Пред некои десетина години, ова време сме се спремале како друштво за неколкудневно кампување. Неколку години по ред го правевме истото, на исто место, со камп и шатори, ептен ми е мило што тоа го имам доживеано како искуство, преубави спомени. Па оган палевме, музиче, алкохол, скара. Кога некој со кола одеше до град до докупува или да земе нешто, јас се шверцав со него, си одев дома до тоалет, си се туширав и после се враќав меѓу ,,обичните смртници" од моето друштво, назад у ,,дивината". А знаев и такси да си викнам, битно кампував. У последниве години се изгуби она планирање однапред, листи, списоци и еуфорија што траеше по една недела пред заминување. Не знам дали е до стареење, до презаситеност, до различен животен стил, а и многу луѓе од тие времиња не ми се веќе дел од микрокосмосов… Сеа се мрштам ако утре некој ми ѕвони за нешто, сите клетки за дружба и социјализација ми се во изумирање.
Како мал, ќе ме соберат од дома моите и со други фамилии се собиравме во Зелениково, Марков манастир, Катланово, Козјак, Матка кај манастирот.Правење скари, дружба со нивните деца. Па, после откако ќе пораснеш и стар си за со твоите одевме на истиве места, но без родители.Но, ние бевме тие што пиевме алкохол, правевме скара, поставувавме шатори, си го чистевме нередот после нас...Само што јас не одев да докупувам, бидејќи се имавме со нас.
Кај нас надвор од населеното место таму в природа се фаќаше место уште од вечерта на 30ти. Ако појдиш утрото сите убави места се зафатени. Полно луѓе, деца, играње со топки, мирис на скара насекаде, музика, прематари кои продаваат играчки стоеја на пат.. во близина река и штркоцвеќе (нарциси) за берење кое мириса ПРЕубаво, ритче за качување кој сака да се размрда.. се стоеше до после зајдисонце кога ќе почнеше да заладува.. Ех какви времиња, сега многу помалку луѓе одат на тоа место. Но секогаш кога ќе се спомни 1ви мај, прво ме асоцира на тоа место и тие спомени.
Гинекологот Асани што ја остави Јилдиз Веапоска без матка, без јајник и без бубрег осуден на само ТРИ години затвор. Иста казна колку тој што украде кило ќебапи. Изгледа извадени органи колку крадени ќебапи вредат. Би му ја запалила колата на судијата. Spoiler Со се него внатре
Ќе беше изненадување да му изречат казна каква што навистина заслужува.Одамна во нашиот систем ништо не функционира како што треба а ваквите пресуди само го потврдуваат тоа.Нема надеж оти нешто ќе се смени во нашето правосудство,се е труло,нула доверба.Не дај Боже некој да се најде во слична ситуација,правда никогаш нема да добие во оваа држава.Ми се гади од тоа во каков систем живееме.
Пола живот ми помина у барање серии или почнување неколку епизоди и баталување на истите. Еден период живеев без интернет, нешто се двоумев околу оператор, ми истече договорот, тоа може беше период од месец/два (денес да ми се деси ова, ќе збудалам). И у тој период помнам, буричкав по стари цедиња, наоѓам цедиња ,,The Vampire Diaries", другарка ми ги имаше дадено, немав избор, почнав да ги гледам. Се опседнав, ми станаа интересни, се врзав за ликови, а како серија ич не е my cup of tea. Изгледав неколку сезони, кога наместив интернет, ја баталив и продолжив да барам нови, да трагам, у море од бескраен избор.
