Нормално, кога скоро цел форум ти кажавме дека убивање животно не е нормално. Не дека немаше и такви што никаков проблем не видоа, ај сега, не можеш секому секакви мани да наоѓаш. Можеш да не сакаш животни. Да се плашиш од нив. Ама да ги мразиш и да ги повредуваш не е нормално.
Исто така е смешно како се тригернуваат овие шо сакаат мачки, зборат за безусловна љубов, се продаваат морали и етики на кило, а истите не прифаќаат различно мислење, не разбираат разлика меѓу мразење и несакање и по цел ден ги лепат своите ценети мислења како да се божји заповеди. А, и се разбира судат според чуено-недочуено. Де нешто виделе у кафич, на улица, под балкон.
И јас се плашам од ајкули, ама ако морам, ќе и учукам една. Со крокодил мислам дека немам шанси, одма ќе умрам, на лице место Има луѓе што чуваат пајаци. И такви што чуваат змии. И такви што чуваат мачки. И такви што чуваат ротвајлери. И такви што чуваат зајаци. Секој со своите идеи. Никој не е посупериорен.
Јас ги сакам сите животни, вклучувајќи волови, свињи и кокошки, но сум индиректно виновен за смрт на голем број од овие животни...
Овие што три дена се подјебаваат со човеков што се расправа со велосипедист на Водно, стварно изгледа од тротоарот пред зграда подалеку не мрднале. Козјите патеки на Водно се на места тесни, еден човек собира у ширина, негде стрмни, ова време на пролет е фрекфентно со пешаци. Водно е планина најпристапна за искачување во Скопје, једино место блиску до Центар кај што можеш малце да се оддалечиш од скопски воздух. И еве стварно не знам, како му се ризикува на некој будала да се спушта со точак кај што огрооомна е веројатноста дека ќе налета на минимум неколку души и мала е шансата навремено да реагираш и да се тргнеш. Не само пешакот, и ти ќе паднеш и ќе наебеш. Неколку пати за влакно сум ги избегнала баш на тесни места кај што и нема настрана кај да застанеш. Ова на пензионерска и новогодишна патека, што си се обележани пешачки патеки. Јас и пешки коа се спуштам брзо, гледам да нема некој пред мене да не се искугламе надоле двајцата оти побогу се дешавало и да паднам, овие другиве изгледа не им е мил животот. Јеботе, точак имаш, можеш 50 километри од шала да ги поминеш. Иди бе брате негде у пичке мајчине спуштај се и тестирај мудата, не на факинг Водно.
Да дечкото со точакот не е во право, може да собере некого по удолниците двајцата да се утепаат па и поише души. Па уште снима као он да е у право е.
Изгледа nowadays најтешко е да кажеш извини, згрешив, моја грешка... А тоа е па најмалце што може да се направи а и тоа им е тешко.
Се породив вчера во 37ма недела, три недели пред терминот Душичка моја, 2740g се роди со крварење и итен царски рез, ме преплаши душичка l:
Најдоброто нешто шо можиш како млад чоек да избериш да напрајш е да не се прибериш дома и само да шеташ. А, шо е уште поубо? Сегде да запознаваш луѓе и после случајно ко ќе се најдите во ново место е п р е ј а к о. Wdym се знајме од Шпанија, ама јас сум од Македонија, а ти си од Португалија и трчаш да преминиш улица и да ме застаниш во Србија зошто ме виде случајно и ме позна? Priceless. Да, апсолутно можам да ти бидам host ко ќе дојдиш од кај и да си, како фала дека ми покажваш сега "how locals do it" дур сум јас во твојата држава. Гледав рандом интервју на улица за постари личности и за шо се каат. Најголем % од одговорите беа дека не патувале доволно. Уз пат, годинава прв пат си напрајв vision board. Пишав се шо сакам од 2026. И некни отворив пак да видам до кај сум, шо сум. Просто сум изненадена дека сум целосно on track. Кој знаел дека vision board има толку силни манифестирачки способности.
