Нема јас што да ти пишувам , се надевам дека до толку знаеш да отвориш на гугл и да пишеш тоа што треба за да се едуцираш на одредена тема
I'm Charlotte tipe of person од Сексот и градот. Не ми требаат тестови да ми потврдат и ми се допаѓа ова и истовремено не. Ете права Шарлот самокритично- осудувачка и длабоко интроспективна особа, абе конзервативно, тадиционална тупаџика . Ама па и ја обожавав креативноста со која ги хендлаше предизвиците животот што и ги постели. Брак од соништата, развод што и го обезбеди следниот сопруг, значи пак развод од соништата, начин на проширување на семејството што и донесе потоа и нешто за вау. А башка репликите бре, кога и се избаци на Саманта кога и го сработи брат и нејзин кога и беше на гости дојден. Мирна, фина, културна, ама кога и збувна ко огин од змеј да излезе . И така да не редам за сличностите со неа, освен најјакиот момент што ми ја дефинира неа. По неуспешното ивф не сакаше да отиде на роденден на синот на Миранда, Брејди, разбирливо зошто. Погледна документарец за Е. Тејлор и тоа толку ја измотивира да укапира дека сите имаме маки во животот, финтата е како се носиме и справуваме со нив и да не им дозволиме да не направат јадни и огорчени до степен да не можеме да се радуваме на среќата на другите (во овој случај на другарка и). И да посвои куче шампионка која не можеше да се натпреварува само ради една мана покусо ноџе. Charlotte ruls.