Не сум знаела дека татко ми е ултра мега гига бумер, ми прати на ВацАп слика од вести што чита на ТЕЛЕТЕКСТ на ХРТ ( сеа ги чекам децава да прашуваат шо е тоа ).
Голема илузија е, па малку и жалничко, кога мислиме дека облеката може да ни ја изгради самодовербата. Ексик од таква самодоверба што ти зависи исклучиво од етикетата на парчето текстил што си го ставил на себе. Да бидеме реални, тоа не е никаква самодоверба. Каков сакате термин додајте му, ама психологијата е прилично јасна тука, тоа е само класична компензација, маска за лечење комплекси и обид со материјални работи да се покрие внатрешната несигурност. Вистинската сигурност во себе нема врска со гардеробата. Таа или ја имаш, или ја немаш, независно од површноста околу нас. Вистинската самодоверба мора да ти е иста и подеднакво силна без разлика дали си во најобични пижами, во износени тренерки по дома, или пак во скапо сако и свечен фустан. Таа ниту се купува во бутик, ниту се соблекува пред спиење. Поентата е да се чувствуваш моќно и добро во сопствената кожа, во што и да си облечен. Сè друго е само глумење лудило за пред луѓето.
Каков крах. На денешен ден дознав дека Европската унија ни шлапна нови тарифи за нарачки од Тему и АлиЕкспрес. Наместо да платам 30 евра, одам на наплата 50. Дали се нормални. Веќе ништо ми нема смисла. Збогум Тему, ќе ми недостигаш, ќе треба сега дупло да плаќам на препродавачи што ги користат твоите кинески токсични срања.
Зависи со кого одиш на одмор, ако одиш со токсични или умислени личности подобро е сам да одиш и ќе си најдеш таму друштво кое ќе ти одговара. Наместо да одмориш ти ќе треба да се влечеш со нив како тракторска приколка, иако тебе не ти се оди некаде и тие те убедуваат да одиш. Налет од таков одмор.
У времето кога немаше социјални мрежи како фб, инста, твитер, па и форуми и слично, си создавав илузии. Луѓето ги гледав поретко, па често ги идеализирав и си создавав слика за нив според она што сакав да го видим. Некои ги гледав скроз поинаку пошто ми беа дел од опкружување, ги идолизирав, си ги прилагодував у глава за да ми биде полесно. Не само блиски... и познаници, јавни фаци... Денес можда изгубив дел од таа мистерија, но добив јасност. А јасноста е топ, знаеш каде да ја вложиш својата енергија, време или помош ако е потребна. Ги отфрлаш оние кои те отфрлаат и не те прифаќаат, некои без никогаш да дознаат зошто. Денес и еден лајк е став, доволен да ти покаже нечии вредности, да ти го пукне меурот од сапуница. Затоа и ми се свиѓа ова време, филтрирањето никогаш не било полесно.
Извини што ќе ти замешам, меѓутоа зошто не размислиш да одиш сама на одмор? Многу подобро ќе ти биде отколку да се форсираш да правиш нешто што не сакаш, и да се објаснуваш зошто не сакаш тоа да го правиш, а и они ќе бидат слободни и нема да те мислат зошто не сакаш да одиш со нив. Вака 3-4 дена па и повеќе сама и ќе се изнауживаш и одмориш асално.
Не етикетата и брендот, туку моделот како стои. И зашо мислиш дека е битно шо ќе кажат другите? Не се облакам за другите, туку за мене, јас да си се допаднам пред огледало, мене самодоверба ми се качува Баш ме заболе кој шо кажува, ако не се допаднам сама е џабе све.
Неам против ако е од Зара. Порано ми беше од омилените. Последниве години изборот за мој вкус е ужасен, нишо не бендисувам. А Зара како бренд не треба да се форсира оти е брза мода, т.н. партали за луди цени, освен на попуст коа се. И' откажав љубов одамна. Непопуларно мислење - Жените стварно се гуски
На нејзиното тело не му треба никаков одмор коа цел ден седи или дома или на работа, и првиот пат коа искача со другарки на одмор да се изолира сама у соба и да нејќе да искача од неа. Тогаш можела сама да си уплати за на одмор, али да не ја ни викнеле другарките никогаш немало ни да отиде. Нашла па зашла. Тоа е што е.
Како сакаш можеш да изгледаш, што сакаш можеш да носиш, што сакаш можеш да правиш, што сакаш можеш да имаш, или да немаш, самодовербата доаѓа од колку сам себе се сакаш и вреднуваш ко човек, сè останато е само маскирање.
Немам уплатено. И доста коментирате, кој што и зошто треба да прави. Еве, имам страв од излегување, особено во гужви. И? Во ред е сега да не се дрдори насекое. Фатете најдете си занимација по дома, нетуку дрдлајте шо форуми.
Се жали немала со кој да искача, сеа имала страв од искачање. Сакала да искача по барови да најде дечко, сеа имала страв од гужви. Сакала на одмор ами не сама, али нема гз да иде сама да уплати и коа ќе ја викнат ќе чмае сама у соба по цел ден. Тебе проблемот не ти е ни анкс нит депре, него ли што си негативна особа која цело време само нешто мрчи и све неа никој и ништо не и одговара, и затоа и немаш дечко и другарки. Сори нот сори. Те прочитав ја уште пред години, да си го најдам мислењето од СДК ќе ти го шлапнам пак тука.
Оки доки. КОНТЕКСТ У 2020та у короната се жалеше оти само кучиња смееле да искачаат надвор, а бебиња не. Од коа ти рекоа дека кучињата серат надвор, а бебињата у пелени рече демек си имала анкс и депре и си МОРАЛА да искачаш НАДВОР.
Искрено, јас не се замарам што си пишала за короната и дали си се скарала со некого вчера на форумов. И да се докажувам со тебе тука, не е моја работа. Или си рекла едно вчера, друго си пишала денес. Запрашај се, зошто се надитруваш и докажуваш не само со мене и со други. Енергијата користи си ја за себе. Си позитивна и биди уште поќе.