Манч, не ни има за вегани/вегетаријанци избор кај нас па да е afterthought зошто е избор. Кај нас има избор само за "здрав" месојад. Толку. Избор нема сем за време на пости. Ама, продавници и ресторани шо имат посно мени често се отворени да напрат нешто без јајце (по другар ми знам јер е алергичен, за други не инклузивни ресторани - не знам, исто и за нешто безвезе како ким и бибер да се изостават знам дека многу прат, јер имам друг другар алергичен на двете), без лактоза исто и сл. Без глутен би рекла е вистински предизвик зошто многу влијае кросконтаминацијата и не можат да спремат нешто во иста кујна, ама најголем % од посните продукти шо земам се (случајно) и без глутен и то е нагласено. Во секој случај мора да има поќе разновидност и инклузија во исхраната, према мене за било која причина. Било да е избор или да има медицинска основа. На крај на ден мора сите да јадиме. Реков никогаш нема да се согласиме.
Католиците со млеко постат? Не сум знаел за ова. Од сега ќе постам според католичката црква. А со другото се согласувам далеку од здраво е било што со толку хемикалии внатре...
Факт е дека подостапни се посни опции чисто ради профит и комерцијализам, зашто е популарно. И муабетот ми беше дека ако по избор си веган или постиш по избор, нема потреба да ја тормозиш продавачката дали било готвено на иста површина со месо, па ако ги стави во иста ќеса со непосна храна да дигаш фама ко што сум била сведок неколку пати. Чил, нема господ да те утепа ако 0.1 нанограм од животински протеин ти летне во оризот.
Да. Тие постат со млеко и млечни производи за разлика од нашиве шо постат т.е вие шо постите, постот е некако многу потежок а зошто не знам а притоа нели верата те учи да се молиш за здравје а здравје со хемиски производи тешко, мсм малце е нелогично Алал вера на сите шо постите
Се гледам во огледало и си викам еј супер, чисто ми е лицето конечно, баш сум лепотица Бубулицата на образ следниот ден:
Знамм по комплицирано е за готвење дур постиш, треба да пазиш на се, а и кога немаш време уште по лошо. Јас пошто од дома работам често знам да зготвам нешто и да и однесам. Не ме бидува многу и мене, ама не е се пожалила. Гледам рецепти по интернет. Повеќе со компири нешто правам. Добро е што пости со зејтин, сега неделата пред велигден ќе пости и без зејтин…
Во последно време секоја вчерашна барби после часовникот од 300 евра мисли дека е old money. Вртиш три слики пред, гледаш розово комплетче, проѕирни хеланки и штикли од 20см. Аххххааа