Конечно почнав некако да се вклопувам во сета таа зимска идила. Вдишувам среќа, издишувам грижи. Ми годи чекањето автобус на -50, ми годи кога ќе почувствувам како ми мрзнат ушите, како ми се вкочануваат прстите, ми годи дури и тоа што се чувствувам како нозете три години да ми биле заробени во санта мраз. Уживам во нештата кои што треба да ме нервираат. Одлучна сум, барем последното поглавје од годинава ќе го поминам не дозволувајќи никому да ја скрши мојата позитивност и љубов со која сум исполнета.
Си го памтите датумот од првото сексуално искуство? Јас скоро и ќе заборавев, ама случајно го видов календаров на компјутеров, па сфатив дека денес е денот. Поздрав до мојот „техничар“, кај и да е
Од пуста досада си ги читав старите мислења .. морав да копирам.. Журка. Наеднаш настана тишина и се гаснат светлата.. околу 40 души наеднаш во еден глас ми ја пеат роденденската песна останав незнаев како да реагирам, очите ми светкаа од насобраните солзи.. ги дувнав свеќичките и замислив желба, ако ми се оствари ќе ви ја кажам добив 40 искрени прегратки и бакнежи, 40 искрени желби за Среќен Роденден. Навистина бев изненадена, не го очекував ова... Чувството не се заборава, 24-от роденден ќе го паметам додека сум жива... Да не должам многу.. да ве почастам и вас како што е редот.. И да, желбата се освари го имам човекот што го сакам сега се надевам дека желбата и од овој роденден ќе ми биде исполнета
Дека ме радуваат ситни работи е доказ што кога ќе го видам лифтот како ме чека на приземје мислам дека почнувам да верувам во Виши сили . Ама си заслужувам такви добрини. Некогаш се чудам што човек ќе бев ваква доброта... значи нема возење во лифт, а после тоа да не го пратам назад на призмје. Ех колку ќе ми беше полесен животов да беа сите комшии вака финоќи како мене . M,
Многу ме нервираат кога ќе речат ,,ееј за џабе учев,не испрашуваше'' Не,ништо не е за џабе. Наредното испрашување верувај ќе биде полесно.
Ако државна службеничка не ти го уништи денот нема кој! Дали јас премногу лично си ги сфаќам овие работи па ме погодуваат и ми влијаат на расположението цел ден или не е до мене? Незнам еве мене таа нељубезност, дерење и бркање надвор ме погодува многу. Во афект одам до канцеларијата на директорот и пред да тропнам зимам здив, бројам до 5 и се враќам пак до вратата на службеничката и ја чекам да се дојаде. Можев да и направам голем проблем ама се воздржав. Не си ја ценат работата што ја имаат, по цел ден си седи во топла канцеларија, можеби и пред пензија да беше, работа многу добро знам колку има, цел ден само да мава печатчиња и да ги запишува молбите во книга и единствената должност да прима странки од 12 до 14 часот и тоа неможе да го направи без инциденти. Невидена некултура и безобразие, си мцка кисело млеко со лук во време кога треба да прима странки, а паузата и е од 11:00 до 11:30, си влагаш во предвидениот термин и те брка надвор со дерење „Не ме гледаш дека јадам ма, излегувај надвор, кога ќе те викнам ќе влезеш!!! „ Ми го уништи цел ден! И јас сум работела со луѓе, сум немала време да јадам за време на пауза, сум имала добиено и дечкото ми раскинал, дома проблеми и се и пак сум била љубезна, не сум дозволила некој да се пожали на мене, не сум оставила никој неуслужен. Ваквите луѓе не заслужуваат да работат ваква рабтоа, треба да бидат во фабрика со 200 вработени и бел ден да неможат да видат од работа, а не вака, кај ужива во сите комодитети уште тешко и е да се однесува цивилизирано. Срам да и е, посакувам утре некој исто вака да и го расипе денот и цело расположение. Многу пати сум се нашла во ваква ситуација и секогаш сум завршувала вознамирена, не сум можела да заспијам навечер затоа што некој се испонашал така со мене. Дури се преиспитувам да не сум направила нешто несоодветно со што сум го заслужила таквиот третман. Знам дека не треба да ги сфаќам толку лично и да си ги земем при срце ваквите испадни на одвратни луѓе, знам дека уште на милион вакви па и пострашни луѓе и ситуации ќе наидам и дека ќе треба да останам смирена ама неможам да се помирам со ваквите настани. Светов не е место за чувствителни луѓе како мене, и јас можам да газам се пред себе и тоа изгледа е единствениот начин да успееш да завршиш некоја работа.
