Прашање што ме мачи: Што е поголема трагедија: писменоста на тортата или тоа што полнењето еден месец се слави како роденден, со торта. Ех арно беше кога немаше социјални мрежи, многу од работите што се прават денес не постоеа порано, ама сега за пусти лајкови...
Пост-одмор депресија, трета недела, мрчам за сѐ, сите ме нервираат, мислам, цел живот сум у тој фазон али сега е X 3. Башка станувам кит, не сум по благото ич али вечерва најдов некаков овес, со млеко го правев, ставив чоколадо за готвење и банана внатре гмечев, се шеќердосав. А пред тоа сендвич. Од утре на режим и рехабилитација.