И Битола е голема. Во Скопје, околните села ги викаат населби Не знам зошто Скопје се поистоветува со Белград, Париз или Мадрид. Ајде да видиме што вели ЧатЏпт 1. Приградски села (блиску до град) Оддалеченост: Обично од 2 до 10 километри од центарот на градот. Карактеристики: Поради близината, овие села често се поврзуваат со градот. Жителите секојдневно патуваат во градот на работа или училиште. Со тек на време, некои од овие села стануваат приградски населби (на пример, како што се случи со многу села околу Скопје).
Мозоков уште не можи да ми се прилагоди дека пред нецели две недели имав вентилатор пуштено да ми дува бидејќи беше жешко, а сега седам по долги горе и долу и се мислам дали да го пуштам панелот да се стоплам. Ѝ кажувам на бести во Канада дека смрзнав бидејќи надвор е едвај 15 степени, таа ми вика "а овде е 10 степени денеска и отворив прозор". И така.
Ако си млад и болен, ништо не ти е всушност, си замислуваш ствари, се правиш паметен штом си наоѓаш симптоми и дијагнози. Ако си стар и болен, при крај си ионака, бадијала ти е сѐ, што да очекуваш на тие години, здрав ли да бидеш. Преку глава ми е од тоа како функционираме системот. Ќе има ли стар човек што достоинствено ќе умре? Ќе има ли млад човек што ќе живее со некаква надеж овде?
Mrazam koga se simplificiraat raboti sto se kompleksni a ne gi razbiraat poveketo, ne znam dali e ego vo prasanje da se bide vo pravo ili cista ignorantnost i lupetanje bez vrska ama ustv si nemate poim kolku si nemate poima.
Same here, sister Со години старадам од анксиозност, но дури пред некој ден, за прв пат доживеав паничен напад и тоа од спиење ме разбуди. Среќа сфатив што е и останав прибрана и чекав само да помине, инаку како што сум со болки во грб и рака од спондилозата деновиве, малку фалеше да помислам дека удар имам и уште толку да испаничам. Само смирено и со трпение, мора да биде
А не, чекај, значи Битола е град во споредба со Скопје затоа што пред 100 год имало 7 кочии и конзул?
Надвор дожд а овие од Канал 77 уште од сабајле денсаат со Деспасито и летен вајб тераат, значии дај одлучете се, холандско време иаме или Ибица ни сервирате на дождов, заврши летото готовоо е, одете легнете си ај
И многу позначајна историја.. прочитај малку. Па ќе видиш. И не не се само конзулите и кочиите.. Си го сакам Скопје ама никогаш нема да ја има душата на Битола и онаа историја и градско однесување. Остај сега што е се иселено и населени се од околијата..
Сувишно е да кажуваш и докажуваш. Не секој ја знае историјата на Битола, Охрид, Прилеп, Крушево и др. градови кои и колку имаа историско во нив. @Dekoo и Скопје не е Белград, Тирана, Атина, Софија, Париз, Њу Јорк. Не ми се коментира на теми провинција и главен град и потценување на луѓе. 21 век еј! Луѓево кузнај шо напраја, ние... Македонци бре.... Си се уништуваме
Не ги разбирам мајките што одат недотерани на работа или општо низ чаршија, ама нивните деца, особено женски ги дотеруваат за во градинка како да ќе одат на свадба, со фустани со тулови со се. Мислам стварно се претерува, градинката не е место за натпревар за тоа кое дете е најубаво дотерано. Сите ние останати не сме луди што ги пуштаме по тренерки. А и глупо е кога сакаш да му облечеш тренерки на детето, а оно ти вика зашо да одам јас во тренерки кога Лана секогаш е дотерана во фустан во градинка. Како да и објаснам не знам дека во градинка се оди во комотна облека, а не во фустан строго со тул. Ама битно мајката е во фармерки и обична блуза на работа дури и без шминка, оти не се дотера она во тул фустан само да знам?
Јас подеднакво ги доживувам сите градови, со гомна, сучки, депонии, дивоградби и турбофолк менталитет, нема потреба од поделби и расправање ств.
Најважно е човек колку се грижи за твоето добро, за твојата душа. Барајте таков човек, за да не живеете во нервози, за да избегнете многу неволји.