Ај што прво и основно не постои "разболување од седење со мокра коса" на клима, туку зошто сите толку сакаат драми и внимание за најбанални ситуации?
Ако можам да сум бар пола од тоа што мајка ми била за мене, ќе сум пресреќна, и ако можам бар пола да им овозможам на децата тоа што она мене ми овозможила.
Она коа и последното залче го дели со тебе, а ти си се најаде веќе, за само да не глеаш и молиш ко кутре Сакам да кажам дека не постои поперверзен вкус од вкусот на скара Жал ми е за веганите, вегетеријанците и сите кои не јадат, што само пропуштате вие
Јас како дете пребирав храна но како среден тинјџер постепено почнав да јадам се и разбрав дека многу гурмански јадење се вкусни. И некаде од 20 години јадев се. После разбрав со размислување дека ако јадеш се значи може да бираш свесно што јадеш. И почнав здраво да се хранам бидејќи тоа е најрационалниот избор ако можеш да бираш. Сега речиси и да не ми е битен вкусот на храната која ја јадам секојденевно. Не јадам скара бидејќи е нездраво а можам да јадам било како вкус на храна. Слаб сум и фит а немам баш малку години. А да експериментирав и со нејадење и заклучув дека можам да скокам оброци и да јадам многу малку не е пријатно но се издржува. А од друга страна можам да јадам со сила многу. Така да можам лесно да качувам и симнувам килограми ако сакам. Во пракса можам без посериозен проблем да контролирам што јадам и колку јадам. Храна не е моја страст и зависност, само е да бидеш здрав.
Браво Земи малку уживај вака како да сакаш да докажиш на некој колку ди издржлив и да импресионираш, таков впечаток оставаш
Баш истово сакав да прашам Буквално шо е тоа шо е нездраво во скарата? Месо, месо обично наместо цело е мелено и исто е печено ко и другото и кромид за вкус. Масти и протеини тоа е се. Е сеа можда мисли на чадот ако е на ќумур Ама па шо, воздухов шо го дишиме надвор поарен ли е?
Она збори едно, а ти неповикан збориш за друго. Џабе збориш. Што и да јадеме сите, само едно е вистина. Смртни битија сме.
Јадење здраво значи подолг и поздрав живот. Скарата има пиробензени и холестерол и триглицериди. Лоши за многу органи. Поздрав живот значи помалку мачење со болести и повеќе време за убави работи. Воздухот е помал ризик фактор од храната. А ако има еден помал зошто да ставаш друг поголем. Едно мало зло не значи да правиш друго поголемо дури е и причина за повеќе да пазиш. Храната е личен избор не се јаде за друг.
Епа јади помалку и готово, не мора секој ден скара да јадиш и никој од нас скара не јади секој ден ама да се лишиш од се вкусно оти си сакал здраво да се храниш мене не ми е океј, имаш некој тежок комплекс или бараш валидација од луѓе и сакаш да ти се восхитуваат, а го постигнуваш обратното пример јас иако не те познавам лично имам мислење дека имаш неисполнет живот, видов и твои постари постови и сум сигурна дека е тоа проблем. Не дека сакаш да јадиш безвкусна храна туку мислиш дека си победник во животот ако правиш се по правила, а уствари стануваш робот кој заборава да се весели и да ужива. Јади скара и се што сакаш, мој најискрен совет, зошто да јадиш нешто и да не ти е вкусно како шо си кажа, не ти велам да имаш покачен холестерол ама треба малку мрсно и мирис на чад од скарата
Жално е што повеќето не се информирани за исхраната . Така останало од секогаш што и како да се јаде. И да, се е загадено ама подобро ќе јадам овошје прскано од колку лешеви од болни и мртви животни. Месото од скара е можеби и најштетно, бидејќи произведува штетни киселини и супстанции, како бензопирен која е сама по себе канцерогена, а која е пронајдена и во тутунскиот чад. Една од причините зошто на нашите простори состојбата не е толку драматична е тоа што месото во одредена мера се добива од животни од пасишта и одгледани во сопствени дворови, иако и тоа месо е штетно и токсично.
Ти ако не си оној напорнион од Инста што мери шеќер ко да е шеќераш, лока зеро соди али не пие пиво и паламуди цело време, еве на...
Нееееееееее Како така бе, членов не јаде штетно, не троши пари беспотреба, не глеа филмови и серии, не слуша музика, не седи на нет, ок форумов е исклучок, е ама работи смртски и секс практикува Печали, праи пари по преку пола милион евра месечно.. А чеј ова тркава по кариера, моќ, власт не се стресови? Ко шо знам стресовите те уништуваат Па сеа, нека види сам. Ај ние не пазиме на исхрана, не водиме здрав живот, шо со оние кои пазат на СЕКОЈА мочана калорија и цел живот се активни, спортуваат, се грижат за себе 200%, прашањето по 1933882 пати го поставувам, зашто се разболуваат, зашто умираат? Од кај тоа? Па со таков живот 120 год минимум не треба да им бегаат..
Да се врати времето кога тетките по фејсбук објавуваа цитати од семе синапово и икони со амин. Сега сите се научиле да си објавуваат селфиња со АИ модифицирани, подмладени и измазнети со рандом позадина.