Абе да, се знаат другите, небаре магистратура и докторат имаат. Се за сите знаат, и кој колку учел, и кој колку бил паметен, дека тие саде памет се... И секако дека е подобра опција успехот на луѓето да го гледаме по социјални мрежи, отколку некоја будала што вреѓа жени и нема попаметна работа. Зошто секогаш повеќе простор на црната хроника се дава, а не на успехот на некоја индивидуа?
А бе една љубомора на некој шо појма нема од то шо работи, цел град знае, мала е Битола. Нека си тера типот, немој да плачете после од доктори, адвокати и сл. Пак вие по ваше си терате. Јас кажувам за луѓе што се експонираат на социјални мрежи а врска немаат од тоа шо го работат и оние што ги нема во соц мрежи толку и не се сликаат на секој чекор.
Леле господе.... Не знам што е полошо, дали фотошопот кој што е преочигледен или описите на слики: "имајте благословено утро" ...
Не мора да им ги следиш социјалните мрежи ако те тригернува.. јас пример за секој успех сакам да си споделам на фб или инстаграм, кој сака ќе види..
Добро, бе. Не е љубомора. Никој не рече дека е. Ама, застани малку. Нели е веќе премногу на твои 30+ години уште да ти смета секој и сè? А, она што веќе треба да ти засмета е твојот постојан негативен поглед. Океј, тој не го бива. Епа, другарка ти нека го каже некаде наместо напразно да меле со тебе. Ама ти секогаш наоѓаш нешто за да ги нападнеш другите. И заради тоа си добиваш реакции. Остави. Не следи и не отворај што не ти чини. Толку е едноставно.
Точно. Еве сега ќе се осудам себеси, оти згрешив. А и не реков дека сум безгрешна. Сите се бориме со себеси секој ден. Пак и вие ме осудувате и така мене некој, јас него и така.. Поентата, ни останува неписмен кадар, општо земено. Тоа е муабетот. Дека некои особи ги знаеме и општеството, за жал, така ни функционира... Ти знаеш кој бил со тебе на факс, кој колку квалитет има, така? И одиш да си завршиш како обичен граѓанин некоја Х работа и особава е директор, ме сфаќаш. Чекаш по ходници месеци а тој /таа си го лади. Нема врска ајде, не пишувам повеќе. Јас грешно се изразив. Успех - да лижиш в партија за работа за мене не е успех @Stark Зошто да не се радувам? Еве колешка моја си најде нова работа и беше роденден, се најубај работи, си изнајми стан. Појдов на честење цела ќеиф. Пошто знам колку се бореше, колку е јака и дека ВРЕДИ! Убав неосудувачки ден на сите.
Мене ми е супер, фала богу. Не се опседнувам која како се сликала, со кој бил у врска и каков партнер бил а и не мора да имам мислење за се.
Јас кога и да забележам некој кој прави нешто погрешно, размислувам на која надлежна институција и/или на кој надреден човек треба да го пријавам и го правам тоа. Не губам време на напразно мелење и сто постови на форуми. Ти кажав во друга тема да филтрираш. Верувај дека така станува полесно. И оди прочитај ми го мислењето на последната страница во другата СДК. Повтори си го неколку пати. Посвети си се на себе без да се замараш за другите. И ќе ти биде подобро.
Ти посакувам никогаш да не се соочиш со проблем кај што ќе чекаш по 8 саати по ходници да завршиш работа од партиски војници. Џабе ти е пријава, девојче. Македонија е ова. Океј реков се повлекувам.
Леле Грл, ама ти секогаш мислиш дека тебе ти е најтешко, ти најлошо поминуваш, ти немаш работа убава, ти ова.... се најлошо мислиш, сакаш да си во улога на жртва или? Не те разбирам понекогаш, селектирај луѓе што те прават среќна и исполнета ама и тие истото од тебе го очекуваат, а не негативности и осуди. И не, не ти е само тебе најтешко и најлошо во животот, верувај. Сите поминуваат низ нешто за кое што ти можеби и појма немаш.
Девојче, кај виде дека мене ми е најтешко? Можи ти си имаш проблеми.... И сама реков секој сос себе се бори, читај убаво...
Општо, секогаш. Ама добро нека е така, како што ти кажаа погоре, ги никогаш не прифаќаш критика. Во зачаран круг си, нажалост.
Не сме исто скроени, некој возвраќа со шега на шега (навреда пример) не си го става самото при срце, некој возврака со револт додека на другиот/а им е смешно некој/а полесно пребродуба емоционална криза, додека други потешко не и ја знаете емоционалналната состојба, доживување на нештата, нејзиниот живот и дали се присобила да стане како лугето кој ја опкружуваат треба да влезе некој во нејзиниот свет и целиот организам и секоја нејзина келија за да ја разбере не судете поздрав.
Чија брилијантна идеја беше новиот дизајн на Кока Кола Зеро да го направи со бели букви, како и обичната? Мислев дека нема сѐ додека не дојдов блиску да прочитам. Најубаво освежување ми е зеро со мраз и лимонче на жештиниве. (покрај вода, се разбира )