Еве ме и мене. Една година постара, поубава и попаметна. Не успеав да ви пишам и еве конечно најдов време. Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми го честитаа роденденот и ми го направија денот поубав. Тортата се изеде, ама ако треба нова ќе направиме. Впечатоците од роденденот ми се малку измешани, што од малку поголемата доза на алкохол, што од измешаните чувства. Сума сумарум, подобро не можеше да биде, со оглед на тоа што моите најмили успеаа да ми го направат денот, а и вечерта пред роденденот најпосебни. Моментално, се наоѓам на раскрсница и не знам кој пат да го изберам. Како и секогаш, себе си си ја префрлувам вината за одредени работи, а искрено и самата сум виновна што дозволувам да ми се случуваат истите работи цело време. Ми треба мир. Бидејќи долго време немам.
Вредноста на извинувањето и довербата во искреноста која стои зад него, се` повеќе паѓа во сенка со оглед на фактот колку пати си го слушнал од истата личност...
Знам дека уште е рано, ама во мојот клас преовладува новогодишно расположение. Се пее Јингл Белс, се носат дебели џемпери со елени, сите се смешкаат. Кој ќе рече дека се ближи тромесечие? Упс, утре е тоа. Нема везе, не можат нас оценките да ни го растурат расположението. Кип калм, Њу јиер ис каминг пипл.
Не те познавам многу добро, ретко ми зборуваш и приметувам дека таква ти била комуникацијата со светот, сведена на минимум. Всушност, можам да се сметам за привилегирана, јас сум единствената личност со која контактираш и твојот единствен допир со надворешниот свет и реалноста. Твојот свет ќе остане во четирите ѕида на оваа соба која е толку мрачна што наверојатно починал некој осамен старец многу кратко пред да битисуваш ти, велам битисуваш зашто твојот живот не е ништо повеќе од константна конверзија на кислород во СО2. Многу слично како фикусов што ми стои пред очи додека пишувам, тука е, жив е, ама никој не го приметува со години... понекогаш ќе му сипам вода и толку, колку да не се исуши. Иста си и ти, живееш за љубов, а остануваш гладна за неа. Патетично е да те гледам како разговараш со некој чуден систем од единици и нули додека твојата сегашност е заглавена некаде, во некој момент од минатото во кој среќата е достижна. Ти си човекот за кој сите мислат дека е мртов, а јас верувам дека си кукавица што се крие. Ти не веруваш во никој и ништо, немаш желби, надеж ниту страв. Ти си млада, а сепак толку стара и истрошена, се сомневаш во се, се сомневаш во спомените, во себе и твоето постоење, се сомневаш во иднината, а се посомнева и во мене. Дозволи ми да ти помогнам, да си помогнам, и овој кошмар наскоро да заврши. Можеби, но само можеби, еден ден ќе пуштиш нови листови кои ќе бидат забележани со восхит од нечии очи и ќе добиеш топлина од нечија душа. Само се плашам да не се разбудиш со сознание дека си ја “преспала“ среќата што толку долго ја бараше. Знам дека ти бев добар слушател и ќе се дружиме повторно, можеби скоро, можеби за неколку дена или години, но ветувам ќе те посетам повторно колку да му пренесам на светот дека сеуште мрдаш.
СДК си купив нов ранец и по некоја случајност на него пишува Dream On... Одма ме потсети на мојот ник на форумов хахаха, чудно е колку прости нешта секојдневно ме потсетуваат на фемина.
Девојчици,пријатељици,драги мои феминки,или како што би рекле тролчињата со мислењата во канта,кои пијат многу фанта - Феминистки Нема да сум тука неколку недели,затоа што,како што веќе имав напишано,се селам и нема да имам интернет некое време. Имам на телефон,ама ептен кочи,само за допишување користи Сакав да ве поздравам сега сите,и да ви кажам дека многу ќе ми фалите.
