Еве денес у Кисела Вода испаничени биле оти пожар пред зграда од електричната инсталација имало. Зградата е тазе градена и инсталацијата тазе поставена, фала богу. Сега се без струја, фала богу. За месец дена загинат работник и повредени, свлечиште на друго градилиште, сега и ова. Али што да речам више, битно не се срамите пред луѓе кога ви дојдат дома.
Технологијата лудо напредува оваа година. Главна причина е АИ, секако. Кога ќе се присетам каде беше пред само 3-4 месеци, а каде е денес, има страшно голем напредок, и веќе АИ е неизоставен дел во работата. А каде ќе биде до крај на годинава? Ќе биде веќе секаде застапен во животот. Гугл го направи следниот чекор, и го унапреди Google Translate. Сега може да се зборува со скоро било кој на планетава, и има во реално време конверзациски превод помеѓу јазиците. Може и со слушалки да се користи. На македонски уште нема гласовно, само текстуално, но кога збориш на македонски, го преведува на други јазици. Нема ни српски, ниту хрватски. Пробав англиски - шпански, и англиски - руски, и работи скоро па беспрекорно. За брзо ова ќе го воведат во Google Meets, Youtube, Tik - tok, секој аудио-видео медиум, дури и телевизиите. Потоа и во официјални преводи ќе се преведува со АИ. Во многу блиска иднина ќе може сите да комуницираме меѓусебе без разлика на јазикот. Ќе исчезне потребата да се учи странски јазик. Голема промена доаѓа.
Наближува недела ден наменет за екстра интензивен тренинг. Прва половина уживање и разгалување себеси, ако не патувам, па штом спадне жештината палам патиките и се губам во она чувство скоро на левитирање. Е отпосле ако сум претерала ќе си поофкам малце , но по добар одмор и квалитетен сон потоа се си се средува (но под услов само да не сум исфорсирала премногу, иако тоа почесто ми се случуваше на почетоците сега сум посолидна во темпо, ритам и брзина). Се тоа си доаѓа низ времето со искуството и кондицијата и пред се полесното наоѓање на балансот. Да скратам уживам во трчањето. Јас од јапонските филмчиња научив Хај им е да. Кога викам тука Хај одма ми текнува на јапонски има сосем др. значење. Напреднува технологијата и преведува на толку мн. јазици а се уште луѓево останаа толку неразбрани до степен во период на ваков напредок и развој некои се уште со оружје само да се разбираат. Нажалост.
Тоа што сум се сменила на некој начин, и сакам ствари што порано не сум ни помислила дека се за мене, тоа што сум поотворена, никако не ме прави екстровертна личност
Ми се јави денес баба ми по телефон, и ми рече: "Абе ти текнува кога славев 85 роденден во Скадарлија (ваљда така се викаше кафаната, не ми ни текнува) кога ги грабна музичарите до нас и даде 40-50к за мерак и колку убаво си поминав. Искрено, не ми текнуваше, ама ми се направи мерак на душа неа што и текна и така, си плачкам малце
Бремени жени што пијат и пушат во бременост не заслужуваат ни ден мајчинство. Замисли има мајки кои се треселе цела бременост да ја истераат како што треба и детето за жал ни криво ни дужно се раѓа со некоја аномалија, едноставно по ничија вина. А овие другиве свесно и намерно, без грам грижа на совест бираат да му го зацрнат здравјето за навек. Ма не ме занима ни кризи, ни навика, ни "малку не му штети". Ставање порок пред здравје на дете што ќе го раѓаш е врв на себичност.
Да не се силува терминот 'Пикми'! Не можам да се сложам со сите пичконосители, и обратно, да не оправдам некад и куроносители. Сори Гош шо ти ги ги украдов двава збора. Фмп
Вчера цел ден бевме кај моите. Такви денови ми се омилени во животов. Сите да ми се тука, пред мене. Ништо друго не ми е битно. Тука сакам да сум засекогаш во времето и просторот, кога сите сме живи, здрави, прави, среќни и заедно. За разлика од четвртокот и петокот кои ми беа копи пејст денови на работа-пазарење-ручек-лулашки-туш-фудбал, вчера се изнашетав од сабајле до вечер. Пак не стигнав да извежбам, пак не стигнав да измедитирам, пак не стигнав да пишам во дневник, пак не стигнав да читнам. Јебига, ќе пробам денес. ¯\_(ツ)_/¯
Првпат ја слушам песнана за Светско, прегрда! Обична песна, без трошка енергија и еуфорија. Ни пола од Waka waka на времето. Некој пиша, мислам Грллав беше, Шакира више е предосадна, ко да и' помина времето. Bad Bunny да беше на пример, прејако би било дефинитивно. Оваа ми останува убедливо најбоља од сите
Да, да јас бев хехе. Дефинитивно утка беше Шаки. А, ретроспективно гледано... Имаше порано доста интересни и игриви песници. Нема кој не се сеќава на оваа.
