Па се борам на некој начин со тоа што не го подржувам тоа и што сум надвор од таа призма на радикални идеологии кои ја деградираат жената и едноставно промената почнува од самиот себе а јас верувам дека сум си направила доволно промени во врска со тоа.
Извини не бев во право ме тригерна затоа што знам дека тие жени и девојки нема базен да видат ако има и мажи..
Се молат овие љубителите на лето да ми дадат предлог што да се прави во периодот од 10-17 часот кога НЕ сум на одмор. Оти кај мене чим отиде над 30 степени, летна депресија, низок притисок и спиење по цел ден enter the chat. Ќе правев генералка, еве сила неам мме.
Ќе си јадеш повеќе, само јади здраво. Салати, овошје, печен зеленчук, месо моеш исто да зголемиш за 100 грама... Чим си на диета, а телото ти бара значи дека ти треба... Особено ако вежбаш.
Јас колку шо разбрав, некои денови во неделата се направени за сите, и за мажи и за жени, само два дена се напраени само за жени. Ако е така, тоа е добро, и го оправдувам. Не сакаат сите жени да се манијачени, а таму во Тетово секој втор е манијак, и албанец и македонец.
Исто, исто. Незнам шо толку се запнале за летото, а клофнале дома и не мрдаат. Еве јас не го сакам летото и сакам да пешачам секој ден по ладовина. Кај да одам сега и шо да праам? Иам качено 4 кила откако е почнато жешково оти неам мрднато никаде. Не ни можам, од притисоков.
Ова го има само во Авганистан...и во Тетово. Јас немам ништо против религии, различни ставови и слично...ама ова е ту мач. Мислам 21 век е. Ова ако се одобри, што ќе биде следно? Не сакам ни да помислам, језиво е. Замисли па да не смеат кај мажи доктори да одат, а се работи за здравје.
Него пошто се спомна диета и слабеење па да кажам нешто. Другарка се жали ѝ паднало многу железото периодов додека е на дефицит за слабеење, а притоа е со програма од тренер. И вика мора да издржам. Ако програмата за исхрана ти го јебе здравјето, пиши пропало. И затоа јадење макронутриенти во доволни количини НЕ значи дека јадеш здраво ако притоа се запоставени микронутриентите. Иако дефицит на витамини и минерали не настанува одеднаш, кога ќе настане не се сфаќаат сериозно знаците. Па може ќе ти паѓа коса и пукаат нокти, настинки ќе ти траат со недели, ќе си уморен, ќе имаш напади на жед и тако даље ама за да не качиш некое кило ќе си тераш исто, оти јадам здраво бе, по програма, не е до храната. И затоа не може план за исхрана да дава некој што две чисти нема од метаболизам.
Волците од зоолошка што избегале сигурно биле многу гладни, сега ми излезе видео што го снимале кафезот и се преслаби.. Ниту едно животно најадено не лови... Ако немаат услови да се грижат зошто воопшто постои таа зоолошка, зошто ги мачат?
Пари праат, на кој му е гајле за животните. Глеаш половината испоумреа, грев ми е и за тие шо се раѓаат таму а не се раѓаат многу оти животните се под стрес и не се парат.
Што би рекла Ина, да им дадат плишано мече ќе им угине Животни се за во дивина и крај приче, што е до мене нека се затворат сите зоолошки на светов!!!
Блиска другарка изгуби менструација повеќе од пола година ради исхрана препишана од нутриционист. Да не зборувам за тоа колкав хаос си направи со хормоните и крвната слика. Исхрана стрикно базирана на протеини и мноогу малку, скоро ич масти. За јх да не ни зборувам. Кога се врати на нормална исхрана конечно и се среди сеʼ. Аман луѓе пазете, посебно ние женските сме афектирани од ова. Не се држете на секој план за исхрана даден од нутриционист како слеп човек за стап.
Пешачам бидејќи повеќе ми се допаѓаат тела обликувани со прошетки и пешачење а, не во сала. И со исхраната треба да се внимава што се јаде поради здравјето. Јас ете внимавам на линијата но, лесно покажувам килограми бидејќи сакам храна.