Се дур не се затрча некое куче или не наиди кола или не дај Боже некој да те нападне. Не, фала сепак ќе си одам без слушалки
А шо им береш гајле на празноглави? Коа ќе ги снајде нешо они ќе му ја мислат, до тогаш нека уживаат безгрижно. Идам и навечер со слуашлки како и низ целиот ден, но до некое време сепак, и зависи околината кај што сум. Не може у Чаир така ноншалатно да си шеташ на пример.. Идев еднашка така, стемнето беше, ко на штрек цело време и само се вртам. На крај ги извадив и зборев на телефон со дм. Сонце мое, дур не стасам до Гејт цел пат беше со мене, па и на враќање исто Небезбедно е за женско поготово. Ја сум за исклучување од светот пошо ми годи тоа, ама мораме малце и да сме свесни за нештата околу нас. А коа спомна кучиња и занесеност со слушалки, еднаш се спасив, имав среќа, ќе беше весело иначе Занесена си идам, и коа доле да ти дремело куче, ја будалата сум го згазнала, без да приметам Појма немав, одеднаш само осетив нешо иде накај мене Среќа ништо не ми напраи, само се разлути, и си се тргна брзо дур се освестам шо се деси. Скроз право имаше да ме нападне, уште ми е жал коа ќе помислам на ова
Мене па ич не ми е страв не само по улици туку и по планини ноќе да акам, побезбедно место нема. 0 луѓе, полно нативни седелци, па ако ти пресече некое пат јас го доживувам лично како голем благослов и дар од природата што ја посетувам. И така вечерва по дождот на ноќно другарчево ми пресече пат. Spoiler Да не ги спомнувам регулар исфрлените и населени кучиња таму, тие ми се редовни пратеници по пат. Сите ги знам и ме знаат, кога можам, особено зимно време кога нема толку народ да ги храни и денови кога се неработни горе, па нема исто така раздвиженост им носам храна. Нема поубаво од рестарт во природа со животинчињата наоколу. Рано наутро исто е посебно доживување... Ај за тоа во др. прилика... п.с. За слушалките независно од која доба во денот, ако морате, ама баш морате да носите, една во уво, др. надвор најбезбедно или уште побезбедно без ич, ама ако се мора тоа е.
wow tebe treba orden za hrabrost da ti se dodeli. hrabra sum za mnogu stvari ali ne do tolku ocigledno
Ја па мислам тоа да им се додели на тие што ќе налетаат на мене. Какво страшило сум со тоа челната лампа, некој може гаќи да наполни да ме начека по пат. Се шалам... Не има... Не е до храброст до навика и дисциплина е. Е сега денски се претури па ми се помести враќањето ноќе. Исто лето по жештините избегнувам да одам и на враќање редовно ме стемнува. Додуше и зимо ми се случило со оглед на краткото траење на светлата фаза од денот. Навика...ништо страшно, ништо посебно.
Оти беше другарка ми, залетана строго право, ноќеска во 22 и 30. Ќутиии шо било куче, сонце греота а, замислил да бил крадец.
Не знам дали имам право да се лутам, ама... Родителите бурно реагираат кога ќе им побарам да ни го разделат имотот со брат ми, или барем да кажат на кој што припаѓа.. Имаме мал стан во Скопје и голема куќа таму од кај што потекнувам, плус друг имот... брат ми цело време работи кај татко ми, имаа татко ми шриватен бизнис. Јас од 22 години денар им немам побарано, а веќе имам 27, брат ми 35... мислам и дека е нормално за такви работи да размислувам. Ми ја знаат заштедата и цело време за тоа се фаќаат. Ме рачунаат за малоумна... и не би ни барала делење, а да беа понормални... кријат цело време од мене работи и ги фаќам на дело. Како црна овца се осеќам. Џабе имаат они, јас сум без ништо, а од терет им се тргнав многу рано, се сама се снаоѓам. Ај кажете ми што мислите на темава, еве може и ја сум грешка. П.С. стално ми спомнуваат, кога ќе се мажиш ќе поделиме... мислам што има да ги интересира имотната состојба на маж ми, патем уште дечко немам. Брат ми ако не работи кај татко ми, абер немаше работа сам да си најде, на овие години. На почетокот едвај го убедуваа и сабајле да стане. И пак јас сум лошата...
Она старата народна да не ставаш ташна на земја ( оти новчаникот е у неа ) оти ќе си немал после пари, важи ако новчаникот ти е празен?
Пробувате да имате сериозен муабет со незрели недораснати 20 годишњаци заглавени во средно, свесни сте?
Најисправно е да поделат тие и после да нема караници, делења и влечење по судови. Дури не мора да знаете како е поделено. Јас така би направила. Ама со нашиот менталитет тешка работа такво утописко сценарио. Не би им ја споделувала заштедата. За твое добро.
Не знам што да кажам... јас трпам што на некого не му текнува да е возрасен на 35.. да ми кажат мнпгу ќе ми биде полесно да си распределам финансии и да знам што имам, што не и да си го средувам животот полека. Не ми е јасно зошто на сопствено дете, што не ти е никаков терет, да му правош сопки и да не му ја оправаш работата.