Еве денес у Кисела Вода испаничени биле оти пожар пред зграда од електричната инсталација имало. Зградата е тазе градена и инсталацијата тазе поставена, фала богу. Сега се без струја, фала богу. За месец дена загинат работник и повредени, свлечиште на друго градилиште, сега и ова. Али што да речам више, битно не се срамите пред луѓе кога ви дојдат дома.
Технологијата лудо напредува оваа година. Главна причина е АИ, секако. Кога ќе се присетам каде беше пред само 3-4 месеци, а каде е денес, има страшно голем напредок, и веќе АИ е неизоставен дел во работата. А каде ќе биде до крај на годинава? Ќе биде веќе секаде застапен во животот. Гугл го направи следниот чекор, и го унапреди Google Translate. Сега може да се зборува со скоро било кој на планетава, и има во реално време конверзациски превод помеѓу јазиците. Може и со слушалки да се користи. На македонски уште нема гласовно, само текстуално, но кога збориш на македонски, го преведува на други јазици. Нема ни српски, ниту хрватски. Пробав англиски - шпански, и англиски - руски, и работи скоро па беспрекорно. За брзо ова ќе го воведат во Google Meets, Youtube, Tik - tok, секој аудио-видео медиум, дури и телевизиите. Потоа и во официјални преводи ќе се преведува со АИ. Во многу блиска иднина ќе може сите да комуницираме меѓусебе без разлика на јазикот. Ќе исчезне потребата да се учи странски јазик. Голема промена доаѓа.
Наближува недела ден наменет за екстра интензивен тренинг. Прва половина уживање и разгалување себеси, ако не патувам, па штом спадне жештината палам патиките и се губам во она чувство скоро на левитирање. Е отпосле ако сум претерала ќе си поофкам малце , но по добар одмор и квалитетен сон потоа се си се средува (но под услов само да не сум исфорсирала премногу, иако тоа почесто ми се случуваше на почетоците сега сум посолидна во темпо, ритам и брзина). Се тоа си доаѓа низ времето со искуството и кондицијата и пред се полесното наоѓање на балансот. Да скратам уживам во трчањето. Јас од јапонските филмчиња научив Хај им е да. Кога викам тука Хај одма ми текнува на јапонски има сосем др. значење. Напреднува технологијата и преведува на толку мн. јазици а се уште луѓево останаа толку неразбрани до степен во период на ваков напредок и развој некои се уште со оружје само да се разбираат. Нажалост.