Ват? Првпат читам за вакво нешто...ау до кај ошол светов, во спортот... Од преселбава најкриво ми е што тајмингот ми се поклопи со Прв до Врв, абе ќе си пукнам од мака. Цела зима по смрзнатото на 4 и минус тренириав, по жештиниве пролетва кога стопли и цврц. Знаев дека можно е пролет да бегам, ама мислев ќе се одолговлечи со административни глупости како секаш, ко то нееее. Умешал прсти оној Марфи и решил да ми го сј*бе цел план, цел труд потонат во литри пот, болки, плускавци, посекотини оти толку сум смасна, несмасна де, а башка в зима кожата сама пука, а јас па носам у ранец ракавици, а не на раце и така... Да скратам со среќа на сите, да бев ќе ве растурев Се шалам, планирав да си го растурам личниот рекорд на пократко постигнато време. И така, сека тука ќе си трчкарам на лента по огромнине маркети... Боже колку ми фали Водно... Ај доста цмиздрење за денес.
Тие де, со фабричка грешка во мозокот, што немаат перцепција и EQ за средината во која се наоѓаат и живеат (како резултат на х настан). Генерално, немаат перцепција за лесно/тешко или ја имале ама некаде пропратно ја изгубиле за да постанат баш такви; не се нешто „понапредни“ од останатите, него уназадени. Малкуцка доза на социопатско однесување, се служат со многу неетички принципи и истите насекаде ги употребуваат. Не се нешто интелигентни, онака колку за да пројдат кај просечен човек.
Фала за прецизирањето. Мојата главна поента беше/била (сега читам повторно) и останува дека несоодветно и непотребно користиме „американски“ модел за транспорт, поради некаков „престиж“ или удобност, кога можеме да користиме и да реализираме многу подобри и посоодветни за нашата македонска инфраструктура, европски решенија.
Потполно се согласувам со тебе во врска со тоа. Само се надоврзав на мислењето за конкретниот дел од него.
Зимам да се чупам сама и место да ги направам веѓиве "сестри, а не близначки", испаднаа еднава 80 годишен дедо од Тајланд, другава 20 годишна црна жена од Судан
Let people lose you, let them misunderstand you, let them create their own stories, don't rush to fix them let time answer what you never needed to explain, every truth reveal itself when the right time come.
Правиме муабет за пензионирање и како ќе се живее на стари години... Прашање е дали за нас ќе има пензии? Ќе нема простор каде да се живее пошто и онака се становите 50м², и се повеќе ќе треба да се ослонува на стари домови. И така доаѓаме на идеја дека е најдобро таму на 70-тина години, колку што ќе ја дигнат пензиската граница до тогаш, е да се оди во затвор. 3 оброци дневно. "Собче со цимер", кревет, книги, и други потребни работи ги имаш на располагање. И се тоа бесплатно. Што може да биде подобро? И на тоа ми додава: "И можност да бираш кои луѓе сакаш да те посетат, и кога". Норвешка, чекај не.
Ние помладиве тешко да стасаме до пензија пример јас додека да стигнам до пензија, границата ќе биде 100 години..
Ние додека стигнеме до пензија, цените ќе бидат тродупло покачени од сега, така да, не тешете се со пензијата, ни за една банана нема да ни стигне.
Не ми ја кради идејата сега. Стварно во Македонија по пензионирање те рачунаат на чекор до фб некро алманахот, а во Јапонија се препородуваат. Знам дека згрешив дестинација, ама шала на страна некои год. наназад фасцинирана сум од јапонската култура.
Колку самодоверба дава коа ќе се пицнеш, нашминкаш [нежно природно], средиш и сликнеш Не можам да прекинам да ги глеам сликиве Ама и он до мене, двајцата си ја разубавуваме сликата Кој би рекол дека ја ќе сакам волку да се сликам До пред некоја година ја се плашев да се видам на слика бре Сликам и брзоооо бришам од шо се мразев А сеа Препозитивна промена
What a nightttt До пред некој месец мислев дека сум жива незакопана,ама црц мрц прц,почнав да се размрдуваммм! Ги сакам тие очи,радосни,убави,мили,за љу бе ни !! Или збунети,ќе видиме Бтв Зошто бе уште пишувате (полнолецтво) и (матуранка) аман бе човециии...
Ја да ја видам првата пензија само, и одма можам да одам, али само ако се оди у пензија до кај 65 години... Ако е поише, се слагам со тебе.
После еден муабет со колеги во петокот за музика, добив јак шамар од реалноста што ме држеше цел викенд, а богами еве и понеделнички сè уште размислувам за тоа што го укапирав за себе. Сфатив дека веќе не слушам музика. Не како порано. Порано ги знаев албумите, годините, кој на што работел, зошто, како, многу детали. Сега повеќето го иам заборавено што не можам ни муабет да напраам. Сум заборавила сè. Заборавив да слушам музика. Идиот. А музиката ми беше сè. Време е да и' се вратам. Ама сериозно. Не само што ќе си ја исполнам душата, ќе се вратам назад на самата себе. И ми текна плус, добар начин редовно да го размрдувам мозокот и да работам на способноста за паметење. Во борба против деменцијата, ќе учам музика! Ќе учам музичари, албуми, години, песни, колаборации, жанрови, сè! Се осеќам ко да си дадов нова шанса за живеење.
Нема полошо да добиеш понуда која толкууу си ја посакувал долго време,и на крај мора да ја одбиеш од некои други причини ахх...
Татко ми после цел ден на онкологија ја изгубил картичката за паркинг од градски паркинг во Центар, им кажал и не му наплатиле казна.