1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.225
    Допаѓања:
    18.568
    Пред некои десетина години, ова време сме се спремале како друштво за неколкудневно кампување. Неколку години по ред го правевме истото, на исто место, со камп и шатори, ептен ми е мило што тоа го имам доживеано како искуство, преубави спомени. Па оган палевме, музиче, алкохол, скара. Кога некој со кола одеше до град до докупува или да земе нешто, јас се шверцав со него, си одев дома до тоалет, си се туширав и после се враќав меѓу ,,обичните смртници" од моето друштво, назад у ,,дивината". А знаев и такси да си викнам, битно кампував.:drunk:

    У последниве години се изгуби она планирање однапред, листи, списоци и еуфорија што траеше по една недела пред заминување. Не знам дали е до стареење, до презаситеност, до различен животен стил, а и многу луѓе од тие времиња не ми се веќе дел од микрокосмосов… Сеа се мрштам ако утре некој ми ѕвони за нешто, сите клетки за дружба и социјализација ми се во изумирање.
     
    На Buttermilk, Amellie13 и Adidas888 им се допаѓа ова.