Абе да, се знаат другите, небаре магистратура и докторат имаат. Се за сите знаат, и кој колку учел, и кој колку бил паметен, дека тие саде памет се... И секако дека е подобра опција успехот на луѓето да го гледаме по социјални мрежи, отколку некоја будала што вреѓа жени и нема попаметна работа. Зошто секогаш повеќе простор на црната хроника се дава, а не на успехот на некоја индивидуа?
А бе една љубомора на некој шо појма нема од то шо работи, цел град знае, мала е Битола. Нека си тера типот, немој да плачете после од доктори, адвокати и сл. Пак вие по ваше си терате. Јас кажувам за луѓе што се експонираат на социјални мрежи а врска немаат од тоа шо го работат и оние што ги нема во соц мрежи толку и не се сликаат на секој чекор.
Леле господе.... Не знам што е полошо, дали фотошопот кој што е преочигледен или описите на слики: "имајте благословено утро" ...
Мислам дека можам да кажам дека те разбирам. Порано бев ти. Кога ти ги читам објавите ме асоцира на човек затворен во балон кој се тркала паралелно покрај патот на среќата, поточно патот кој треба ти да го одиш! Кога ќе успееш да го пукнеш балонот во кој си, ќе се препородиш и ќе ти биде смешно колку си се замарала со другите. Не си ти виновна за балонот, ниту си се затворила сама. Ама твоја и само твоја е одговорноста и одлуката дали ќе продолжиш така или ќе се ослободиш. Ако ти не си сакала да бидеш доктор или адвокат, има луѓе што сакале. Некои станале, некои не. Ти што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш? Јас од прво одд. до факултет ја имав истата желба и си ја остварив. Не се чаталам со тоа, но ме прави среќна и исполнета. Зошто не би споделила на мој профил, меѓу мои луѓе дека сум горда на себе? Можеби ќе бидам инспирација за некого. Се надевам дека во мојот живот и меѓу моите пријатели на социјални мрежи, немам некој кој ми го следи секој потег со цел да ме осудува и оговара. Погледни ги малку работите од друга перспектива. Премногу си крута и заслепена од улогата во која си се впуштила. Можеш да бидеш сѐ што ќе посакаш, знаеш? Не одбирај огорченост. И ова не се однесува само на тебе. Нека се послужи секој на кој му треба ваков совет. Можете да бидете сѐ што ќе посакате! Дали тоа ќе го користе за лошо или за добро, е ВАША одлука. П.С. јбг, таков е светов, не е битно колку си способен, битно е како ќе се продадеш/презентираш.
Го читав форумов пред да направам профил сонце. А девојката рече дека не сака адвокати. Не мораш да ја браниш, голема е. Башка, не ја напаѓам.