Лажно се претставувале како 14-годишно девојче и намамувале педофили, МВР ги гони објави Скопје1.мк Kога оштетените ќе пристигнеле на договореното место, биле пресретнувани од членовите на групата, кои ги снимале без нивна согласност, ги навредувале, омаловажувале и психички ги малтретирале. Според МВР, тие биле принудувани да даваат изјави дека се „педофили“, по што снимките и нивните лични податоци биле јавно објавувани на социјалните мрежи. Со ваквите постапки кај оштетените биле предизвикани страв, понижување и чувство на загрозена сигурност. објави Скопје1.мк Ех мори жална Македонијо. Овие ги уапсиле, а говедата што имале намера да се сретнат со дете, ооогреотичка им била загрозена сигурноста. Како викаше Панче или Мицика или кој беше, вашите мајки и сестри безбедно ќе шетаат. Пред очи им ловеле педофили, ама не бе, оштетени биле тие. Утре ќе читаме црни хроники пак и пак изненаЃени од каде.
И јас не знаев да готвам додека не почнав сам да живеам, ама не готвев многу затоа што не ми се готвеше само за себе, а сега ми е мерак да готвам за двајца. Не гледам на тоа дека готвењето е женска работа и дека секоја жена мора перфектно да готви, секој без разлика дали е маж или жена добро е за себе да знае нешто основно да зготви, а дека мора да се знае, не.. Кај нас генерално жените по добро готват и се снаоѓаат во кујна (зборувам непрофесионално, во домашни услови), ама не од причина што се жени па им е во природата, туку во глобала така сме растени, женските деца мора да се во кујна да научат, а машкото не смее и да сака за да не се прави "женско петле".
Браво за моите млади сограѓани. Од ко не потресе локален педофил сериозно си земале работата. Сфаќам зошто добија кривична, ама јас истата би ја носела како badge of honor искрено. Нели имавме нешто за сајбер криминал? Пошто сакам да вервам договор за излез со дете спаѓа тука па да се земи во предвид дека дотичните се педофили (тие кои ги ловеле). --- За храна. Јас разбирам дека не секој сака да готви. Не сите уживаме во истите работи и то е океј. Знаење да готвиш и да сакаш да готвиш се различни работи. Првото сметам дека е неопходна вештина за да си вистина самостоен. Второто ако неќиш да готвиш и имаш можност да ти готви друг - оти да не?
Него зашто полицијата не го прави ова? Ете колку е лесно да ги најдеш. Буквално вака се ловат и дилери на дрога, полицајци се прават дека се купци, па се среќаваат со дилерите и оп апсење. Или let me guess шубе им е дека ќе фатат некој нивен по грешка. Вака прво нека се деси бељата, да го дознаеме кој е, да видиме од која раја е, после ќе му ја мислиме.