога отворив, духовниот дистрибутер беше на другата страна од ходникот кај соседите. #ИсповедНаНепобаранБлагослов