Ват? Првпат читам за вакво нешто...ау до кај ошол светов, во спортот... Од преселбава најкриво ми е што тајмингот ми се поклопи со Прв до Врв, абе ќе си пукнам од мака. Цела зима по смрзнатото на 4 и минус тренириав, по жештиниве пролетва кога стопли и цврц. Знаев дека можно е пролет да бегам, ама мислев ќе се одолговлечи со административни глупости како секаш, ко то нееее. Умешал прсти оној Марфи и решил да ми го сј*бе цел план, цел труд потонат во литри пот, болки, плускавци, посекотини оти толку сум смасна, несмасна де, а башка в зима кожата сама пука, а јас па носам у ранец ракавици, а не на раце и така... Да скратам со среќа на сите, да бев ќе ве растурев Се шалам, планирав да си го растурам личниот рекорд на пократко постигнато време. И така, сека тука ќе си трчкарам на лента по огромнине маркети... Боже колку ми фали Водно... Ај доста цмиздрење за денес.
Тие де, со фабричка грешка во мозокот, што немаат перцепција и EQ за средината во која се наоѓаат и живеат (како резултат на х настан). Генерално, немаат перцепција за лесно/тешко или ја имале ама некаде пропратно ја изгубиле за да постанат баш такви; не се нешто „понапредни“ од останатите, него уназадени. Малкуцка доза на социопатско однесување, се служат со многу неетички принципи и истите насекаде ги употребуваат. Не се нешто интелигентни, онака колку за да пројдат кај просечен човек.