Конечно некој се сожали и ми кажа шо беше муабетот со Тоше и гласната музика. Мое мислење е дека ко ќе здрав разум пропадни (некој да сфати дека гласна и репетитивна музика влијае на квалитет на живот), тогаш секогаш можи да се оди контра. Јас би одела контра со метал (кафуле де, за да не сум рандом особа шо не е салам). Имам вака издресирано несалам комшии шо сметаа дека се вежба музика на појачало со отворена џам и во објект без звучна изолација. И еве скоро 10 години покасно и звучна изолација има и џам не му текнува да отвори. Мислењето ми е, ако некој прај нешто и то е "легално", ама смета на сите - врати му под иста мера и ќе видиш how the cowards fold. Оти е легално, значи и ти можиш да го напрајш и исто како шо ти не можеше да преземиш легални мерки - не можи и тој. Ај шо гласна и репетитивна музика влијае на квалитет на живот и на возрасен, зошто никој не збора за бебиња кои спијат дење? За деца кои учат дење? За нивната благосостојба оти никој не збора и како нив ги афектира ова? Ама родителите имаат стан Аеродром па сега сите страдат оти една рака луѓе немат основна култура? Мрш.
https://vt.tiktok.com/ZSxAUaWuT/ Чоеков заокружи перфектно тоа што го мислам и многу пати и на форумов се иам жалено. Кај се интересните луѓе? Ми се праи муабет за музика, филмови, книги, места во светот, уметност, стари цивилизации, вонземјани и теории, што ќе биде ко ќе умреме, и такви слични муабети. Никој нејќе. Никој нејќе да отидеме до некој водопад, на пример. Или да изгледаме филм во кино, па кога ќе седнеме на кафе отпосле, да праиме муабет за него. Никој нејќе да возиме точак на кеј, па да седнеме на клупа во парк со смути. Никој нејќе да изнајмиме тениско игралиште и да играме. Никој нејќе да земеме ќебиња, еден куп храна и да правиме пикник. Океј, никој друг освен маж ми. Ваљда дека ми е маж, па сме си главни другари еден на друг. ¯\_(ツ)_/¯ Сите се опседнати со што им се дешава на работа. Машината со алишта што заборавиле да ја пуштат. Дали утре да ручаат мусака или компир и ќебапи. Децата, бабите, дедовците. Пари. Колата. Скроз у право е човеков и за, као живееме 'брз живот' со сите овие уреди, технологија, услуги достапни во секој момент, и пак! Сме вечито најзафатени на свет! Какооооо? До кога? Отиде животот. Исто така, сфаќам дека муабетов ми е бајаги генерациски, нормално не важи за студент пример. Ама пак реторички ќе си се запрашам, каде се интересните луѓе...
Што е со овие од другите градови , зошто толкава омраза кон Скопје ? Најпрво битола па сега и кавадарци? Го хејтаат Скопје а во септември ќе чекаат ред за у студенски дом , иронично
Дали мора да се става буковец во секоја манџа? Башка, ако се стави прерано, ќе загори и ќе горчи. Hint: муабетот не е за буковец.
Медс, и од Скопје напаѓаат, не се светињи. Одат Скопје затоа што мораат. Изгледа не сте виделе како се живее во мал град и кои се можностите. Вардарци - Скопје почнаа да пљукаат по Битола и Каролина Гочева.
Не недостасуваат причини за омраза за ништо и никого. Набиена фрустрација, ниска емоционална контрола. Лесно е да хејташ.
Обострано е бе Викс, не видов да сте потресени кога се исмеваа за дијалектите, хехенца за Берово, Пехчево и слично. Зошто тогаш нема ваква реакција?
Обострано е бе точаче. Апсолутно. Многу често сум ги бранел дијалекти и на форумов. Нема стандарден јазик без дијалекти и обратно. Ги сакам, ги почитувам, симпатични ми се луѓе надвор од Скопје, но, гледам да не реагирам на сѐ е сешто, и на секоја инстанца, каде би ми бил крајот...
Не ни требаат непријатели, сами себе сме си меѓусебе. Не дошле во внатрешноста ама кажуваат кој каде да оди мислиш дома си им отишол. Скопје е изградено од парите на народот, додека другите градови се скроз заборавени ама некој решил да прашува глупости.
Мислам дека темата е малку промашена и се пронашла во нешто што јас не го мислев. Зборував за омразата генерално. Инаку, не сум јас од елитистите, скопјаните, и така натаму. Воопшто не сум таков. До некаде се согласувам со тебе дека тој антагонизам не оди во позитивна насока и ништо добро од тоа не произлегува.
Долго и нашироко треба да зборувам Ама ќе бидам лонг стори шорт дека од секогаш имал меѓусебен хејт. Тука завршувам со темата.
Викајте си вие пак скопјани вс провинцијалци, но албанското малцинство уште малце целата држава ќе ви/ни ја земе.
А сè е македонско. И нешто слично како со домашното воспитување, мислам дека веќе никој не е учен од дома (тргнувајќи) да си ја сака македонската држава и македонскиот народ. Оттука омраза, лажни перцепции, огромно его, ниска свест, извитоперен идентитет, театарска глума, итн.
Секогаш имало, секогаш ќе има за жал, но треба да се работи на тоа и на форумов и општо да има помалку. И тоа е реалистично за постигнување. И мене ми пречи, и верувам и на многумина им пречи.