Дека е гнасен - е. И во бутици има дискриминација која ќе влезе пред сите. Плус и нема толку бутици/пекари/книжари колку што казината покриваат од работните места и каде тоа е основна егзистенција на 90% од народот. Е сега зашто е така како што е, тоа е политика на една држава да скрои „работни места“. Си има и за ова луѓе кои одлучуваат, така да не е секогаш народот крив, кој патем работи онаму каде што е приморан (ретко каде тој сака).
Ооопаа, железничката ја чистат, браво, браво За едно чистење на сите интернет страни ги има . Ама и народов е несовесен, од инат ќе идат пак ќе мочат таму.
Некој не се ни створил со емпатија, ниту низ животот ја стекнал. Да плукаме и критикуваме коа има потреба, но и тогаш одреден дел во нас треба да е емпатичен, па да се потрудиме да разбереме зашто нештата се такви какви што се. И љубов, па и почит би стаила у втор план, но емпатијата мислам дека е најбитна, за да еден чоек може да се нарече чоек
Ние македонците уште многу треба да учиме од албанците, можат слободно часови да ни држат за сплотеност Додека тие успееја да создадат три држави, ние во 2026 се уште се делиме кој е поголем скопјанец, кој од кое село дошол во метрополата, осуди за луѓе шо живеат во провинција, итн, едноставно не можeме да го дочуваме и ова парче земја.. Нема поголем душман од македонец на македонец
Нема шо да осеќам поврзаност и емоции за градот или селото од кај што потекнува на пример дедо ми, кој се иселил пред 100 години. Нема ништо што мене ме приврзува за тоа место, сум била само еднаш, имот неаме таму, роднини врска неам кој се шо се, како сe.. Оддалеченоста си го направила своето. И одма претпоставки ааа се срамиш од потеклото, не... Туку знам само за еден град, градот каде што сум родена и израсната