И'скача и иска'ча не е исто Иам приметено дека скопскиов и тие нелитературни жаргонски зборови знаат да се изговорат на трет слог
Кирил и Методиј се словени со потекло од карпатите како и сите шо сме од таму, им припаѓаат на сите словени не само нас, од чешките земји до Моравија на запад па се до руските земји на исток и до југ до Македонија. А што се по националност не е точно дефинирано, стои само словени а бидејќи живееле во Солун се смета само дека се македонци. Ама на пример, кога Бугарија реторички си ги присвои КиМ дека се нивни, Чешка одговори а што ако се чеси? Така да, мистериозно е што се..
По мајчина страна се најмалку пола Словени. Од таткова страна е тешко да се каже, гледајќи дека Византија голем дел од Словенските племиња кои се населиле на територијата на Грција пред формирање на првите Словенски кралства биле под хеленизација и религиозна асимилација преку прифаќање на Христијанството.
Не е мистерија. Концептот на "нација" во денешна смисла воопшто не постоел во 9 век. Да се каже дека се "Македонци", "Бугари" или "Грци" е анахронизам. Биле Византијци по припадност, Словени по мисија но според дефиниција од 9-ти век.
Византијци бидејќи живееле во византиското царство. Ама етничкиот геном им е од карпатите како и на сите нас словените. Така да, Кирил и Методиј се само словени и им припаѓаат на сите словенски племиња а не на одредено племе.
Се согласувам, тие се наследство на сите Словени, А денешните „нации“ си ги ре-брендираат и присвојуваат поради нивната важност. Дека етничкиот геном е од Карпатите е поедноставување. Словените не се хомогена група. Се мешавина од Траки, Илири, Авари, Германи, итн. , итн... Солун бил па ептен мешан град, Њујорк на Балканите!
Каде има информација за мајка им? Каде има имформација за каков им бил етничкиот геном, дека им бил од карпатите? Сакаш да кажеш дека ти се сметаш за словен/славјанин, кој и да е терминот?
Солун бил еврејски град, најмногу имало евреи и сите биле трговци. А се доселиле кога Шпанија како кралство одлучила да ги протера па дошле на балканот и бидејќи Солун бил развиен поморски и економски град се населиле тука. Доминирале и турците, македонците и грците.
Тоа се однесува во контекст на модерните Словенски подгрупи, да. Но ке те корегирам тука. Голем дел од Аварите што се напоменети не се баш Авари, колку што се само Монголиска владеачка класа која располагала со контрола врз локалната популација на Германи, Словени, Панонци, и до некој мал дел Ирански народи од степите. Прото-Словените, или раните Словени кои се прошириле и ги асимилирале локалните Римски популации на Југ, Фински Народи во Североистокот, И келто-Германските народи на запад, си биле доста хомогени поради изолацијата во Полезија.
Точно така...И,замисли, после Варшава, во Солун имало најмногу Евреи, пред да почне „истребувањето“ на нацистите.
Па во сите официјални книги и научни трудови тоа ти го пишува дури и во учебник од 8 одделение, дека Македонците се словенски народ кој се населил од Карпатите во 6 и 7 век. Сигурно не мислиш дека сме антички македонци?
Фала за корекцијата. Мојата поента е дека Словените немаат хомогено потекло и не се хомогена група, како што некој погоре кажа.
Голем дел академици се имаат согласено дека Кирил и Методиј до најмала рака доаѓаат барем мајчино од Словенски етникум, додека е целовкупно прифатено дека биле одбрани, во најмала мера, поради нивното интрикатно познавање на Словенската култура и јазици од Византија.
Сакав да кажам дека Словените имале хомогено потекло, но дека модерните наследници на раните Словени, или денешните Словени не се хомогени поради горенаведената асимилација/абзорбпција на народи преку нивната експанзија.
Се прифаќа и оваа корекција. Ти си во право. Протословените биле релативно хомогени, поради изолацијата, денешните поради експанзија, и асимилација се хетерогени.
Македонија не била празна територија кога се доселиле словените. Ниту пак истите го истребиле претходното население. Во најмала рака сме мешавина, но не сме само словени.
И ова држи вода, и мислам дека е најпотценето прашање, затоа што е супер комплексно... Антички Македонци, Траки, Илири, Романизирано насление, Грци, итн, итн, па дошле Словените.