Дека е гнасен - е. И во бутици има дискриминација која ќе влезе пред сите. Плус и нема толку бутици/пекари/книжари колку што казината покриваат од работните места и каде тоа е основна егзистенција на 90% од народот. Е сега зашто е така како што е, тоа е политика на една држава да скрои „работни места“. Си има и за ова луѓе кои одлучуваат, така да не е секогаш народот крив, кој патем работи онаму каде што е приморан (ретко каде тој сака).
Ооопаа, железничката ја чистат, браво, браво За едно чистење на сите интернет страни ги има . Ама и народов е несовесен, од инат ќе идат пак ќе мочат таму.
Некој не се ни створил со емпатија, ниту низ животот ја стекнал. Да плукаме и критикуваме коа има потреба, но и тогаш одреден дел во нас треба да е емпатичен, па да се потрудиме да разбереме зашто нештата се такви какви што се. И љубов, па и почит би стаила у втор план, но емпатијата мислам дека е најбитна, за да еден чоек може да се нарече чоек
Ние македонците уште многу треба да учиме од албанците, можат слободно часови да ни држат за сплотеност Додека тие успееја да создадат три држави, ние во 2026 се уште се делиме кој е поголем скопјанец, кој од кое село дошол во метрополата, осуди за луѓе шо живеат во провинција, итн, едноставно не можeме да го дочуваме и ова парче земја.. Нема поголем душман од македонец на македонец
Нема шо да осеќам поврзаност и емоции за градот или селото од кај што потекнува на пример дедо ми, кој се иселил пред 100 години. Нема ништо што мене ме приврзува за тоа место, сум била само еднаш, имот неаме таму, роднини врска неам кој се шо се, како сe.. Оддалеченоста си го направила своето. И одма претпоставки ааа се срамиш од потеклото, не... Туку знам само за еден град, градот каде што сум родена и израсната
Ваму кај што се преселив, сега како се стопли, секоја вечер во близина слушам некој ќук. На англиски е scops owl, вид на мал евроазиски був. Ретко ќе имаш прилика да го видиш, можеби нема и никогаш. Звукот на ќукот секогаш ме потсеќал на мирна и убава вечер, на вечер во двор или на одмор, на масата ладен сок и грицки и тивок пријатен муабет. Или само тишина и уживање во вечерта. И полека ти се приспива, а ќукот си продолжува ама не сакаш да влезеш да спиеш. Така и тука, звуков ми дава некој посебен мир.
Дури и на скоро пеес години, уште не сум научила како да комуницирам со луѓе кои се give me a solution, so I can give you a problem. Сѐ е мрачно, ништо не чини, нив им е од тешко потешко, само те тонат и секоја реченица им почнува со Да, АМА... И на крај капираш дека ти ја исцицале енергијата, а еднаш не те прашале макар и ради култура Како си? И после зашто комуникацијата е сведена на нула. Епа затоа.
Неретко се случува да си правам стресови пред некое позначајно патување или настан… “Дали се е испланирано? Дали се ќе биде како по план? Дали се ќе биде во ред?… итн.” Одам да одморам, а не да се стресирам! Мозоков 100/сат ми работи…
Колку треба да си непрофесионален и нељубезен… Бев повикана на интервју за работа, кое потоа беше откажано поради смртен случај од страна на менаџерот со кој требаше да имам интервју,ама тоа се случи откако веќе земав слободен ден од моменталната работа за да присуствувам. Разбирливо, разговорот беше пролонгиран за два дена. Кога прашав дали може да се одржи после 15 часот, бидејќи не можам лесно да земам слободни денови, ми беше кажано дека ќе ми пишат и ќе се договориме за интервју преку Teams. Поминаа три дена и од тогаш – нема никаков одговор,притом му пишав уште еднаш на вибер и дадов образложение зошто уствари не можев да земам слободен ден. Не сакав да ги оставам колегите сами,имав полни обврски како шеф на смена. Се спремаме за инспекција и мора да сум присутна. Човекот не ми врати ни "А ни Б" Барем ако имаше веќе примено некој друг можеше слободно да ми каже. Искрено разочарувачко однесување.....
Демократија и рамноправност пред се...така тука важи (да не додевам, ама да прецизирам каде што се преселив трајно да пуштам корени). Тивко, мирно, културно, се кажано љубезно уз смајли фејс или не мора до толку, само со пријатен тон и израз. Навреди, осуда, обвинување, било какво деструктивно однесување па не дај Боже пропратено со повишување тон и понашање некому, вел можеш да пољубиш врата уз придружба на обезбедување, а и нешто друго. И наеднаш сите рамномерно се фини и луѓето и нелуѓето и така убаво е да се посведочи ова. Не дека е совршено, но постојат правила и кодекси на однесување во цивилизација, општество, заедница и кој не е способен да се носи со нив може слободно да фати џаде во дивината со мечките, волците, бувовите, орлите...итн.итн.итн. Сакам да кажам секој не е креиран за живот во заедница, меѓу другите човечки битија, ниту ги разбира, ниту сочувствува со нив и нема ништо страшно со тоа доколку си се држи понастрана со тој (надвор од човечки и човечни норми и мерки) мајндсет.
