ДМ-от што ми е во близина истопориле новогодишни ствари, адвент календари, бонбони и чоколади со елки, чорапи и дедомразовци. Spoiler Се ќе беше топ, да не беше денес 26 септември. Луѓе буквално вчера од летен одмор се вратија. Мислам не е ни чудно што во гринчови се претворивме, негде читав не била иста празничната магија и доживувањето ко порано. Па нормално дека не е, уште лето не поминато, адвент календари ќе почнат од фрижидер да ни излагаат, а тек каде е декември/јануари.
Истото го имам и ја видено некаде, во октомври новогодишни украси, календари и слични ствари и ми беше многу чудно. Хелоуу, сакам да гледам портокалово, тикви и листови, времето е за cozy атмосфера, не за Дедо Мраз.
She's already defrosting Ама навистина, што им е на луѓево што секогаш сѐ сакаат порано. И летото исто, само август што дојде некои почнаа со есенска атмосфера и pumpkin spice latte, а надвор времето беше ко во анусот на Луцифер. Е сега дури откако залади ми е есенски муд, Халоуин, ајвар правење и pumpkin spice latte, аман има време до Божик и Нова Година олабавете (ова инфлуенсериве посебно). После само што ќе помини Нова Година ете срциња мечки за Валентајн. Ама тоа е, конзумеризам. Затоа ќе нема магија ко ќе екшли дојди празникот.
За малку ќе се пронајдев оти јас батал одам Ама децата во градинка ми се во тренерчиња или хеланки а не тулови така да не сум била за тука Ама дотерани се ,нови ,пеглани. Моја блуза немам испеглано
Не гледам зошто би било проблем како некој друг го облекува своето дете. Некои деца сакаат фустани, некои тренерки, а најважно е да им е удобно и да си уживаат во градинка. А тоа како е облечена мајката нема никаква врска со тоа како го облекува детето. Сега јас ако се дотерувам за работа со фустани и фул шминка а детево си го испратам во тренерки би кажала како може јас да сум дотерана а детето не или?
Не знам, кај нас во градинката пишува да се облекуваат децата комотно. Во тул тебе комотно ти е цел ден да седеш? И тоа како е проблем облеката, исто и во школо, да не е така нема да даваат униформи. И зошто би рекла дека детето е недотерано ако е облечено во тренерки во градинка? Како треба да оди во градинка според вас? Како на свадба исто? Ти што не одиш на работа како за на свадба? Муабетот ми е дека деца се носат како за на свадба во градинка. Имам чист пример кај моето дете. Нема ден а девојчето да не е во тул, и тоа не еден слој тул, исто како во балски фустан да е. Зошто? Толку ли му е поудобно за разлика од хеланки и блуза или тренерки? Да не се лажеме дека е така. Кај нас учителките зборуваат да се облечени покомотно децата