Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.661
    Допаѓања:
    19.679
    И'скача и иска'ча не е исто :inlove:

    Иам приметено дека скопскиов и тие нелитературни жаргонски зборови знаат да се изговорат на трет слог :smirk:
     
    На Intergalactic му/ѝ се допаѓа ова.
  2. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Машки
    Кирил и Методиј се словени со потекло од карпатите како и сите шо сме од таму, им припаѓаат на сите словени не само нас, од чешките земји до Моравија на запад па се до руските земји на исток и до југ до Македонија. А што се по националност не е точно дефинирано, стои само словени а бидејќи живееле во Солун се смета само дека се македонци.

    Ама на пример, кога Бугарија реторички си ги присвои КиМ дека се нивни, Чешка одговори а што ако се чеси? Така да, мистериозно е што се.. :^)
     
    На Mumoftwo30, Angie1432 и Vikktorr им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    26.671
    Изгледа не сте чуле за сарказам. :D

    Едит: од кај тоа дека се словени? :wasntme:
     
    На Mr.Limonko и quattro им се допаѓа ова.
  4. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    29
    По мајчина страна се најмалку пола Словени. Од таткова страна е тешко да се каже, гледајќи дека Византија голем дел од Словенските племиња кои се населиле на територијата на Грција пред формирање на првите Словенски кралства биле под хеленизација и религиозна асимилација преку прифаќање на Христијанството.
     
  5. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки

    Не е мистерија. :) Концептот на "нација" во денешна смисла воопшто не постоел во 9 век. Да се каже дека се "Македонци", "Бугари" или "Грци" е анахронизам. Биле Византијци по припадност, Словени по мисија но според дефиниција од 9-ти век. :)
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Intergalactic

    Intergalactic Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2026
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    207
    Словенските браќа Кирил и Методиј, во некои книги Солунските браќа ги пишува, ја така у школо учев. :D
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Машки
    Византијци бидејќи живееле во византиското царство. Ама етничкиот геном им е од карпатите како и на сите нас словените. Така да, Кирил и Методиј се само словени и им припаѓаат на сите словенски племиња а не на одредено племе.
     
  8. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки
    Се согласувам, тие се наследство на сите Словени, А денешните „нации“ си ги ре-брендираат и присвојуваат поради нивната важност. Дека етничкиот геном е од Карпатите е поедноставување. :) Словените не се хомогена група. Се мешавина од Траки, Илири, Авари, Германи, итн. , итн... Солун бил па ептен мешан град, Њујорк на Балканите! :)
     
  9. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    26.671
    Каде има информација за мајка им?

    Каде има имформација за каков им бил етничкиот геном, дека им бил од карпатите?
    Сакаш да кажеш дека ти се сметаш за словен/славјанин, кој и да е терминот?
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Машки
    Солун бил еврејски град, најмногу имало евреи и сите биле трговци. А се доселиле кога Шпанија како кралство одлучила да ги протера па дошле на балканот и бидејќи Солун бил развиен поморски и економски град се населиле тука.

    Доминирале и турците, македонците и грците.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    29
    Тоа се однесува во контекст на модерните Словенски подгрупи, да. Но ке те корегирам тука. Голем дел од Аварите што се напоменети не се баш Авари, колку што се само Монголиска владеачка класа која располагала со контрола врз локалната популација на Германи, Словени, Панонци, и до некој мал дел Ирански народи од степите. Прото-Словените, или раните Словени кои се прошириле и ги асимилирале локалните Римски популации на Југ, Фински Народи во Североистокот, И келто-Германските народи на запад, си биле доста хомогени поради изолацијата во Полезија.
     
  12. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки
    Точно така...И,замисли, после Варшава, во Солун имало најмногу Евреи, пред да почне „истребувањето“ на нацистите.
     
  13. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.150
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Машки
    Па во сите официјални книги и научни трудови тоа ти го пишува дури и во учебник од 8 одделение, дека Македонците се словенски народ кој се населил од Карпатите во 6 и 7 век.

    Сигурно не мислиш дека сме антички македонци? :?:
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки
    Фала за корекцијата. Мојата поента е дека Словените немаат хомогено потекло и не се хомогена група, како што некој погоре кажа.
     
  15. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    29
    Голем дел академици се имаат согласено дека Кирил и Методиј до најмала рака доаѓаат барем мајчино од Словенски етникум, додека е целовкупно прифатено дека биле одбрани, во најмала мера, поради нивното интрикатно познавање на Словенската култура и јазици од Византија.
     
  16. Crnecot

    Crnecot Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2026
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    29
    Сакав да кажам дека Словените имале хомогено потекло, но дека модерните наследници на раните Словени, или денешните Словени не се хомогени поради горенаведената асимилација/абзорбпција на народи преку нивната експанзија.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки
    Ова со мајката е проблематично, колку што јас се сеќавам. Кои академици? Кои книги?
     
  18. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки
    Се прифаќа и оваа корекција. Ти си во право. Протословените биле релативно хомогени, поради изолацијата, денешните поради експанзија, и асимилација се хетерогени.
     
  19. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    10.225
    Пол:
    Женски
    Македонија не била празна територија кога се доселиле словените. Ниту пак истите го истребиле претходното население.
    Во најмала рака сме мешавина, но не сме само словени.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Машки
    И ова држи вода, и мислам дека е најпотценето прашање, затоа што е супер комплексно... Антички Македонци, Траки, Илири, Романизирано насление, Грци, итн, итн, па дошле Словените. :)
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.