Не сум знаела дека татко ми е ултра мега гига бумер, ми прати на ВацАп слика од вести што чита на ТЕЛЕТЕКСТ на ХРТ ( сеа ги чекам децава да прашуваат шо е тоа ).
Голема илузија е, па малку и жалничко, кога мислиме дека облеката може да ни ја изгради самодовербата. Ексик од таква самодоверба што ти зависи исклучиво од етикетата на парчето текстил што си го ставил на себе. Да бидеме реални, тоа не е никаква самодоверба. Каков сакате термин додајте му, ама психологијата е прилично јасна тука, тоа е само класична компензација, маска за лечење комплекси и обид со материјални работи да се покрие внатрешната несигурност. Вистинската сигурност во себе нема врска со гардеробата. Таа или ја имаш, или ја немаш, независно од површноста околу нас. Вистинската самодоверба мора да ти е иста и подеднакво силна без разлика дали си во најобични пижами, во износени тренерки по дома, или пак во скапо сако и свечен фустан. Таа ниту се купува во бутик, ниту се соблекува пред спиење. Поентата е да се чувствуваш моќно и добро во сопствената кожа, во што и да си облечен. Сè друго е само глумење лудило за пред луѓето.
Каков крах. На денешен ден дознав дека Европската унија ни шлапна нови тарифи за нарачки од Тему и АлиЕкспрес. Наместо да платам 30 евра, одам на наплата 50. Дали се нормални. Веќе ништо ми нема смисла. Збогум Тему, ќе ми недостигаш, ќе треба сега дупло да плаќам на препродавачи што ги користат твоите кинески токсични срања.
Зависи со кого одиш на одмор, ако одиш со токсични или умислени личности подобро е сам да одиш и ќе си најдеш таму друштво кое ќе ти одговара. Наместо да одмориш ти ќе треба да се влечеш со нив како тракторска приколка, иако тебе не ти се оди некаде и тие те убедуваат да одиш. Налет од таков одмор.
У времето кога немаше социјални мрежи како фб, инста, твитер, па и форуми и слично, си создавав илузии. Луѓето ги гледав поретко, па често ги идеализирав и си создавав слика за нив според она што сакав да го видим. Некои ги гледав скроз поинаку пошто ми беа дел од опкружување, ги идолизирав, си ги прилагодував у глава за да ми биде полесно. Не само блиски... и познаници, јавни фаци... Денес можда изгубив дел од таа мистерија, но добив јасност. А јасноста е топ, знаеш каде да ја вложиш својата енергија, време или помош ако е потребна. Ги отфрлаш оние кои те отфрлаат и не те прифаќаат, некои без никогаш да дознаат зошто. Денес и еден лајк е став, доволен да ти покаже нечии вредности, да ти го пукне меурот од сапуница. Затоа и ми се свиѓа ова време, филтрирањето никогаш не било полесно.
Извини што ќе ти замешам, меѓутоа зошто не размислиш да одиш сама на одмор? Многу подобро ќе ти биде отколку да се форсираш да правиш нешто што не сакаш, и да се објаснуваш зошто не сакаш тоа да го правиш, а и они ќе бидат слободни и нема да те мислат зошто не сакаш да одиш со нив. Вака 3-4 дена па и повеќе сама и ќе се изнауживаш и одмориш асално.