Апсолутно, јас мислев на ова последново, дека самиот инстаграм не форсира цитати затоа што препознава дека не е интересна содржина. Приоритет дава на оргинална содржина. Кај мене најмалце прегледи имаат сториња кај што нема луѓе, а мене ми се естетски. Пример поглед на море, убава слика од моето кафе и слично. Кога постирам селфи, освен што другарките ми лајкнуваат и имам енгејџмент, верувам дека инстаграм препознава фаца, и го дава сторито напред. Мета имаат опасни алгоритми кои на многу начини верувам дека не се ни легални, многу веројатно е да го анализираат секој пиксел на секое стори, па потоа според интернет однесувањето на корисникот да распределуваат што може да го интересира.