Не ми се верува колку многу од моето време во последно поминувам гледајки ги оние видеата со овошјата на тт како кратки филмчиња.
Наоѓам начини како во тие 8ч да си завршам приватни работи. Ако ништо друго чепкам телефон саат време додека сум на работа, што и без тоа би го правел дома
Секоја европска метропола има главен град кој го дели голема река на стар и нов дел. Во едниот се навраќаат туристите у минатото, а у новиот гледаат како живеат граѓаните во сегашноста. Плаќаат солено за влезови во музеи, театри, изложби, пловења со брод, жичари,зоолошки, туристички водичи, гастрономски тури, по ресторани, забавни паркови, дискотеки... Скопје ги има сите предуслови да биде туристичка дестинација. Освен главниот фактор - човечност. Тука живее стока. Од едната страна на Вардар муџахедини кои се дават у своето племество. а од другата жртви по вокација кои се дават у своите мочки, гомна и мрсули. Истиве се и судии и кадии, и политичари и гласачи, и мајки и татковци. Со ова темпо и генетско и општествено статус кво за едно 20 години ќе доаѓаат туристи да ни се чудат исто ко шо идат денес у Индија, Бангладеш и Пакистан. Живи били па видели...
Ако ми веруваш, ми се повраќа деновиве од „верници“ со цел да се исперат или „ќарат“ понежна/посилна половина; од поблиски што сакаат да се претстават „посветло“ или да имаат некаков „просветителски“ муабет, а инаку хоби во слободно време им е да роптаат..од завист, љубомора. Чекам само да помине празникот, оти ни јајцава вапцани нема да ги спасат. Сѐ е напразно, ако останатите триста и кусур дена се нелуѓе (а има мнооогу примери во секојдневието).
Ова не го кажав, вчера бев во лаболаторија. Добив јак паничен напад, се тресев буквално. Почнав да плачам. Му реков на тој што работеше тука кај што земаат крв дека ми е лошо и ако можи да легнам негде оти се тресам цела и гладна, поради крвта шо треба да ми ја земат. Толку беше дрзок, што ми рече, собери се, како ќе те боцкам ваква и се потсмева . Ми даде вода, и седни вели в чекална, а таму гужва. А плаќам пари, еј Приватна ординација. Му благодарам на господинот на хуманоста што ја покажа
Некоја кожна болест има бебево, ставила слика на некоја од групине, пишала дали можеби било од тоа што некоја што имала добиено, нечиста, го допрела. Така и кажале. Ваквите имаат деца. Тоа дете ќе порасне и ќе ја продолжи лозата. Уште ми се ококорени очите, не можам да ги затворам. Од интернет, од АИ, од книги, буквално се во раце ти е дадено. Како, како, КАКО???
Благодарам што многу од вас ми одговорија на прашањето за работа. Само мислам дека 8 саати, 5 дена во неделата се многу. Јас инаку уште не работам целосно работно време, на околу 30 саати неделно сум, само ме фаќа криза за кога ќе се вработам за стално. Се чувствувам како да е огромна жртва да работиш. Wdym ќе имам нормални утра, ручеци, рутина и сл. само 2 дена во неделата, и тоа можеби ни тогаш не, затоа што сакам да го користам викендот за активности надвор од домот. Свашта. Единствена надеж ми е тоа што сум во струка во која многу често може да се работи хибридно, некогаш од дома, некогаш во канцеларија. Идеално работно време за мене би било 4 дена неделно по 6 саати. Некако човечки ми е така. But oh well.
Има многу што работат 6 дена во неделата, го немаат тој луксуз слободен викенд и два дена слободни. Идеално би било да не мора да се работи ама тоа е.
Се согласувам со твоето идеално, ама сега, со дете, на 40+. Од 24 саати во денот, или 168 сати неделно, работиш 40. Или 176 часа во просек месечно. Ко ќе го израчунаш така, испаѓа работиш фул 8 дена за да живееш фул други 22 во месецот. Па и не е многу. Многу е ако работиш нешто што не ти е забавно, така што гледај да најдеш работа што ти е забавна. Е така и волкот сит и овците на број. Бонус финта- дури немав дете, секогаш после работа преспивав. Така во 1 ден, добивав 2, едниот го работиш, едниот бркаш бесови. Мале тајна великих мајстора