Тешко рестриктивни диети оправдани ми се само при болест кај што мораш да си ограничен само со тие и тие намирници, привремено дур се среди состојбата, што и да е. Ама вака за слабеење, а здрав си и прав и да ти се уништува здравјето за да симнеш некое кило, па не вреди бе мајкому. Во периоди кога сум била мнооогу активна, абе срам ми било колку јадам, ем сум била ослабена, тоа да ама пак сум била со одлична енергија, супер крвна слика и редовна менструација. Исто многу ми е интересно колку речиси ниеден фитнес тренер не посветува внимание на влакна.
Тогаш не ти е добра диетата штом не се чувствуваш заситно. Не знам што јадеш , но бирај намирници кои го држат шеќерот стабилен. Чија со млеко од орев со потопен јачмен зрна преку ноќ со чоколаден фил од 3 урми потопени 10-15мин во млака вода , една голема лажица путер од лешници , две какао малце сол блендирај стави еден прелив одозгора во фрижидер да се стегне. Можеш да правиш комбинации со просо киноа , хељда во зрна исто така многу држи. Интегрален леб исто така е многу добар зависи што поднесуваш , од спелта е сосема ок.
Буквално истото мене ми де случи изгубив менструација и тоа може година дена хормоните ми беа хаос , а као искрана како ми беше според крвната слика после тоа додека вратам се во ред поминав низ пекол! Никогаш повеќе.
Колку и да сум фан на то да нема мажи кај шо ќе одам сметам дека ако има термини во кои само одреден пол смеј да оди, тогаш во истиот комплекс треба да има уште еден ист објект. Во случајов, имаш еден базен за сите, и уште еден настрана во истиот комплекс само преграден за луѓе на кои им одговара така зошто има побарувачка. На крај на ден јавен објект е и нема смисла да има ограничување кога парите од сите одат во тој објект. Да беше нешто приватно - секој има право да го регулира како шо сака. Ама не е. Зошто колку и да сум против сегрегација иако јадам гомна спротивно на ова шо го пишам сега; нахнадно колку и да сум против угнетување на жени, криење на жени, да бидат зависни од мажи и да бидат криви зошто мажите не можат да си ги контролираат нагоните - сфаќам дека се длабоко индоктринирани и дека нема да одат на јавно место да се капат доколку има мажи. И жал ми е покрај сите работи кои ги трпат и на кои се изложени, да им е ускратено и ова, нешто толку релаксирачко како капење и сунчање ( не знам дали е на отворено така реков, па земете со резерва, коментирам општо). Мене ми е жал. Можам да прифатам различност, ама не можам да прифатам угнетување иако не секој го гледа како такво, особено ако тој некој е „внатре“. Сега за диетите. Ве молам пазете на здравјето и само зошто е некој нутриционист не се крстете во него. Начинот на кој се храниме не определва само како личиме, туку диктира колку ни се јади, каква храна бираме и (во иднина) каков однос имаме со храната и метаболизам. Како rule of thumb - доколку некоја диета е многу рестриктивна и не можи да е траен начин на промена едноставно не е доволно добро и мене ми е алармантно ако иди од нутриционист. Знам дека то е очекувањето, ама еве прам споредба со други бранши. Ако одам на лекар за физичко здравје, тој лекар треба да напрај јас долгорочно да бидам добро и да сум "одржлива" со лекарствата шо ги примам, со контролите кои се планирани и слично. Ако одам на психотерапија, очекувањето е дека јас одам сега и таму учам како да се справувам со оваа потешкотија и на неа слични градејќи снаги и механизми за да бидам "зависната" од сама себе. Исто и со нутриционист. Треба да ми поможи да научам да градам чинија шо е здрава конзистентно за да можам да сменам исхраната во правец кој е оддржлив долгорочно. Од друга страна разбирам зошто не е така. Сите сакат брзи резултати и поверојатно е некој да биди предложен ако нуди брзи резултати, ама тука се занемарува долгорочното здравје и квалитет на та исхрана, реметење на метаболизам и хормони и низа други работи. Исто би било ако брзаме со психотерапија, исто би било ако скокаме чекори при третман на физичко здравје. Така да ако нутриционист не знај да ме научи сама да градам здрава чинија во тие неколку месеци шо плаќам план, без да зависам од тој план кој нахнадно и најчесто нема флексибилност - за мене е црвено знаменце.