Сфатив дека и јас троа ко генерацијава зед сум во однос на работата, ако ми повишат тон одма мислам на отказ..мада не можам да си го дозволам оти веќе сум 30+ и сфаќам пополека дека животот не функционира така за жал.
Најбитно е да не остануваш никаде кај што не ти е убаво. Реалност е кај нас дека тешко се наоѓа работа, ама ако сите вработени го практикуваат истово кога сум не задоволен, ми се вика на работа, напуштам, работодавците ќе останат без вработени и ќе мора да го сменат начинот на кој се однесуваат кон вработените.. Ако молчиш прифаќаш таков однос, за било што да смениш што не ти одговара не треба да молчиш..
Вчера и' се скрши срцето на ќерка ми по втор пат. Ја викнаа поголеми деца да игра жмурка, трчаше по 6 годишњаците како кутре, пресреќна, вика по нив да ја почекаат 2 метра поназад, битно трчка, окезена. Се пикнаа во нечиј двор, се сокрија, ама мојава зборуваше нешто. Детето што ги бркаше, ги најде, дали зошто мојата беше гласна, дали зошто јас стоев во близина, не знам. Излегоа и се жалеа дека ќерка ми ги издала. И после 2 деца и' рекоа "ај не играј со нас, ти не може да играш" и си заминаа. И мојава огромни очи, устата се тресе, кога рикна да плаче 'не ме сакаааат". Оф леле. А минатата недела најдобрата другарка и' се налути за нешто, и' викаше "не те сакам, не сум ти другарка веќе", додека мојава со крокодилски солзи одеше по неа и ја молеше 'извиниии'. Фак, заебано е. Ниту едните разбираат дека повредуваат, ниту другите разбираат дека не е толку сериозно. Ако вака продолжува да го доживува светот, не знам како ќе навигирам со воспитувањето, да не стане ниту ладна личност, ниту кревка. За комплекси да не почнувам да зборувам...
Кога имаш 2 кредити во банка, и фамилија која чека од тебе да преживее, и не е така едноставно да смениш работа. Не секој може да си го дозволи тој луксуз, и како времето ќе мине, и ситуацијата ќе станува полоша, се помалку ќе можат тоа да го прават.
Копнеам за денот кога во местата за здрава храна ќе заврши опсесијата со ставање рукола во грото од салатите
Зошто ли живееме во време кога ако напишеш повеќе од две реченици со правилна граматичка структура и побогат вокабулар добиваш обвинување дека користиш chatgpt literacy is dead
Сдк сите се лутат кога нема да им вратиш веднаш на порака или да се јавиш, само мојата девојка се лути кога ќе вратиш и ќе и се јавиш веднаш..
Не, не се налути баш за тоа ама така испадна.. До некаде со право се налути, ама не сум дете да не знам дали сум способен во одреден момент да користам тел и правам нешто друго..
Многу добро сфаќам дека становите се стварно скапи, дека е многу тешко да најдеш стан со асална цена по квадрат. Али па ич не сфаќам да ги дадеш 2500 евра/кв на стан во градба, без имотен лист, па и што е веќе изграден, кај што си ги мирисате прдешките со комшијата, кај што биле рушени дрва и зеленила за да се дигне зградата, или во зграда непосредно под Водно. И во зграда градена последниве неколку години кога неконтролирано владее урбаната мафија. И после оп свлечиште, оп нема имотен лист, оп нема кај да паркирам колата, оп на лето е многу жешко, нема дрво сенка да прави, оп нема децава каде да ги изнесам да се истрчаат. Сами сте си криви. И заслужени ви се сите срања што ви ги донесе урбаната мафија
И за тоа ама првично беше за на работа кога сум на терен.. И се јавив од работа и се сопнав, колегите малку повеќе издрамија и мислеше таа дека е нешто сериозно, а пред тоа рилс и пратив ама жмс стоев не се шетав и да гледам рилсови и после не знаев дека е лута и пратив снап да види колку е висок со опис "ќе испитав дали е доволно цврст шлемот за од оваа висина". И кога отидов дома ми беше лута, зошто од таму сум се јавувал, зошто сум и праќал рилсови... И порано ми има кажано и за во кола и за на работа ама не ми се налутила вака.. Знам дека е во право ама знам кога можам да вратам или да се јавам, не ризикувам, а буквално и да не и се јавев ќе се сопнев лошо беше даската наместена..
Ау у право е 200% извини.. За ваше арно ви се збори пред се', пошо на чоек коа му значиш се грижи. Дали на терен ко шо викаш, дали у кола, да се пишуваaт, праќаат и читаат пораки, да се збори на телефон и слично, си носи низа опасности. Сите спиеме на тоа уво, абе не е страшно, се познавам ја, ама не е така, за лошото треба малку. Затоа шо е до нас, треба да спречиме Претпазливост, само тоа. Ти се познаваш, ама будалата шо може да те пресретне не ја познаваш. Запамти едно само, има некој кој те чека и мисли, затоа реакцииве се.
Изгледа толку од мигрантиве лека полека че се бркаат од земјите. Ова ти се вика создавање проблем од нигде никаде низ годиниве, или пак некоја голема игра на некои рептили меѓу нас.
Мислам дека Шаки е досадна да пее на Светско. Можеше да одберат друг некој. Пример Bad Bunny. Знам дека сеа шо беше нешто пееше на SuperBowl ако не се лажам Не сум во тек кој е популарен
Се изначитавме вчера честито 10 ти Јуни. Учениците на распуст ние среќни наставници дека завршила училишната година со многу успех и успешни генерации. Со чест на исклучоци кој успешно ја градат својата кариера и капа долу ( за жал во мал број). Да се запрашаме од каде и како доаѓа секоја 5. Се изнаслушавме на приказни од кој можам книга да напишам, се навидов на детски солзи кој за првпат се соочија со неправдата се соочивме страв, немир и неспиени ноќи. Но позади сето тоа е успех заслужен успех и ниту една оценка не е помалку вредна од ,,поклонетите,,. На оние наставници кој ќе поклонат макар една оцена навратете се на трудот на секое едно дете. И на крај нека ви е среќен крајот на учебната година
Вчера небото: Како и секој друг ден периодов. Благодарна сум на очиве. Благодарна сум слободава. Благодарна сум на можностиве.