Ноќеска на полноќ сите христијански бродови го запираат за миг своето пловење во чест на заштитникот на морепловците Св.Никола!
Денес и утре домот ми мириса на празник - на риба, сарми, гравче, баклава и посни колачиња. Го празнуваме хуманитарецот Св. Николај, нашиот христијански Дедо Мраз. Ова се денови кога домот ни се полни со најблиското семејство и драги луѓе, а душата со блаженство и љубов. Неговата идеологија била: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“. Да го славиме неговото учење, не само денес - туку секој ден. Да помагаме и даруваме, зошто раката што дава никогаш не се суши. Благословен нека е празникот и оние што го слават!
Во последно време сум сведок на свет кој рапидно се менува. Ми се причинува дека овој период од мојот живот е последната епизода од некоја серија, кога сите ликови фатиле на посебна страна, и веќе ништо не е исто како порано...
На светов постојат толку некултурни луѓе абе незнам од такт да те извадат,без култура,срам.. пу да им се се**м на таквите (опростите на речник)
Иако ја имам веќе шест месеци, дури денес мислам дека го почувствував вистинското значење на зборот мајка. Стојам на автобуската на Битпазар, ми приоѓа една жена што проси, но загледана на некое друго место приметив само дека проси и и одмавнав со главата дека немам што да и дадам. Откако замина го свртев погледот накај неа, носеше во раце едно такво сонце од човечко суштетво, веројатно малце постаро од моето, толку мило и прљаво, се фаќаше цврсто со рачињата за мајка му која го подигаше погоре на секои десет секунди бидејќи и се излизгуваше во рацете. Во тој момент се изгубив....ми надојдоа мисли за тоа дете, за моето дете, за секое детенце, испомешано со многу емоции...И сето тоа траеше неколку секунди.....Солзите сами надоаѓаа, не успеав да се исконтролирам...
Се запознавме и врска почнавме во 2013. 2014 ја дочекавме заедно со ветување дека ќе почнеме од почеток, дека се што било ќе заборавиме и ќе бидеме среќни заедно. Но не беше така. И покрај се ние раскинавме. Се ближи и крајот на оваа година. Со заминувањето на оваа година сакам да си заминат сите лоши работи шо ми се случиле и да не се повторат. Сакам и јас конечно да бидам среќна. Се надевам ќе ги остварам своите цели, дека ќе се подобрам, дека ќе се поправам себеси како личност. И дека ќе бидам среќна со вистинска и искрена насмевка на лицето.
Денеска е роденден на една специјална личност во мојот живот. Ти благодарам што постоиш во мојот живот, што си секогаш до мене кога и да ми затребаш, дали во добро или зло, што секогаш ме подржуваш кога ќе направам некој позитивен чекор, макар и да е негативен, ти си тука пак да ме подржиш без да ми се развикаш....Ти благодарам татичко мој што си во мојот живот...ти посакувам НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН, да ми поживиш уште 100 години, да ми бидеш насмеан како што си и сега....ти го посакувам сето најубаво...Те сакам Spoiler
Не сум голем обожавател на зимата, но морам да признаам дека ги зближува луѓето и е многу романтична.
Го чекам ... иако е скоро полноќ ќе дојде заради задоволство на двајцата + повеќе една ноќ заедно По толку време поминато заедно сеуште осеќам пеперутки во стомак сеуште сум возбудена и изненадена знаејќи дека доаѓа и ќе го видам Убавина кој несакам никогаш да престане,најубавото чуство е оваа