Само нека мрчат уште за младите како се залепени со телефоните.. Тоа бабетини и тетки у години па не ги пуштаат телефоните, зјапаат ли зјапаат. Како дур патуваш/се возиш ти се зјапа толку нонстоп Ја музика сакам да пуштам и да глеам низ прозор, ништо друго не ме интересира ниту ми одвлекува внимание.. Времево е совршено за одмарање
Бев на интервју за работа за која апсолутноооо не сум квалифицирана и помина катастрофа. Со најнепријатен маж CEO на свет. Ама битно ми е што се осудив и нели, rejection therapy.
Дали ти дадоа кафе или чај од ЧР? Си им била причина да бидат зафатени некое време и да си ја заработат платата, неблагодарно од нив ако не те понудиле
Сдк дека уличните кучиња не напаѓаат без причина. Во време кога ми излегуваат само вести и видеа од напади на кучиња по Скопските улици, два пати разлики кучиња ми се пикаат во нозе да се галат. Едното пред 1-2 месеци на постојка, уште тогаш сакав да пишам, не знам дали пишав, мислам не. Кучето дојде на постојка, надвор врнеше дожд и само сакаше да застане да не го мокри, за него место имаше, една жена го удри со чадор, и излезе од таму и легна пред мои нозе да се гали. Не ја разбирам поентата да ги тепате па после да се жалите што се агресивни. А денес две црвени светла пропуштив на семафор, не можев да поминам затоа што едно куче му фалеше многу љубов и не ме пушти. Кога појде накај мене прво добив мал срцев удар, бидејќи мислев дека ќе ме нападне, ама само почна да се гали. Душа, како мачка се галеше се вртеше околу нозете и баш кога ми се упали зелено ми седна на патиките. И двата пати ме начекаа на дожд и беа мокри и лом ме направија, ама ми одговара, слатко беше. Подобро од нив да сум мокра отколку од оние со колите што им се брза.
Да, ама може баш ти да не бидеш причината, па ни крив ни должен да бидеш нападнат. Или, причината да не е доволно рационална за да бидеш нападнат.
Кучињата апсолутно може да нападнат без причина. Кучето е животно, не е човек, не размислува рационално и може да нападне доколку почуствува опасност или се тригерне од само перцепирана опасност. Не се кучињата спиритуални водичи кои детектираат љубов од петнаеста димензија на еден километар, туку живи суштества чија биолошка цел е да преживеат, а се нашле во сред пренаселено место без нивна вина. Може да зборуваме логично за момент? Бидејќи и јас ги обожавам, имам вдомено, се грижам и за улични, ама истовремено и јас избегнувам еден куп локации со моите кучиња бидејќи ризикувам да сум нападната. Не, не е задача на граѓанските здруженија да ги соберат кучињата од улица, кои веќе секако прават премногу и се заложуваат и емоционално и финансиски, туку на општината која вложува минимум во државните претпријатија(како Лајка) и не турка никаков закон кој ќе воведе ред. Ситуацијата во Скопје ама ич не е за потценување, бидејќи страдаат и граѓани и животни.
Во право си дека напаѓаат ама се ова што наброја се причини, без причина не напаѓаат. Без причина напаѓаат само беснило ако имаат. А се друго е со причина дали си бранат територија, дали се осетиле загрозено.. А инаку и не е дека само тепани кучиња напаѓаат, може тие почесто од што многу повеќе загрозено се осеќаат. Ама јас имав домашно куче, чувано со љубов, не беше тепно (ми почина) ама напаѓаше, не беше агресивно, рандом луѓе да напаѓа, ама ги напаѓаше сите што ќе ме допрат за да се поздрават со мене, и не знам зошто толку ме штитеше.. И кога беше пуштено во двор и некој ќе дојде се поздравува со сите со мене не.
И како јас да знам што ќе го тригерне кучето да ме нападне. Некое нагло движење може да го уплаши и да ме гризне. Јас воопшто не знам кога сакаат да играат а кога се агресивни, кога ќе се затрча накај мене јас мислам сака да ме изгризе, еднаш во парк така трчаше накај мене и почна да скока околу мене јас бев исплашена но стоев мирно и по неколку секунди сопственикот кога се приближи него го гризна за раката.