https://skopjeinfo.mk/video-jutjube...gM9TSfTZOmi3KFheyW_aem_nt1ItHxvB10KRsfMOoZenw Ќотекот од рајот е излезен....
Сите што подржувате насилство врз деца не знам како очекувате да бидете пример на тие деца. Прво и овој што ги снима и удира малолетници и ги нарекува со погрдни зборови треба да се казни, за човекот што го стопре детето со точокот има видео во кое го исмева а тој сега прави дупло од неговото однесување.. Не велам дека не треба да се реагира, ама не на ваков начин.. Се дур мислите дека ќотекот е решение, џабе ви е се..
Секако дека не поддржувам тепање деца, ама не можеме да кажеме дека нема потреба од воспитни мерки. Кога некој малолетник постојано прави проблеми, треба да има последици преку родителите, училиштето или институциите. Воспитување не значи насилство, туку поставување граници и одговорност за постапките
Самиот кажа дека ќотекот од рајот излегол.. Ако постои проблематично дете да мора да се реши, ако родителите не знаат како изгубат контрола, ниту една комуникација не помага има психолози, педагози, кои ќе соработуваат со него и ќе му помогнат.
Апсолутно! Мене дури понекогаш и страв ми е ако нешто е толку убаво или не знам неколку убави работи по ред се случат. Секогаш си викам а сега нешто лошо да не следи? Имаше и збор за ова, само не ми текнува....страв да бидеш среќен
Дали си сериозен со коментаров??? За вакви олоши од деца дури и беше преблаг, штета шо законот е на нивна страна само.
Не би требало да си. Од вакви луѓе со размислување како твоето, младината е за никаде. Уништува и крши детски игралишта? Топ бе, дете е. Погали го за косичка, купи му сокче и благо и кажи му браво. И “децава”, не беа деца. Тинејџери беа.
Леле ние ништо не уништивме, ние не сме им прв пример дека е океј да се уништува.. Сите фрлаат цигари на секој чекор, па и во тој парк е преполн со пикавци, кантата на два чекори ама во река поубаво е да се фрли шишето, на пикниг "абе остај во тревата што те гајле не е наше".. Души ние младината отиде а ние сме светци, од кај ли виделе, каде им текнало... Замисли тие што фрлаат пикавци се возрасни не се ни тинејџери..
А ќе смее без була и буркини да се влага или..? Кромањонци, слободно на сите карта еден правец у Авганистан.
Човек се жали му каснела нарачка за храна, добива коментари Оти го мрзело да си зготви сам? Мислам..еве кога идев да го чистам станот, кога немаше никаква бела техника, немаше уште ни кај да чувам храна ни да готвам, ќе исчитев или средував што средував и после така гладна си нарачував оти логично, немав кај да готвам. И кога бев оперирана, немав сила да стојам и да се ебавам со готвење, се симнував до кујната од карши за ориз или компир. Зборот ми е, кој и зашо нарачуел ич да не ви чуе. Сега дали има оправдување зашо каснела нарачката не знам. Ама коментариве боже сачувај.
Сериозно ова??? Како прво не ги удри, а мочко и мајмун е малку за вакви дечишта. Имам и јас двајца скоро на таа возраст, 90% сум сигурна дека не би направиле вакво нешто 10% оставам на влијание на околина. Да ги начека вака некој слободно за уши може да ми ги врати дома и фала ќе му кажам. Дај бе не зафркавајте, далеку е ова подржување на тепање на деца, не правиме мубает за деца од 3-4 години.
И во странство не е се идеално, но е далеку подобро во некои странства и во одредени професии и во некои сегменти од животот. Значи општо прилично подобри се животните можности, е сега има и мани, пр. тука си претеруваат со некои нешта . Еве пример со недели наназад пред 4 јули прават хајп за 250 годишницата, а Дони и си прослави пред време . Јас се чудев првично кога видов си мислам што е ова 250, кога тоа да ти било, се во мозокот како да ми е врежано постара нација од 250ка дека се, ама ноуп. Спојлер
Чим видам на оглас редовни примања, осигуран на полно работно време и конкурентна плата, знам дека е срање фирмата и не губам време за аплицирање. Ќе затворат фирми и фамилијарно ќе се преселат во друга држава, ама на Трајче во никој случај нема да му дадат 6000 денари повеќе а ринта како коњ. Ех македонски копита од газди, аир да не видите.
Најјако е кога ќе пишат "бенефиции" за работи што следуваат по закон Редовна плата, регрес, одмор, тоа мора по закон да го има, не знам како е бенефит
Страшно ме нервираат луѓе што се ццкаат за излагање. Абе ако ти се излага има ДА / НЕ, а ако не ти се излага кажи не ми се излага со вас (за дабл дејт) и не ми го троши времето секоја нова недела со различни изговори, м р а з а м.
Баш сакаме да изиграваме креатори на животот ама не оди се така лесно според тој наш план,некој друг ги крои нашите планови можеби и во тоа време кога треба и да биде...
Откако ми се разјаснија некои нешта и си поставив па за на почетоците делуваа неостварливи, ама еве сега по 5 год. апла биле остварливи целите и сиот фокус го насочив кон нивна реализација, буквално ништо не ме помрдна од нив и нивното остварување. Ма ситници биле или се или крупни раб. што ми се попречиле по патот, се сум поминала и одминала исто како и да не сум ги приметила и видела. Буквално низ тој цел временски период, а богами и сега се се одбива од мене како од најтврд ѕид.
Да премолчиш нешто што си го забележала, само за да не направиш некој да се почувствува непријатно, е ниво на емпатија што ретко се среќава денес.