Конечно некој се сожали и ми кажа шо беше муабетот со Тоше и гласната музика. Мое мислење е дека ко ќе здрав разум пропадни (некој да сфати дека гласна и репетитивна музика влијае на квалитет на живот), тогаш секогаш можи да се оди контра. Јас би одела контра со метал (кафуле де, за да не сум рандом особа шо не е салам). Имам вака издресирано несалам комшии шо сметаа дека се вежба музика на појачало со отворена џам и во објект без звучна изолација. И еве скоро 10 години покасно и звучна изолација има и џам не му текнува да отвори. Мислењето ми е, ако некој прај нешто и то е "легално", ама смета на сите - врати му под иста мера и ќе видиш how the cowards fold. Оти е легално, значи и ти можиш да го напрајш и исто како шо ти не можеше да преземиш легални мерки - не можи и тој. Ај шо гласна и репетитивна музика влијае на квалитет на живот и на возрасен, зошто никој не збора за бебиња кои спијат дење? За деца кои учат дење? За нивната благосостојба оти никој не збора и како нив ги афектира ова? Ама родителите имаат стан Аеродром па сега сите страдат оти една рака луѓе немат основна култура? Мрш.