Па се борам на некој начин со тоа што не го подржувам тоа и што сум надвор од таа призма на радикални идеологии кои ја деградираат жената и едноставно промената почнува од самиот себе а јас верувам дека сум си направила доволно промени во врска со тоа.
Извини не бев во право ме тригерна затоа што знам дека тие жени и девојки нема базен да видат ако има и мажи..
Се молат овие љубителите на лето да ми дадат предлог што да се прави во периодот од 10-17 часот кога НЕ сум на одмор. Оти кај мене чим отиде над 30 степени, летна депресија, низок притисок и спиење по цел ден enter the chat. Ќе правев генералка, еве сила неам мме.
Ќе си јадеш повеќе, само јади здраво. Салати, овошје, печен зеленчук, месо моеш исто да зголемиш за 100 грама... Чим си на диета, а телото ти бара значи дека ти треба... Особено ако вежбаш.
Јас колку шо разбрав, некои денови во неделата се направени за сите, и за мажи и за жени, само два дена се напраени само за жени. Ако е така, тоа е добро, и го оправдувам. Не сакаат сите жени да се манијачени, а таму во Тетово секој втор е манијак, и албанец и македонец.
Исто, исто. Незнам шо толку се запнале за летото, а клофнале дома и не мрдаат. Еве јас не го сакам летото и сакам да пешачам секој ден по ладовина. Кај да одам сега и шо да праам? Иам качено 4 кила откако е почнато жешково оти неам мрднато никаде. Не ни можам, од притисоков.