Сфатив дека и јас троа ко генерацијава зед сум во однос на работата, ако ми повишат тон одма мислам на отказ..мада не можам да си го дозволам оти веќе сум 30+ и сфаќам пополека дека животот не функционира така за жал.
Најбитно е да не остануваш никаде кај што не ти е убаво. Реалност е кај нас дека тешко се наоѓа работа, ама ако сите вработени го практикуваат истово кога сум не задоволен, ми се вика на работа, напуштам, работодавците ќе останат без вработени и ќе мора да го сменат начинот на кој се однесуваат кон вработените.. Ако молчиш прифаќаш таков однос, за било што да смениш што не ти одговара не треба да молчиш..
Вчера и' се скрши срцето на ќерка ми по втор пат. Ја викнаа поголеми деца да игра жмурка, трчаше по 6 годишњаците како кутре, пресреќна, вика по нив да ја почекаат 2 метра поназад, битно трчка, окезена. Се пикнаа во нечиј двор, се сокрија, ама мојава зборуваше нешто. Детето што ги бркаше, ги најде, дали зошто мојата беше гласна, дали зошто јас стоев во близина, не знам. Излегоа и се жалеа дека ќерка ми ги издала. И после 2 деца и' рекоа "ај не играј со нас, ти не може да играш" и си заминаа. И мојава огромни очи, устата се тресе, кога рикна да плаче 'не ме сакаааат". Оф леле. А минатата недела најдобрата другарка и' се налути за нешто, и' викаше "не те сакам, не сум ти другарка веќе", додека мојава со крокодилски солзи одеше по неа и ја молеше 'извиниии'. Фак, заебано е. Ниту едните разбираат дека повредуваат, ниту другите разбираат дека не е толку сериозно. Ако вака продолжува да го доживува светот, не знам како ќе навигирам со воспитувањето, да не стане ниту ладна личност, ниту кревка. За комплекси да не почнувам да зборувам...
Кога имаш 2 кредити во банка, и фамилија која чека од тебе да преживее, и не е така едноставно да смениш работа. Не секој може да си го дозволи тој луксуз, и како времето ќе мине, и ситуацијата ќе станува полоша, се помалку ќе можат тоа да го прават.
Копнеам за денот кога во местата за здрава храна ќе заврши опсесијата со ставање рукола во грото од салатите
Зошто ли живееме во време кога ако напишеш повеќе од две реченици со правилна граматичка структура и побогат вокабулар добиваш обвинување дека користиш chatgpt literacy is dead