Мислам дека не е ништо посебна, туку дека промената ја прави еден сервисер, што всушност работи и се останато(поправки, замени на батерии и сл). Пренатрупан е со работа и затоа толку се чека изгледа…
Цело време ги глеаш надвор у ходникот пред влезна врата? Па делува на психопатско, да. Као да те прогонуваат.. Чудно е нонстоп да се пред врата бе, деца да не се, да дремат у влез Ко дете прејако ми беше да седам у влез, дури си се шетав и по ходниците, и секако знаевме да ѕвониме и бегаме Се возевме у лифт по 5-6 деца со еден чичко, а сеа ми е страв од помислата шо ако беше манијак За малце ќе се заглавевме На секој спрат застануваше ради едно детиште кое само го викаше лифтот Ми фали и времето коа се качувавме на покривот од гаражата, ниска беше и безбедна си викав Све ме влечеа подруми, гаражи и такви простори И типот го памтам шо ни се закани дека ќе не заклучи у гаражата па му дое полиција, а он избега со џипот ко пичка коа му се качија Го замислував влезот ко некој лавиринт, уште го памтам мирисот кај шо се криев да истражувам шо има на ниво -1 и - 2 под земја Интересно беше да си у зграда. Модерни бевме со домофон со камера и шифра за влезната врата Ја као некој кој мислиш утре ќе проектира згради, па мери и премерува, запазува детали што све имало, преголема опсесија ми беа зградите тогаш 2008 ма врати се бе
СДК... Најдобрите работи во животот се случуваат кога малку ќе го смениш правецот и ќе им дадеш шанса на луѓе што знаат како да те изненадат. Некои суптилни промени во последно време ми носат таква добра енергија, што сваќам колку непотребно сум губела време на погрешни места.
Не знам како е можно, ама на работа сите психо клиенти кај мене се погодуваат. Урла, се кара, навредува, се нешто не чини - а ти бара услуга која очигледно не одговара и може да ја побара на друго место. Ги кажуваш условите кои се, ја даваш понудата која важи за сите еднакво - инсистираат на отстапки специјално за нив. Не знам што народ ќе бевме. Не знам зошто мора секоја работа да мора да биде завршена со расправии до недоглед, со очајни обиди за да се заврши сѐ побрзо со врски, со потплатување, со молење за исклучоци. А бараме истовремено сите да сме еднакви. Дали со годините отрпнува човек од вакви ни тоа не знам. Одново и одново ме фасцинираат вакви случаи, просто како живеат со други околу нив да се чуди човек.
Добро, постои ли пријателство? Што ли е ова? Јас идам Бт, ги барам, седиме на кафе, секој за себе си зборува. Поминува цела недела, никој нема за жива глава. Не бе, не ве молам. А од др страна, на другарка, блиска другарка и е во болница пред умирање. Еј животе.....
Се изнакупував брендирана облека на попуст, жал ми е да ја облечам да не се извалка, да не се абе... Нека си седи безбедно во ормар, повремено ќе го отворам да плакнам очи и да се восхитувам на купеното.
Не знам ни јас самата, последно време не дека толку сакам да купувам, него многу ми се неудобни и морам да менувам. Џабе пари фрлам а дома нема каде веќе. Барем да беа удобни. Биана последната година крш а од нив најмногу имам. Се лажам по тоа што некогаш и штикла од нив ми беше удобна сега ни балетанка ни ниска кондура ми е ок.
Како стареам, се подосадно ми станува 'одмор на море'. Можда мислењево требаше у Непопуларни да го пишам? Као, обожавам море. Ама едно е да живееш до море, па кога сакаш да отидеш, кога сакаш да се бањаш, кога не сакаш, нема врска, друг пат. Вака на 'одмор', тоа па тоа, стани, појадувај, оди на некоја плажа, истата или друга, бањај се колку можеш повеќе зошто сега само можеш, кафе, ручек, туш, прошетка... тоа па тоа. После 3ти ден ми здосади.
Искрено, и јас вака се осеќам иако обожавам море и да си лежам на плажа со мислите далеку. Но се заситувам со 3-4 дена, после ми е репетитивно. А да шеташ многу не можиш, бидејќи е жешко, единствено навечер прошетка мала и тоа е тоа. Минатата недела баш ова го искусував. Повеќе забавно ми е да одам некаде каде што ќе можам да шетам и истражувам.
Како маж, никогаш не ги кажувајте своите слабости и проблеми пред партнерот, оти покасно ќе бидат искористени против вас. Не мислев дека е вистина, мислев дека тој шо го сакаш треба да му се отвориш, се дури не ми се случи и мене грубата вистина. Решавајте ги повеќето проблеми во тишина.
Да има опција во Светот, да умрам ама сите болни дечиња да оздрават, и никогаш ниедно дете да не биде никогаш болно, веднаш ке потпишам да ми го одземат животот..
Не само таму, за секаде важи ова правило. Затворена кутија, а чаре се наоѓа за сѐ. Од човек ништо арно, само зијан.
Ама буквално треба? Фактот дека има луѓе шо ќе злоупотребат не значи дека е грешната одлука да споделиш. Партнер треба да е нашата друга половина, чоек шо не надополнува и со кој сме различно нестабилни за да си помагаме со недостатоците. Ако треба да се криеме од партнер и да одиме на јајца - пиши пропало. Одбивам да се осетам покрај партнерот нелагодно. То шо јас сум ранлива со партнерот е очекувано, во ред, интимно, носи до многу поголемо разбирање и емпатија од двете страни и истото го очекувам и од него и сакам да ме гледа како безбедно место за споделување и ранливост. Ако то тој го злоупотреби that's on him, ако јас злоупотребам that's on me. То значи дека ние би биле расипани индивидуи. Не дека самото споделување е некако грешно. Воедно и ми штеди време зошто ако морам да изберам меѓу то да скријам од партнер за да се заштитам од осуда или да заминам ... секогаш ќе заминам.
Ако така се чувствуваш покрај партнерот, дека не треба да му се отвориш, тогаш си со погрешен партнер.
Овој комшијава баш сеа најде да е на одмор и да готви специјалитети секоја вечер од коа ќе се надува ја коа постам мме!