Леле да, едно време терав зелена агенда. Цел фемина тим го носам со државни пари до Софија, на прошетка, феминска Мери Попова.
Ах бре 1800 пушки да те држат на нишан... Што ужасија од земја ќе беше, претепај до смрт, прави се болен и наместо апсаана оп 1800 евричи... Налет парите, најголемите монструми започнуваат со убиства на поситни кон покрупни и оп на крај луѓе...а видеото, видеото бре...кај го отворив, кај се запустив тогаш. Како вчера да беше уште го памтам... 1800 евра. 1800 пушки на нишан да те држат цел живот наказа една бедна, невредна ни една да те погоди.
Многуу е лошо кога денот уште сабајле некој ќе ти го расипе. Дали само мене сè ме наоѓаат некои вакви крвопијци? Стока неизживеана Дома им е далеку од сјајно и бидејќи нема на кој, мора да најдат некоја рандом личност што прва ќе им излезе пред очи, па на нејзе да и се истурат. Затоа и ви е такво какво што ви е!
Разбирам дека има секакви карактери и не може секој на секого да се допадне, ама да се откажеш од сопствен син оти неговата жена физички не ти се допаѓа (дебела била) не знам што човек треба да си, каква жена, каква мајка. Секој ден ново разочарување од страна на човечкиот род, страв ми е дете да родам во ова општество и свет, дива лига е сè.
Моторџии што возат по тротоари, да дае господ у најголеми маки да цркнете. Оти ПАК ќе ме собереше еден на тротоар.
Гевгелија отвара нов мега шоп центар. Отвори и мол,отвори и џамбо. Браво. Грците позадоволни никогаш не биле
Па за грците се тие, за кој се мислиш За гевгеличани? Гевгеличани имаат пари само еднаш во месецот да влезат во тие молови и тоа да купат нешто ситно, пошо работат за 25 000, а по казината ги рмбат три смени за 30 000
Ама и кај Грците што е сјајна ситуацијата во моментов... Таквите што во Гевгелија работат за 500 еур во Солун стандард им е 700-800еур што се ништо пари за цените кај нив.
Како не ви пречи да живеете покрај толку ѓубре и прљави улици, навистина секоја ви чест. Најголема депонија во цела Европа сме. Им се смеам на Индијците, ама ич не сме нешто подалеку од нив. Од народ и парче земја каде што почнало описменувањето на словенските народи, до најнеписмени. Затоа и работници од Бангладеш носат, кој нормален ќе се навикне на таа прљавштина да ти живее. Полни ми биле џебовите со ѓубре кога сум била излезена, само за да фрлам дома. Сме иделе и на први мај, собираме, си носиме до дома. Ќе земе или ѓубрето ќе го остави или во ќесе ќе го набута и закачи на дрво. Не знам како не сте загрижени и како само се помирувате со тоа што секојдневно го гледате. Во странство кога се оди, сите знаат каде се фрла ѓубре, како бре ти текнува во трева, на улица да фрлаш. Ај ѓубрето, две улици и два тротоара читави нема да собереш од цела држава. Распукано, оштетено, откорнато. Милион и 800.000 не знаат да командаат, овие со милионски градови и држави како ги воведуваат во ред, не знам. Хорор, ужас, трагедија. Сме се селеле за пари. Не сум ни богаташка кај што живеам, ама око и душа не ме болат кога одам во природа.
Не знам шо е попатетично, возрасни луѓе што не можат да си ги контролираат емоциите и имаат тантрум, или возрасни луѓе што им аплаудираат и ги бодрат возрасните луѓе што не можат да си ги контролираат емоциите и имаат тантрум.
Прелоши родители сте ако на децата им ги пишувате домашните и учите со и/или за нив, а они толкави магариња. Да му помагаш на детенце од помалите одделенија за да совлада, да му разјасниш и објасниш, но и да го оставиш самостојно што повеќе, а со големиве да учиш за нив дур они висат на Тикток и Јутјуб Или да се стресира родителот пошо тестови имал, требал да учи, ало бе.. Чива обврска е тоа? Зашо да се замарате, ако не учи, нека понавља ако сака, барем ќе му биде за памет. Или неќете да се брукате пред комшии, роднини, пријатели, колеги? Уз пат некоја врска да се фати и подмити наставник Лигавете се пак како системот бил сјебан и не ја бивало државата.
Што има лошо ако учиш заедно со детето? И на факултет да е, ако сака би седнала заедно да читаме. Некои подобро учат сами во тишина, некои на глас зборуваат, некои во друштво си помагаат. Исто, што имаат врска роднини, пријатели, уште да би се срамела. Секој се грижи за оцените на детето, впрочем иднината си ја формира. Мислам, не ти го разбирам револтот. Нека учи, како?! Како сака.
Шо има лошо? Лоша услуга му правиш ете тоа. На факулет исто да не мислиш да полагате заедно? Срамно е бе.
Не краде, не убива, не тепа. Што има срамно? Што има врска дали јас ќе објаснам нешто или ќе платам професор да објасни. Јас со приватен професор учев за одреден предмет и навистина имав добри резултати. Не ми се учеше, не ме привлекуваше тој предмет и имаше трпение да ми објаснува. Срамота било. Како па да не.
И ти со овај третман утре очекуваш твоето дете да се осамостои, да носи самостојни одлуки за животот свој или сепак ти ќе му помагаш во донесувањето свои лични одлуки? Да, навидум од далеку не е нишо лошо да му ја решиш задачата во овај момент еднш ај, ама ако е зачестено тоа му создава лоши навики за во иднина дека треба да чека секогаш нешто од некој друг како некој готован оти така го научиле наместо сам да превземи во свои раце, ти текнува? Денеска задача, утре мамо намести ми аларм да не се успијам
Бидејќи сум имала професор по еден предмет, гледам не се осамостоив. Не знам како си ги поврза двете Ако не сфаќа, не знам што е лошо да му објасниш. Иако во денешницава нема ни потреба, со AI може многу лесно да открие. Демек на вас се ви било јасно и не ви требало помош. Дали ќе побара помош од колега, од мајка, од татко, од приватен професор како тоа ќе го направи несамостоен човек? Сигурно нема цел факултет да го учам, иако, зошто да не, ако ме интересира, секое познавање и знаење е драгоцено, а и не знам кои се тие родители што учат цело време со децата. Демек образованиево ни е толку добро што дома кога ќе дојдеш се ти е јасно. Затоа се научници произведуваме, се гледа од приложеното. Камо да бара помош и да научи како треба, отколку да не бара и да не го научи.
Секако ако помош е неопходна да се разјасни, ќе му разјасниш ти како родител или ете приватен професор па и АИ да е за да сфати ете полесно преку друга метода, никој не го спори ова. Него, муабетот е друг. Муабетот е ти да му пишуваш и решаваш задачи, домашни, да пишуваш текстови, букви, а тоа да си игра и глеа на телефон таму pubg, јутубери и тик ток и како ова нема улога и поврзаност во иднина за да носи сам одлуки? Има разлика меѓу објаснување и разјаснување лекција или задача и ти да му пишуваш домашни секој ден а тоа да си кулира зошто така е научено, сфаќаш?
Коментирав на првичниот пост. Меѓу другото беше зборено и за тоа што јас го објаснувам. Домашни задачи не би пишувала, не се ни за мене наменети.