Те дал Господ здрав, прав, млад па згора на сè и одреден период во странство си живеел и ти да се вратиш во Македонија и за некое си просечно работно место на државно да вееш знамиња на роденден на вмро во Струмица, е јас тоа не можам да го разберам.
Албанците сите чуват дома оружје. Ловците сите имаат дома оружје, легално и нелегално. На нас жените посебно ни треба оружје да ти кажам. Незнам дали ова се однесува само на ловците или на сите, ама скроз сум за ова. И така има убиства и секакви криминални дејности. Полицијата не реагира за ништо. Епа кад је бал нек је маскенбал.
Можеш многу лесно легално да си земеш оружје ако ти треба, заврши курс за обезбедување и после тоа поднеси барање за оружје, не мора да си ловец, а можеш и како ловец да се пријавиш ама по долго ќе ти е зошто треба да полагаш и ловечки испит и посебно за оружје (сега има од скоро женска федерација на ловци). Ама јас сепак си стојам на тоа дека треба да е построг законот за кој се може да поседува и да си прави муниција во домашни услови и за нас и за Албанци..
И тие шо го носат законот, сите дома имаат оружје. Додека ние се расправаме дали било етички или неетички, морално или неморално, другите шо сакаат си праат. И јас до скоро имав размислување такво, треба закони, треба ова, треба она.... ама накрај увидов дека тоа е само во теорија а не е во пракса. Во пракса е законот на џунглата и мислам дека така треба да се адаптираме.
Не знам дали прашањето ти е реторичко или буквално, ама е интересно и сакам да го одговорам. Лично за мене - мојата емоционална реакција. Кога со нешто имам длабока емоционална врска, а тоа нешто може да се и апстрактни и физички работи на пр. цел, идеал, вредност, хоби, живо суштество, тогаш знам дека вистински се грижам. Во мојот мозок, сѐ за кое активно се "замарам", освен што можам рационално да го оправдам, имам и сврзана емоција со истото. Не сакам перформативност која многу често ја приметувам кај луѓето. Или се грижиш за нешто или не, и треба да си многу intentional во врска за тоа што ти значи во животот.