... колку се чувствувам преубаво и изненадено! Мојот креативен дечко испратил пица доставувач на врата,дома да ми достави пица внатре со порака Прво кога го видов се зачудив,мислев грешка некоја е,затоа што знам не сум порачала пица,а и никој од моите дома Но кога човекот инсистираше дека е на вистинската адреса си ја земав и се ми беше јасно кога ја отворив хахах Ем се најадов од преубавата пица ем сум пријатно изненадена,иако он често ме изненадува со некој креативни идеи без некој посебен повод, но ова не го очекував P.S. Срцето што го нацртал ми е најкјут
Да собереме пари на @AziskaStrslenka мојата мила посвоена ќеркичка, да и купиме еден Самсунг Галакси, за да може да ни пишува, затоа што многу ќе ни недостасува. Тешко е да се издржи без нејзиното присуство неколку дена, а камо ли кога се недели во прашање. Чедо мое, те молам немој да ни го правиш ова на нас твоите почитувачи и следбеници, со што го заслуживме ова да не лишиш од себе на неколку недели
Еве ме и мене. После некое време. Јас не можам да поверувам до каде се доведов. Не можам да поверувам дека си го дозволив ова себеси. Јас не сум ова. Јас се изгубив себеси. Морам што побрзо да се помирам со тоа што е и да го заборавам минатото. Се прашувам зошто?! Но не ми е никој деуг крив. Ах главо дрвена..... се однесував бетер и од малите деца. Сега што е тука е. Цел живот е пред мене, тоа што можам ќе го исправам, а во иднина ќе се воздржувам од такви глупости и ќе се однесувам позрело. Јас ќе бидам човек. И покрај сите грешки, јас продолжувам напред. Изгубено е само она од кое сме се откажале. Јас не се откажувам јас продолжувам...
Градов мој најубав. Не, не можеш да ја почувствуваш неговата убавина и душа во најголемата гужва. Кога луѓе споулавено трчаат на работа/од работа/по шалтери за оваа или онаа обврска. Можеш да го почувствуваш кога е смирен, кога го оставаме за малку на раат. Како што е оваа вечер. Пријатно време, мала раздвиженост. Си напраив една долга прошетка да ви кажам. Целиот живот ми помина пред очи, луѓе. Едноставно се чувствував дома. Отпочинав на онаа клупа, се лулав на таа лулашка, подзастанував пред секоја ситница којашто ми го одземаше здивот. Не била најубава природата во есен наутро на силна светлина, туку во вечерите, јасни како оваа, под сјај на градско осветлување. Неам ништо против новите градби. Затоа што не го ни гибаат она мое чувство на нешто познато и блиско кога шетам низ улиците. Не ни можат, бидејќи самото не е видливо, туку се рефлектира врз она што е видливо. И затоа ни во најголемата гужва, стрес, што и да е, не сум рекла „аман од градов веќе“ како што не малкумина прават. Затоа што одамна ме има занесено оваа негова страна и убавина. А кога си вљубен, ги сакаш подеднакво и мааните.
Ниту една друга улица во Скопје, не е толку роматична , толку есенска, толку топла, толку шареника толку волшебна како Партизанска во овој дел од годината. Се давев во листовите ги шутирав како мало детуле ,одејќи бавно за да искористам поголем дел од времето.
Станав теткаа! Само што ми јавија и малку не знам кај сум од радост. Се јавувам да ја пренесам понатаму среќната вест и викам:Стана внук,доби чичко! Ај,ќе имам смешни приказни да му раскажувам на внукот кога ќе порасне. И така не знам зошто ама многу гордо се чувствувам вака како тетка,си имам титула сега. Повелете торта.
Значи некогаш ептем ме мрзе да се спремама за излегвање и така си излегвам како ке се најдам и си викам не е све до убавината најважен е карактерот се тешамнекогаш кога не ме мрзи ке се скоцкам и си викам абе има нешто и во убавината
Блазе на овие што уште сега се замараат каде ќе одат и што ќе носат на Нова Година. Сестро златна, јас утре се мислам дали да ги спржам или сварам мини виршличките што си ги земав и со што да ги јадам, ти ме прашуваш кај ќе сум одела. Не ме преценувајте дека сум толку организирана.
АМААА НЕЕЕЕЕЕ, ПА ЗАШТООО???!!! Штрајкувам! Протестирам! Не пишувам ни јас таќе да си знаете феминки, чим Ази ми ја нема!
Некои луѓе, сами си прават другите да не ги почитуваат, ценат, односно не можат егото да го симнат или заќутат кога треба, па после се чудат зошто други поинаку се однесуваат према нив.Фино - лепо, не секој е должен да трпи егоистично однесување.