Нов ден, нови вести и истите коментари за шо барала 18 годишна со 40 годишен место да се прашат шо бара 40 годишен со дете. Ако слави матура сега - премала е за тебе. Бобан пример тука не разбира животно искуство и нееднаквост на моќ во ваков однос. Тони тука вика не било се како шо делувало. Јас би аргументирала дека е. Ама Тони не можи да разбери предаторски однос па зато. А, зошто не можи да разбери? Зошто драги членови, мажи предатори не можат да видат проблем во друг предатор, мора да гледат проблем во жртвата. Един проблем шо мажите во коментари на ваква вест гледат е дека не се тие тој 40 годишњак, пошто тие нема да си ја тепаат својата child bride и по дифолт се подобри од другите предатори мажи. Не сите мажи, ама толкав голем процент од нив шо мора да гледаме зад грб кој се движи, крв да ни мрзни за другарки шо бегат сами, ќерки, роднини. Можам уште коментари да извам ама ај. Доволно се два за поентата. Се надевам само дека вакви мажи немат ќерки или дека нема да имат ќерки. Знам секогаш велат камо да видат, да осетат. Зошто никој не мисли за тие ќерки кои ќе мора да растат со некој ваков?
Дојдов за слична ситуација да прокоментирам. Девојка што се занимава со недвижнини, одлучува да ги објави погрдните коментари и пораки шо и ги пишуваат на ФБ. Секако, коментарите на тие постови уште полоши! Ќе си речиш, ај овие стари дркули неизживеани, ама НЕ! Млади дечки, по 20-30 години имаат ужасно размислување, па и наводно отселени во странатво! По се изгледа она сељачкото тешко ја напушта личноста…
Често луѓето не се организирани интерно кога се случуваат вакви работи и најчесто кандидатот е без одговор. И тука испливуваат тие организациски (во наводници) вештини.
@theowndemon Ваквите луѓе, и мажи и жени, секогаш гледаат да ја омаловажат жртвата пред сторителот! За нив се има оправдување, и како си се облекла, и зошто не си ќутела, и зошто си го испровоцирала ти прва, и зошто си го гледала на криво, и милион пати зошто!?!?!?!?!? Само за "мажот" да се оправда. Мене кога ми се случи ми викаа дека треба да поќутам, за мир во куќа!!!! Ниту едно насилство не треба да се премолчи, ниту едно! Ниту една жена не заслужува насилство, па да е и најкрива на свет!
Па, има набљудување дека машката џен зи популација е поконзервативна, порелигиозна и со поќе предрасуди и со поќе вакви мислења од генерациите претходно и воедно и од женската џен зи популација. Така да не сум изненадена дека има млади со вакви размислувања, на голема жалост. Ова не само кај нас, на глобално ниво.
Не би генерализирала толку со генерации или религија и нз што колку со проекција и на што е спремна самата личност да направи, тоа што имаат 20-30 години и не е толку симптоматично колку поистоветувањето со насилникот а напаѓање на жртвата, токму тоа ги открива кои се и како размислуваат. Предаторот секогаш макар и на потсвесно ниво застанува на страна на предаторот така да сите тие што сочуствуваат со него истото би го направиле и би очекувале девојката да биде обвинета. Мене ми е мило што се повеќе женски ајде да кажам најмногу од генерација gen z па наваму не дозволуваат мажи да ги контролираат уште помалку да трпат било какво насилство.
Нешто најсурово што можеш некому да му го кажеш е - Те сакам како свое дете. На внук од брат/сестра или братучеди или близок другар на твоето дете или на било кој од фамилија, блиски што по возраст може да ти биде дете. Сурово е зашто сам знаеш и си побогу свесен дека не, нема друго дете и твоето да ги ставиш на исто место, дека за тоа другото дете нема утре да притрчаш у 3 ноќеска ако треба, дека ако недајбоже замине од светов, дека нема да го жалиш ко стварно да си изгубил/а дете. Го сакаш да, ама НЕ како свое дете. Зошто правиш некој навистина покрај тебе да се осеќа толку сакано, ако не е така? Зборови со огромно значење, а се кажуваат така ради реда, без врска. Ако лошите зборови не се кажуваат со избрзување, во лутина, така и убавите не треба.
Буквално на секој еден човек што имам кажано дека сум посвоен, првото прашање му било "А зошто твоите те оставиле?" и тоа звучи и изгледа баш вака "значи лошо дете си бил кој знае што си направил затоа што те оставиле" и кога ќе кажам "Не ме оставиле починати се ", подобро им доаѓа тоа и коментар од типот "А епа добро јас мислев те оставиле". И затоа избегнувам да кажувам дека сум посвоен, затоа што после мислам дека им се менува визијата за мене и ме гледаат поинаку. Само еден човек ова прашање ми го нема поставено, девојка ми, а си очекував јас и таа истово да ме праша. Не знам што менува тоа толку, како демек оставените деца се сами виновни што некој ги оставил, друже јас до скоро не знаев како точно починале пошто толку и ми се кажувало, како воопшто ако е оставено ќе знае зошто е. Некогаш ми доаѓа да кажам "На 3 г бев психопат и ги фрлилв двајцата од тераса ", не ме чуди и да поверуваат луѓето во ова.
Јас би им кажала на сите различни верзии, па нека се караат кога ќе оговараат, овај , тебе кога ќе те оговараат
А што очекуваш од луѓе со прост менталитет? Само да се дознае нешто и после невкусно да се коментира. Јас добивав секакви коментари кога почина мајка ми