Нормално, кога скоро цел форум ти кажавме дека убивање животно не е нормално. Не дека немаше и такви што никаков проблем не видоа, ај сега, не можеш секому секакви мани да наоѓаш. Можеш да не сакаш животни. Да се плашиш од нив. Ама да ги мразиш и да ги повредуваш не е нормално.
Исто така е смешно како се тригернуваат овие шо сакаат мачки, зборат за безусловна љубов, се продаваат морали и етики на кило, а истите не прифаќаат различно мислење, не разбираат разлика меѓу мразење и несакање и по цел ден ги лепат своите ценети мислења како да се божји заповеди. А, и се разбира судат според чуено-недочуено. Де нешто виделе у кафич, на улица, под балкон.
И јас се плашам од ајкули, ама ако морам, ќе и учукам една. Со крокодил мислам дека немам шанси, одма ќе умрам, на лице место Има луѓе што чуваат пајаци. И такви што чуваат змии. И такви што чуваат мачки. И такви што чуваат ротвајлери. И такви што чуваат зајаци. Секој со своите идеи. Никој не е посупериорен.
Јас ги сакам сите животни, вклучувајќи волови, свињи и кокошки, но сум индиректно виновен за смрт на голем број од овие животни...