Скоро 1.000евра пензија во Мк , сестра на тетка ми , за роденден и рече ; штом ти се расипал телефонот , еве ти поклон од мене , дома и онака стоеше не ми треба ,користи го. (Телефонот крш невиден ) И го даде за роденден на таа пензија вака на сестра ! Не викам дека требало телефон да и купи , подобро чоколадо да и дадеше само. Ете извини вака , да се надоврзам исто така какви да не бидете !
Мене на нешто позитивно ме потсети постот, поразлично од искуството опишано. Било је некад давно, бев студент, ми цркна телефонот, едвај имав 200 денари за кредит, па камоли за нов телефон макар и половен. А ми требаше телефон, било каков, доволен за да се јавам и ми се јават од дома. Тогаш делев соба со една цимерка и ден денес по добро ја памтам, сама се понуди да ми даде стар, но се уште функционален телефон, чинам беше сони ериксон со копчиња. Нешто во овој стил. Спојлер Некои од копчињата требаше да се притиснат појако за да работат, ама небитно, ми значеше ко злато во тој момент и ми бркаше работа можеби еден месец. Сакав да го споделам ова, пошто еден од ретките моменти да ми помогнал некој, а сум била далеку од дома без никој близок да се потпрам.
На тема мобилни и општо, психологија на луѓето према тоа што користиш имам многу да кажам. Тука тивко се сфаќаат големите работи. Инаку тешка сељачана никогаш нема да ти позајми/помогне, него тоа е некој што знае како е да немаш па да ти се понуди сам, без притоа да го прашаш. Разлика од малите до големите луѓе.
Леле и мене вака ми напраи тетка ми Имале дома некој Алкател ѓубре, и ај еве ти, послужи си се Ем шо имаше мало екранче као од 2012, ем шо беше стар, кочеше, а батеријата држеше неверојатни 2 саати
Јас дома имам двд од другарка, која не си го сакаше назад, така фаќа прашина, еден телефон кој го користев привремено од друга другарка, а верувале или не, у моментов користам еден од трета. Проклетството со телефоните ме следи цел живот, еден ми падна од 8-ми спрат, друг го заборавив на 40 степени на балкон цел ден, беше надуен и мртов од жештина, а сега со последниов, после сто сервиси, имам некој проблем со батерија, пред два месеци го носев на сервис за звучникот. Затоа пишав у друга тема, никако експонати!! И никако дружење со особи кои сакаат да профитираат од вас за 1000 денари. Гледате како живеам од милостиња со години, никој не ми наплатил, за тоа се пријателите. Али и јас давам работи, нормално.
Баш некни имав ситуација, некој со кој сум така делумно блиска и се сретнавме случајно, да ми плати јадење од пекара, така од љубезност. Имав стварно грда недела на работа, ептен бев за нигде и ова ми го разубаве денот ептен. Јас лично многу ценам вака навидум мали убави гестови и затоа не можам да поднесам баш онакви ко шо спомнав, у све да гледаат пари и корист. Да се надоврзам, на истава особа што ми го нудеше телефонот сум направила многу без да побарам било што. Лонг стори, ама не, не очекував да гледа прилика да заработи.
Затоа имам точно една најблиска другарка што во оган влегувам за неа, само заради овие работи. Се сум давала и накрај кога ќе побарав нешто одма ѓубрето на мене или плати па добиј! Исто и од роднини, беегај подалеку! Поголемо зло од роднина нема!
На некои луѓе треба покана да им пишеш па да се договорите да излезете заедно.Разбирам, зафатени сме,имаме работа, ама па до толку да не можеме да испланираме и да се договориме, еве стварно не знам..
Добро овие од патишта мислат да ги ревидираат знаците на "автопатиштата" за брзина или не? Сфативме дека нема да ги направат ама брзините му се хаос. Гледаш пат рид, дол, тесна лента, полна линија ама знакот 100. И братчетот од Белград кој лета мислиш го ослободил Белград. Гледаш полјана, права нормална знакот 40. А да не збориме дека ниедна лента не се познава или по грешка кажува дека лентата завршува. Изгледа со бојата скарани сме.
Не е дека немаат време. На погрешни луѓе си пишала. Додека некои немаат време други целото време на тебе би го потрошиле. До луѓето е.
Јас тоа се сум баталила . Не дека се зафатени ,туку не сакаат . Кога ќе ми каже некој немав време , понекогаш ми иде да го прашам директно а да мочаш имаш време или и за тоа немаат ?
Просто сум изненадена, колку има високообразовни луѓе уствари нелуѓе, а додека оние скромни и простодушни гинат да помогнат. Денес на работа имавме немил настан, во кој и самата бев инволвирана на некој начин, па давав се од себе да помогнеме како и соседите таму, се сплотивме ко едно и целта беше да се помогне. Откако фала на Бога се заврши во најдоабар ред, од оние напрчени добив коментари, што се замараш за други? Дали требаше да ја оставам да умре на жешкото според вас? Коментар, епа чим решила.... Чекај, што??? Бездушност, гомна, душите ви се пуни гомна! Да ми простете на израз уште сум нервозна.
Многу ме чинеше тоа што некои луѓе ги гледав подобри од она што навистина се. Верувајќи во доброто во нив, простувајќи им го лошото, на крај јас не сум чинела. Човек може да е психијатриски случај за посматрање ама многу добро прикриен и претставен како нормален.