Апсолутно, јас мислев на ова последново, дека самиот инстаграм не форсира цитати затоа што препознава дека не е интересна содржина. Приоритет дава на оргинална содржина. Кај мене најмалце прегледи имаат сториња кај што нема луѓе, а мене ми се естетски. Пример поглед на море, убава слика од моето кафе и слично. Кога постирам селфи, освен што другарките ми лајкнуваат и имам енгејџмент, верувам дека инстаграм препознава фаца, и го дава сторито напред. Мета имаат опасни алгоритми кои на многу начини верувам дека не се ни легални, многу веројатно е да го анализираат секој пиксел на секое стори, па потоа според интернет однесувањето на корисникот да распределуваат што може да го интересира.
Скоро 3 месеца без рафиниран шеќер , не верував дека ќе издржам одбив 3торти и 5 чоколади до кога ќе терам вака Господ знае
Пак ги каменувале животнине у зоолошка, греота, ги ловат, ги успиваат со седативи, ги транспортираат и тука доаѓа најстрашното, се будат у Фиром.
Комплексаши се речиси сите Македонци, независно од тоа кај се родени А Ск е цела држава, така да.. За 7 ца врска неам не ме занима, еднаш иам јадено за 27 години, погрозно нешто здравје. Немаат ич вкус тие што ја величат таа сендвичара. Ама шо бришете постови вака.. Таман да цитирам Урмите ко да се поблаги од самиот шеќер. Мене ми се грди. Инаку супер штом издржуваш без благо.
Имав да допишам и се откажав.. не сакам недоречено да остане и нејќев да се сфати дека имам нешто против Скопје пошто да цела Мк се комплексаши, невермајнд бидна веќе.. Инаку сум јадел неколку пати од 7ца комбиниран и со стек и ок вкусно ми било али џанк фуд е, нема што да величам фкнг сендвичара као да не знам какво културно наследство згаснало па толку филозофија и глупо ми е со денови за тоа да читам . Инаку да урмите имаат многу шеќер и не се добра замена за шеќер но се доста здрави со други нутриенти.
А шо знае Македончето само да ждере и кафе да пие, тоа му останува у животот. Имале спомени како што кажа, се собирале таму низа генерации, ама стварно ич не ми беше убаво коа пробав првиот и последен пат.. Никад не го сфатив хајпот. И луѓе од други градови идат специјалнот таму Ја не ги сфаќам ниту за Гтц, шо толку убав трговски бил, па толку го жалат шо е запустен. Баш е грд, и порано бил грд, имал некоја тмурна енергија. Коа и да идам низ тоа ходниците грдо чувство имам. Тој треба да се сруши и изгради од темел, со нов освежен изглед, а не да стои таква грдотија у строг центар.
Но немаат исто дејство Шеќерот е шеќер, ти го рипа шеќерот во крвта ти прави инслуин спајк шо по себе му создава стрес на телото па го активира кортизолот а овие два хормони се клучни за дебелина. Е урмите имаат и влакна, минерали, го спајкаат инсулинот но со различно дејство не толку брзо како шеќерот.
Па да ГТЦ има некоја чудна енергија али повеќе ќе сфатам за ГТЦ да жалиш отколку за 7ца Сепак е автентичен трговски од Скопје. Инаку јас долги години успеав да не пробам воопшто од 7ца иако е најпозната сендвичара, прв пат пробав 2017та и од тогаш може 10 пати до сега имам земено, последниве 3 пати беше ужас и тоа компирот го препржуваат ако се излади и тоа пред очи на муштерииве гајле си немаат виделе стоки не пребираат па им се може па ако си будала иди бутај палмино масло, па имаше и неколку пати труења од таму и пак жалење и плачење за 7ца ау. Да знам за ова, затоа и потенцирав но сепак шеќер е, а преблаги се.
Не се замарам секако ослабев колку што сакав , подобро овошје да јадам кое содржи шеќер од колку ова другово + јас не сум зависник од благо па може затоа полесно ми дојде. Дедо ми 92г шеќер со лажица јаде ни шеќер има ни притисок ни тироидна, гени ли се што ли е кој знае колку и хранава има некоја улога гледајќи го него колку е витален на тие години и со ок здравје и со нездраво јадење углавноМ
Апсолутно точно, освен во случај ако човекот е дијабетичар, тогаш и урмите би му штетеле. Инаку, луѓето гледам дека генерално претеруваат со јадење урми. Мислат дека ако се здрави ( и се многу здрави) може да јадат колку сакаат. Во 100 грама има 300 калории отприлика во исто толку бел шеќер има 400 калории. Доволни се 4-5 урми (50 гр.) Ова е за сите што се интересираат за урми, како замена на шеќер. Не конкретно за членката погоре. Само се надоврзав.
Стока народ, убаво викаш. А ја би рекла дека е навреда дури за стоката. Мора да идел у теретана? Кревал тегови, спортувал, трошел енергија, инаку вака не може бе да пука од здравје, шо збориш Не е можно ова! Дај Боже над 100 да си дочека
Да, но пак ќе речам, како шо шеќер од урми и бел шеќер не е исто така и калорија и калорија не е исто Ти можеш да броиш калории и да завршиш во дефицит со јадење бел шеќер но тие калории ќе имаат различен хормонален ефект за разлика од урмите. Исто како шо некој слабеат со пица и некој со пилешко, и двајцата ќе ослабат но што е со хормоните кои се мотор на здравјето? Значи не е само "колку“ туку и од "каде" доаѓаат калориите, шеќерите, итн.
Поголемка сочна урма со извадена семка и место неа парченце путер внатре упикано, шеф кис. Или пола лажиче путер од кикирики. Гтц има врвен концепт, трговски центар без врати. Од кај сакаш навлегуваш, прошетуваш, излегуваш. Во '90тите и почеток на '00ите супер си беше, мада не ни имаше друг избор баш (освен коа се направија Бисер, Беверли и Буњаковец). Проблемот е што еве со децении веќе не се замара никој за него, пола век има како постои, на никој не му текна да го изреновира основното барем, да сменат плочки, тавани, да префарбаат, да го осветлат ко шо треба. Има топ потенцијал.
ГТЦ е икона на градот заради што заслужува да биде одржуван и реновиран. Ама, плачките за 7ЦА не ги сфаќам. Имаше труења. Зошто да се жали по такво место? Брза храна има на уште 100 други места. Човек може и сам да си ја прави ако купи состојки од маркет или пазар. И онака е нездрава. Не се плаче за тоа што треба, се плаче за смрдеа.
Ах, ГТЦ е одличен пример на бруталазим. Проблеми... сопственичка структура, секој треба да плати за реновирање. Има илјада продавници, некои немаат пари, некои не сакаат. За некои има правни спорови. Во време Грујово сакаа да го затворат и да го облечат во „барок“, и така да го направат рентабилен. Среќа, беше „спасен“, но старите проблеми останаа. Сега е полумртов. Не знам како би го воскреснале искрено.
Ех... Ако сакаат, ќе најдат нешто. Да донесат брендови што ги нема кај нас. Да биде нешто меѓу мол и пазар, но само за возрасни (да не биде дозволен влез на малолетници). Да нуди поголеми акции на производи. Да има поголемо кино. Социјални активности со игри за возрасни (ескејп румс, клуб за билијард и шах). Победниците да добиваат бесплатни билети за некој настан. Реновирање, па пренамена на објектот во едукативен центар (креативни работилници и курсеви/мини факултет). Пренамена во засолниште за бездомни лица и жртви на семејно насилство.