Манч, не ни има за вегани/вегетаријанци избор кај нас па да е afterthought зошто е избор. Кај нас има избор само за "здрав" месојад. Толку. Избор нема сем за време на пости. Ама, продавници и ресторани шо имат посно мени често се отворени да напрат нешто без јајце (по другар ми знам јер е алергичен, за други не инклузивни ресторани - не знам, исто и за нешто безвезе како ким и бибер да се изостават знам дека многу прат, јер имам друг другар алергичен на двете), без лактоза исто и сл. Без глутен би рекла е вистински предизвик зошто многу влијае кросконтаминацијата и не можат да спремат нешто во иста кујна, ама најголем % од посните продукти шо земам се (случајно) и без глутен и то е нагласено. Во секој случај мора да има поќе разновидност и инклузија во исхраната, према мене за било која причина. Било да е избор или да има медицинска основа. На крај на ден мора сите да јадиме. Реков никогаш нема да се согласиме.
Католиците со млеко постат? Не сум знаел за ова. Од сега ќе постам според католичката црква. А со другото се согласувам далеку од здраво е било што со толку хемикалии внатре...
Факт е дека подостапни се посни опции чисто ради профит и комерцијализам, зашто е популарно. И муабетот ми беше дека ако по избор си веган или постиш по избор, нема потреба да ја тормозиш продавачката дали било готвено на иста површина со месо, па ако ги стави во иста ќеса со непосна храна да дигаш фама ко што сум била сведок неколку пати. Чил, нема господ да те утепа ако 0.1 нанограм од животински протеин ти летне во оризот.
Да. Тие постат со млеко и млечни производи за разлика од нашиве шо постат т.е вие шо постите, постот е некако многу потежок а зошто не знам а притоа нели верата те учи да се молиш за здравје а здравје со хемиски производи тешко, мсм малце е нелогично Алал вера на сите шо постите
Се гледам во огледало и си викам еј супер, чисто ми е лицето конечно, баш сум лепотица Бубулицата на образ следниот ден:
Знамм по комплицирано е за готвење дур постиш, треба да пазиш на се, а и кога немаш време уште по лошо. Јас пошто од дома работам често знам да зготвам нешто и да и однесам. Не ме бидува многу и мене, ама не е се пожалила. Гледам рецепти по интернет. Повеќе со компири нешто правам. Добро е што пости со зејтин, сега неделата пред велигден ќе пости и без зејтин…
Во последно време секоја вчерашна барби после часовникот од 300 евра мисли дека е old money. Вртиш три слики пред, гледаш розово комплетче, проѕирни хеланки и штикли од 20см. Аххххааа
Зашо сте волку сељандури бре?????? Просто се чудам како може У автобус се понашаат ко дома да се квакнале на кауч, фино лепо се соблакаат патики и се седнува лагано.. Како вака? Сељандура народ, не можам да се помирам со фактов...
Сдк1: куќава ми е почиста кога не ги носам ноочарите Сдк2: мислењето дека ако работиш можиш било кога да си заминеш од токсичен дом (небитно дали кај сопруг или родители) е сосем неточно (или можеби за во непопуларни е ова ? )
Ја читам сега темата "што би му кажале" и темата последните постови со цитати за бивши кои што се бивши пред 100г. Разбирам да ти трае периодот на преболување 1-2 год, ама 10,15,20+ години, и плус за тоа време градиш семејство со друг ама бившиот/та никако да ја преболиш. Додека преболуваш океј е да мисли дека никогаш нема да помине ама да си го ставиш тоа во глава засекогаш, глупо е и не праведно кон тој што сте граделе семејство.. Мислам многу повеќе заслужува таков цитат тој што останал со вас отколку оној во минатото што заминал и не си го видел со години.
Не знам дали вистина е така, ама во брак мислам дека подеднакво се разочаруваат двата пола од избраниот партнер во одреден миг. Па можеби тоа е пресудно за да, мислите талкаат таму каде не треба. Виделе, сретнале, се потсетиле. Меморијата не се брише, на крајот на денот сите сме луѓе со какви-такви чувства, колку и да изгледаме супериорно? @Mr.Limonko
250 денари патлиџан ... абе 250 мајки да им онаквам ... хаха, ќе си земев хамбургер од 7ца ко господин .. ја здрав живот ќе терам пфф
А не, планирам да ги јадам ДО Велигден по пола патлиџанче на ден ... боже сачуј, 250ден ејјјј хахахахах
Јас цврсто стојам на ставот дека не преболуваат бидејќи не сакаат, не дека не можат. Се преболува и тоа како, до психата е најмногу. Господ/универзумот да ме чува да не завршам и изградам семејство со некој што потајно си има вакви мисли за бивша, само тоа ќе речам.
Ако сум лоша нема рандом кутре непознато кое првпат у живот ме глеа, у друг град, да ми иде пријателски да ми рипне, гушне и бацува Душа мила бе, ми го напраи денот Вас лошите не ве сакаат, затоа и ве напаѓаат и касаат А луѓе, не сакам, не мразам, ама не сакам Освен поединци, на прсти од една рака се бројат.
Ако се разочараш од новиот партнер која е поентата да се враќаш на стариот? Спомените секако ќе останат, ама тоа не значи дека мора да форсираме и чувства. Секој пат кога и да се сретнам со бивша спомените ми се исто како да се имам сретнато со другар од училиште, ништо посебно, ништо претерано.. Можам и кум на свадба да им бидам, ништо нема да осетам, ќе се радувам што некој ме избрал за кум.