Кој сака, ќе најде начин. И онака сите имаме свои предизвици, проблеми и трауми. Можеме и треба да одбереме што ќе задржиме за себе, а што ќе споделиме со други. Никој не сака личности кои се негативни 24/7.
Еднаш кога ми се расипа телефонот, не бев при пари одма да купам нов, а овој више беше одамнешен и оштетен и од претходно, па не мислев да го поправам оти и да можеше, сигурно ќе чинеше колку нов. Од блиска особа побарав дали има некој што не го користи во моментот, да се послужам дур купам нов, после ќе го вратам. Добив одговор - да имам еден стар, не го користам, не ми треба, ќе ти го продадам за 1000ка. ...фала не треба. Сдк не бидете вакви во животот. Или помогни јеботе или ич не помагај место да сакаш само корист да извлечеш. До мојата 1000ка ѝ дојде во животот...
Гледам "се или нешто" во моментов, ја слушам Лила, вели "немој толку да чистиш, ќе си ја исчистиш среќата" иако не го слушнав цел разговор ова го слушнав и ме подсети на мене. Не сум верувала никогаш во такви нешта ама има логика, јас пола живот го поминав чистејќи. Како луда, раска да нема... треба да го редуцирам и тоа Иначе ја обожавам оваа Лила, од секогаш.
Она сака да извлече корист што ќе ти го продаде а ти не сакаш да извлечеш корист што сакаш да го користиш за џабе
Има луѓе што се буквално саможивници и само за нив си гледаат ако имаат корист ќе “помогнат” ако не не им е гајле , само не знам од каде им доаѓа тоа дали од дома од мали така биле учени или им е вродено?
Не ми е јасно едно. Си правиш муабет со некој/а, се доверуваш, мислиш дека е си нашла нормална особа за муабет и накрај излегува дека и таа особа те оговара по сите. Што е потребата ме интересира да јадеш г*мна за некој, а од друга страна да се правиш дека си другар/ка?
Извинете стварно. Извини @Mrs. right ти пишав и ти кажав другарски во порака.. не бидете како тетките од 40-ка. Стварно ќе изгледа бедно.. и сами знаете колку е гадно кога насилници малтретираат, па нека е и анонимен форум. Не е во ред..