И Битола е голема. Во Скопје, околните села ги викаат населби Не знам зошто Скопје се поистоветува со Белград, Париз или Мадрид. Ајде да видиме што вели ЧатЏпт 1. Приградски села (блиску до град) Оддалеченост: Обично од 2 до 10 километри од центарот на градот. Карактеристики: Поради близината, овие села често се поврзуваат со градот. Жителите секојдневно патуваат во градот на работа или училиште. Со тек на време, некои од овие села стануваат приградски населби (на пример, како што се случи со многу села околу Скопје).
Мозоков уште не можи да ми се прилагоди дека пред нецели две недели имав вентилатор пуштено да ми дува бидејќи беше жешко, а сега седам по долги горе и долу и се мислам дали да го пуштам панелот да се стоплам. Ѝ кажувам на бести во Канада дека смрзнав бидејќи надвор е едвај 15 степени, таа ми вика "а овде е 10 степени денеска и отворив прозор". И така.
Ако си млад и болен, ништо не ти е всушност, си замислуваш ствари, се правиш паметен штом си наоѓаш симптоми и дијагнози. Ако си стар и болен, при крај си ионака, бадијала ти е сѐ, што да очекуваш на тие години, здрав ли да бидеш. Преку глава ми е од тоа како функционираме системот. Ќе има ли стар човек што достоинствено ќе умре? Ќе има ли млад човек што ќе живее со некаква надеж овде?