Мене оваа ми е најдобра, од 2010. И порано барем не се ширеа теории на заговор од некои што си немаат друга работа зошто пејачот замавнал од десно кон лево со раката, а не обратно.
Ајдеее.... Странците често коментираат дека баш Шакира вади добри песни за ова и да не е она нема ни да им текне дека ќе се случува. Баш и деновиве се изначитав Шаки сејвд д деј. Вие овде досадна ја правите. А, токму Бед Бани е тој кој е арогантен, досаден и преценет.
Ја памтам по рингтонот што го имаше мајка ми на еден телефон од 2009 Инаку убава весела певлива. Јак е ај и ти сеа, многу појак од Шаки
Не ми се лоши песните годинава, ама нема ни да ги преслушувам многу. Интрово од Бразил 2014 мене ми беше најјако и омиленo, нo не знам дали некој го памти воопшто. Мојот избор е песна за сите генерации , не како другиве дупса-дупса.
Многу нормално дека телефон е огромна секојдневна потреба и многу нормално дека кога ти треба да купиш, ќе купиш. Али не го сфаќам курчот на среднава класа да земаат телефони од по 500+ евра, ама да седнете на кафе, ќе стиска и брои до денар, да не случајно заврши некој денар плус кај тебе. Лично телефон ми треба за секојдневна комуникација со луѓе, тепање време на социјални мрежи, слушање музика, рекреативни активности и тако даље. И доволно ми е 90% од апликациите да функционираат па ајде гледам да е меѓу последните андроид верзии, можда добар рам и да е малце побрз од телефони од девеесе и петта. Некоја фенси ултра јака камера не ми треба. Не патам од комплексот секој ебан момент да ми е сервиран на социјални мрежи ко божем заработувам од тоа и најбитно, не кукам со ајфонот во рака дека немам пари до 1ви. Да, крај крајова ваши пари. Е али утре да ве видам стварно да немате за леб, ич нема да ми биде жал. Финансиски неодговорни луѓе се тоа - неодговорни.
Не знам кој треба да го чуе ова, но на ✨️ сите ни е претешко жешково време ✨️. Не си исклучок некаков, не си специјален поради тоа што ти стежува од жештинава. Би рекла, нормално е. Во буквална смисла на зборот, секој пат, ама сериозно СЕКОЈ ПАТ ми се слошува, ми ја одзима снагата, ми доаѓа несвестица, после ми се повраќа најмалце пола саат, ебено истепано се осеќам скоро цело време. Не знам дали боље би се осеќале кога би го знаеле тоа, ама никој не е имун.
Чувството кога ќе слушнеш песна за прв пат и си тотално заразена и не можеш да престанеш да ја слушаш. Не можам да најдам зборови за тоа, кога допира некоја жичка длабоко некаде и цело тело ти вибрира.
Сабота ден за кулинарски хедонизам, недела ден за распекмезување и спортски активизам (се бањав во сопствената пот). Да го преспијам останатив дел од ноќва и како нова и рестартирана да влетам од пон. натаму. А ме чека нешто што толку ми стежнува, а некому можеби му е ситница. Јас би се акала на најголеми височини по авиониве без трошка страв. Би се испентарила и на највисоки планински врови со напор и упорност, ама пак без страв. Е да отидам да ми вадат крв се препотувам и падичавам ко трудна жена . Па кога ќе ги видам наоколу во белите мантили мислам следно ме очекува св. Петар да ме дочека и ми мери гревови на тасови. Е до толку ми прпа од се ова, а бркам мн. раб. од таа сфера. Коркачка бре за што, а без страв за што? Тоа е, тешко да ми се најде нзс... Ај да си легнам помудро е утрото од ноќта.