Прашање што ме мачи: Што е поголема трагедија: писменоста на тортата или тоа што полнењето еден месец се слави како роденден, со торта. Ех арно беше кога немаше социјални мрежи, многу од работите што се прават денес не постоеа порано, ама сега за пусти лајкови...
Пост-одмор депресија, трета недела, мрчам за сѐ, сите ме нервираат, мислам, цел живот сум у тој фазон али сега е X 3. Башка станувам кит, не сум по благото ич али вечерва најдов некаков овес, со млеко го правев, ставив чоколадо за готвење и банана внатре гмечев, се шеќердосав. А пред тоа сендвич. Од утре на режим и рехабилитација.
Многу ниски и мизерни осудувања слушнав од религиозни лица. Сите гејови и лезбејки биле ментално заостанати односно ѓаволот влезен во нив. Исто за сите болести или аномалии кај луѓе биле како казна од претходниот живот или декс не сме се покајувале..
Еден од најинтересните феномени у секоја високо морално и парично корумпирана држава, као еве Македонија и нашиве соседи ќе ги зеам сеа конкретно за пример е како се дешава киднапирање и убиство на дете без тело, како се прави масовно убиство од страна на дете кон соученици, како се киднапира девојче и се погубува од тројца волови, па нели се иде процедурално се суди и пресудува БЕЗ ДА СЕ ,, ДОЗНАЕ,, ЕБАНИОТ МОТИВ!
Кажувам дека МЕ МРЗИ МОМЕНТАЛНО да враќам на пораки, пошо договорот беше да се чуеме, добивам зашо не сум пишала.. Не сум сакала да пишувам!!!! Уште игнорирам бе испаѓа И на крај чуден и заебан табиет иам само јас Заборавме дека сме луѓе! Колку сакам да ги снема телефониве па да ве видам тогаш шо ќе праите Заслепеност тешка Толку ќе кажам.
Омилен спорт последно време ми е читање коментари на фб од рандом сограѓани и уште не ми е јасно како успеавме да преживееме како држава 35 години .
и јас за моето бебе си нарачав торта голема за 1месец и замисли не е за лајк туку од возбуда и среќа го сметаш тоа како нешто многу значајнобашка таман тортата замрзната и си ја користиш за гости кога ќе почнат да доаѓаат да го видат
Немав можност да коментирам ова кога беше активна (та) тема па ајде сега, зато и тука. Имаше коментари дека дете е важно родено, не памти дека не било на екскурзија или дека немало играчка, или дека не било на одмор или дека не забележва дека родителите немат дури и кога максимално се трудат да му угодат и дат шо поќе иако немат. Се шо имам да кажам е дека забележват зошто јас бев децата. Сум забележала и кога нешто сите врсници го праеле, а јас не. Сум забележала и кога сакав нешто и сметале дека мора да го угодат то па сум научила да не барам. И како возрасен кој работи и се издржава со години, како резултат на се ова, се гледам низ пари. Од една страна си давам се шо немав. Од друга страна постојано осеќам money insecurity и имам потреба шо поќе да зачувам оти во мојата гла возрасни don't have it easy како шо беше видено низ мои детски очи. Јас прв пат на одмор со моите бев на 23 години (прво пишав 19-20 и после ми текна дека памтам дека беше 2019 па испаднав ете и постара). И ојдов не зошто сакав да им сметам, туку зошто сакав еднаш во животот да бидам на одмор со нив. Еднаш. Прв пат. Сега веќе јас им букирам, тие одат. Најтешко ми е дека еве толку години покасно можат да одат на одмор, ќе речиш 5-7-10 дена не се многу во годината. Ама некогаш и то не можиш да дозволиш и немање одмор каков шо ти треба толку долго си зема данок на ментално и физичко здравје. И то е причина зошто јас секогаш ќе бидам во тимот дека ако не сум во можност финансиски да растам едно дете - нема да го родам. Нормално ова е одлука шо ја носам за себе и шо можам да ја донесам само за мене. Ама какви не програми имаме гледано за помош за деца. И после гледаш 5+ деца, колиба и родители кои никогаш не работеле. Ни тогаш не помислувате дека немале право да го земат детството на тие деца? Оти ако сте помислиле - добредојдовте во тимот. И ај, едно "кај било кај не било". Помал трошок е едно, од поќе. Ама ајде да има другарче - па второ. После кондомо пукнал и абортус не е убо, дете е благослов и ете трето. Ако едно дете е скапо, две е уше поскапо, три веќе уше поќе. Ама ок. Бар знајме шо прајме at that point hehe. И само носиме деца да страдат зошто сметаме дека не го гледат светот каков шо е и дека не разбират шо се случва. Многу често ми велат дека сум себична и дека ради мој каприц немам родено. Или дека сум себична зошто сакам парите да ги "фрлам" на мене. Respectfully disagree, себично е носење на свет дете за кое не можиш да се грижиш зошто еДнОсТаВнО мНоГу СаКаМ, бЛаГоСлОв Е. Тркалото се врти, точно. И тој шо немал, после можи да има и обратно - тој шо имал можи да нема. Ама ко ќе сум долу во тркалото ми треба финаниска моќ за да можам да го свртам без ризици, под ризик мислам живот да зависи од мене. Покасно ако снемам веќе изградив конекции, систем на имање село и најважно - не е мало детето и core годините на развој се поминати. Животот не е фер и то ќе го научи порано, ама барем не прерано. Не е дека има некоја од-до бројка ко шо се бараше, за "дозвола" за деца. Бројката е "достоинство" во скромен живот да можиме да си дозволиме. Ако нема достоинство во скромноста само носиме живот за да страда.
Не те нервира малце каков простотилук и безобразност владее? Јас кинам живци и се прашувам како сме биле семоќни антички македонци, а сме до ова дереџе...
Овој денешен мекотелски наратив, простоќа, сервилност и глупоќа у изобилие, мене ми е тотална спротивност од сликата што си ја градиме за некакви непокорни, борбени предци, херои, војсководци, Пирејци и слично. Затоа и не верувам дека имаме врска со истите.