ДМ-от што ми е во близина истопориле новогодишни ствари, адвент календари, бонбони и чоколади со елки, чорапи и дедомразовци. Spoiler Се ќе беше топ, да не беше денес 26 септември. Луѓе буквално вчера од летен одмор се вратија. Мислам не е ни чудно што во гринчови се претворивме, негде читав не била иста празничната магија и доживувањето ко порано. Па нормално дека не е, уште лето не поминато, адвент календари ќе почнат од фрижидер да ни излагаат, а тек каде е декември/јануари.
Истото го имам и ја видено некаде, во октомври новогодишни украси, календари и слични ствари и ми беше многу чудно. Хелоуу, сакам да гледам портокалово, тикви и листови, времето е за cozy атмосфера, не за Дедо Мраз.
She's already defrosting Ама навистина, што им е на луѓево што секогаш сѐ сакаат порано. И летото исто, само август што дојде некои почнаа со есенска атмосфера и pumpkin spice latte, а надвор времето беше ко во анусот на Луцифер. Е сега дури откако залади ми е есенски муд, Халоуин, ајвар правење и pumpkin spice latte, аман има време до Божик и Нова Година олабавете (ова инфлуенсериве посебно). После само што ќе помини Нова Година ете срциња мечки за Валентајн. Ама тоа е, конзумеризам. Затоа ќе нема магија ко ќе екшли дојди празникот.
За малку ќе се пронајдев оти јас батал одам Ама децата во градинка ми се во тренерчиња или хеланки а не тулови така да не сум била за тука Ама дотерани се ,нови ,пеглани. Моја блуза немам испеглано
Не гледам зошто би било проблем како некој друг го облекува своето дете. Некои деца сакаат фустани, некои тренерки, а најважно е да им е удобно и да си уживаат во градинка. А тоа како е облечена мајката нема никаква врска со тоа како го облекува детето. Сега јас ако се дотерувам за работа со фустани и фул шминка а детево си го испратам во тренерки би кажала како може јас да сум дотерана а детето не или?
Не знам, кај нас во градинката пишува да се облекуваат децата комотно. Во тул тебе комотно ти е цел ден да седеш? И тоа како е проблем облеката, исто и во школо, да не е така нема да даваат униформи. И зошто би рекла дека детето е недотерано ако е облечено во тренерки во градинка? Како треба да оди во градинка според вас? Како на свадба исто? Ти што не одиш на работа како за на свадба? Муабетот ми е дека деца се носат како за на свадба во градинка. Имам чист пример кај моето дете. Нема ден а девојчето да не е во тул, и тоа не еден слој тул, исто како во балски фустан да е. Зошто? Толку ли му е поудобно за разлика од хеланки и блуза или тренерки? Да не се лажеме дека е така. Кај нас учителките зборуваат да се облечени покомотно децата
Ауу муабетот врв... Онаа недотерана дошла на работа, онаа предотерана, види и го карминот, онаа истиот фустан од вчера...Па тоа беше малку па сега ај да ги оговараме децата. Она дете дотерано, она недотерано, па требало да му биде комфорно, она исфлекано го пратиле.... Прашање, дали нечие облекување влијае на квалитетот на Вашиот живот? Не, така? Е па шо ве заболе кој што носи. До кога со овие глупави муабети. Докога вашето комфорно мора да е комфорно на некој друг? Оставете ги луѓето да живеат и да се изразуваат како што тие замислиле. Ни се славни, ни популарни. Едноставно живеат, се облекуваат како што нив им е најудобно.
Хедонизам измешан со МАТРИЈАЛИЗАМ...се прашувам каде одиме ...кариери тераме ,творими , создаваме , позади нас, поради кариери оставен врски пропаѓаат ,и се прашувам за што ? Погоелма сметка? 7 цифри на сметак ? За кого? Оставрени премногу ааа? Дали тоа не исполнува? Дали матријализмот ни е вистинската љубов , се вљубивме во него , ама времеот, ама времето бега не не чека.. заминува низ далнките...38год. за некој исполмети со скромна и среќна фамилја, за мене кариера, ги полнам 38 уште некој месц и најубавот гушкање со кариерата и престижот мој , е тоа мојот успех ,заледен , подарок најтопол од ова дигитално време исопачено само за борба за што повише матријалзма и успеваме во тоа горди сме и како војници во битка продлжуваме без да се покаеме и без да се завртиме кон себе и да ужуваже во сегашниот миг... Да се запрашаме дали вреди ..поарно за многу малку среќни биле а сега што е различно ???
Ок. Извини што си го кажав мислењето. Бтв на првиот школски ден некоја си инфлуенсерка го пратила син и во кошула, па секакви злобни коментари имаше овде, ама тука сум ги оговарала децата, Бог да чува и да брани, ненормална работа
Дп дп среќа е различна за секого ,точно да , но матријализмот е основа во 21 век и во демокраскот општество , колку да бидеме срќни на други начин МАТРИЈАЛИЗМОТ НЕ ЈАДЕ,а незанм можда и се наситеил од хранатаа....
Ама комотно не значи исто за секое дете. Некое дете се чувствува одлично во фустан, друго во тренерки. Исто така, никој не рече дека дете во тренерки е „недотерано“. Може да биде чисто, средено и убаво облечено и во тренерки. На крајот, секој родител си одлучува за своето дете. Не гледам зошто едниот избор би бил проблем, а другиот не. И ќерка ми уште не знае, ама ако утре сака да си носи фустанчиња во градинка секако дека ќе си носи. Нема да ме интересира дали мајката на Иванка и носи тренерки или што и да е. И што и е гајле на мајката на Иванка дали ќерка ми носи фустани, нека си го облака своето така како што сака.
И кај нас баш рекоа дека им е тешко да ги пресоблекуваат со трегери ,или од фармерки дека се случува како засечено мешето да не им облекуваме такви работи. Ти го сфатив и првичниот муабет дека ако едно носи секое бара.. Јас фустанче не сум и облекла за во градинка (15м е) пошо нема да ја наместат ако и се поткрене или ако лази и смета. Ама има и во јасли што така ги носат. Реално таму се цел ден и мислам најарно со ромпери би им било ама така па воспитувачката не можеле тешко им било со нитните Сепак над 8ч се таму треба да им е комотна облеката
Мене не ми е гајле дали Лара е со лакирани нокти или фустан со тул, ама ќерка ми од 5,5 години постојано ми зборува како Лара е со лак на ноктите, сакала и таа да има, како Лара е во фустан со шлокици, сакала и таа да носи таков на градинка. Нормално дека и облекувам и фустанче летоска, ама најобично памучно. На 15 месеци не разбираат, ама на 5,5 години и то како разбираат кое како е облечено, и секако дека коментираат дома. И не дека немам да ја облечам во тул и шлоќици за на градинка побогу, едноставно нема потреба.
И сега затоа што она разбира, ти сметаш дека не треба така да ја облекуваш и решението е мајка и на Лара да не ја облекува Лара во фустанче?
Ама ако ТИ мислиш дека нема потреба, можеби некоја друга мајка НЕ мисли. Тогаш следен пат кажи и на мајката немој Иванка да ја облакаш ќерка ти така, после и мојава бара а нема потреба така да ја облечам. Ќе ти каже да си ја гледаш својата работа
Секако дека нема да и кажам. И уште еднаш извинете што овде пишав. Очигледно е колку мајки на Лари има тука. Само не ја знам поентата која ви е