Кој е задолжен за термостатот над Македонија, ве молам да го сврти на нула. Изгоре се, дајте малку воздух! ️
Секогаш кога гледам видеа како им ставаат менструација симулатор на муживе, увек се прашувам зашто не им стават една две лепенки знаете таму позади, у газот, и да им го пуштат кога највише им се моча или додека си седат онака и си праат муабет со пет души на маса... Па да видат што е грип слеш да те акне некој по муда про левел макс.
Исто! Толку е провидно и одбивно… Попрво би потрошила пари кај некој што со основно знаење на Canva бесплатно направил постер/реклама/мени отколку AI. -_-
Знам дека кога имате количка со бебе/дете, ве нервира ако некој се симнува/ качува по рампа, наместо по скали. Бев и во ситуација да ме отера една мајка у три лепе, оти почека малце пред да тргне нагоре. Е само не знаеше кутрата оти имав повреда на ногата и не можев да ставам тежина на неа и да го ротирам зглобот слободно, иако навидум одев нормално, па користење скали ми беше измачувачки и болни и полесно ми беше да се спуштам по рампа. Фала на разбирањето што ретко го имате
Искрено со нетрпение го чекав септември, барем малку од малку да се спасиме од пеколов, ама изгледа септември не иди да не спаси туку иди да ни кажи дека пеколов има продолжение.. Аман, пак 40 степени изгор во најава, нека доаѓа побрзо есенва
Нема ништо да биде ако почека две секунди така мене пред некоја недела затоа што мм имаше повреда на ногата па го терав малце да се раздвижи и не може по скали мораше по тоа да се симнува и една жена со количка со дете кога почна да урла јас ја отерав не у три лепе у 100 лепе (кога ќе ме изнервира некој сум многуу лоша на зборови и не пазам што ми дое тоа кажувам)со отворена уста остана на крај за такви само така мислам дека после ова на никој нема да му зуцне од кај се симнува.
Дали вие би отишле на роденден ако сте поканети у 5 до 12? Знаев дека денес е роденденот на детенцето на многу блиски луѓе. Се мислев дали да купам подарок, обично викаа два-три дена пред да слават. Помислив дека нема оваа година да слават... идам попладнево накај дома од работа и ми пишуваат вечер поминете на торта Ниту вратив, ниту поминав на торта... оти се вели дојдете на торта. И неможам не спремна без подарок да отидам, и децава веќе друго у план едното натака другото навака у чаршија. Погрешив ли?
Што се случи со Стефан уствари? Зошто го снема наеднаш? Гледам и на инста сите постови му се избришани.
Прејако ми е кога ќе видам видео од некоја инфлуенсерка како и почнува денот: па тоа и звони аларм во 5 сабајле, она станува пресреќна, иде вежба, пие кафе, мача не знам цедено, па се тушира, шминка ово оно.. Јас во 9-10 сабајле не можам д се свестам.
И тоа станува со средена фризура Абе у 5 сабајле очите ти се китка матка Бушав како гранчето на Стојанче што гаси пожар
Глуми нешто демек со Тони Михајловски дошло до недоразбирање а овој требаше да му гостува во Виц битка па избришал се, ама по се изгледа измислуваат за да се врти муабет околу нив.
Јас искрено пред да пуштам покана за на малиот роденден, чекав да ми одговорат кој ќе може кој не, па тие што ми откажуваа викав други, ама во соодветно време 2-3 дена пред роденден.
Тоа е тоа новото на прво место ЈАС, јас сум најбитен .Ама со ЈАС не се живее, нема љубов ,има осаменост и егоизсти .Тоа не учи новото време, ама сама виде дека не е убаво. Браво за тебе ,дека во тебе има уште човечност и љубов и за други.
Како јас утрово во 5 жедна и залепена станав па успеав да се истуширам за да го турнам и овој ден, башка имав време и крем на лице да ставам и млеко за тело. Имав време и да се нашминкам ама на ова жешко уште шминка ми фали. Тие рилсој ги гледам по неколку пати и си викам и јас еднаш вака лагано да си станам и да си се посветам себеси, уште и во 8-9 наработа да заминам така среќна и убава