Цело време мислам како индиректно да и укажам на една личност дека знам дека ме лаже Наместо во ова малку слободно време да фатам да учам, јас со што се замарам.....господ да чува.....да ми е битна личноста ај пак и пак , ама не ми е толку..... Се е поинтересно од учење дефинитивно
Во обичен работен ден кога треба да станеш рано: освен што креветот магично станува уште поудобен, универзумот ти овозможува таква тишина што мува да прелета може да се слушне. Плус и на твоите им станува жал да те будат и така оставајќи те уште некоја минута да спиеш, може да се случи да задоцниш некаде... Во неработен ден, кога си решила како guilty pleasure да се излежуваш подолго: некој од дома те буди чисто информативно да ти каже дека ќе оди да купува нешто, на другарка што баш сеа ја фатил некој ранобуден фазон - ѝ текнува баш во 9 саат да ти ѕвони за да се договорите за вечер... а у краен случај може да се деси и повик од оператор или за некоја рандом анкета. И после колку и да се трудиш, не можеш пак да заспиеш. Шо не е јасно? Ама па, on the bright side, барем денов и така со временските услови се покажа како вреден да се отвори порано и што повеќе да се апсорбираат сончевите зраци, наместо да се трошат утринските саати на излежување. Сончеви пролетни денови, кога надвор е потопло од дома и фактот дека излегуваш да се стоплиш е доволен изговор за прошетка, во друштво на слушалките од кои ти свири омилената плејлиста од сончеви позитивни песни... токму my cup of tea. Ве поздравувам со една таква...
Сакам да кажам дека .... 1. Ако паузата по свирежот на средина од натпреварот се нарекува полувреме, тогаш на крајот се нарекува целовреме x) 2. Бидејќи вентилацијата во зградава ни е толку добра, секој ден знам комшиите што имаат за ручек 3. Тој мислителот Unknown на поговорките и афоризмите сум јас ...СЕГА БИДЕЈЌИ ДОЗНАВТЕ, МОЖЕТЕ ДА КУЛИРАТЕ : ! 4. Некој што има желба, не му требаат посебни услови. На пример: Ги гледам лугено почнале да возат точак и купиле кацига, заштина за лакти, за колена, држач за шише, оноа апаратчено за мерење километри. <------ Во ваквите не верувам !! 5. Велигден не е празник само на Христијаните, туку и на Бодибилдерите. 6. Викаат дека тие што постеле на Велигден ќе добиеле секакво духовно и телено прочистување. Епа јас не постев ама го чувствувам истото. Која е причината ? .. хмм.. ( 7 ). Точкава ме потсетува на следново. Како да се набројува. Еден, Два, Три, Четири, Пет. Шест. Лото, Осум, Девен .. итн итн ...
http://www.topshop.com.mk/dom-kujna..._–_??????????_??_????????_????????_sa_1982554 Пуздер правам од македонскиот јазик, а пак од контекстот и преводот...ехееее...
Чива е оваа убавина? НАША Е! Стоев мирно може едно 10 минути, стоев и само дишев. Се осеќав како да сум во некој друг свет, спокојно и мирно. Повеќе од 20 километри денеска. Ме болат нозете од умор, образите ми руменат, ама знам дека вечер конечно ќе спијам убаво, верувам пред 1 по полноќ ќе бидам смотана во ќебе, конечно ќе спијам без да се борам.
Сакам да кажам ... т.е и веќе не знам што сакам да кажам , колку може лоши работи да се случат во еден ден ? Зарем на овој ден кога сите се среќни , весели и се подготвуваат да излегуваат на овој прекрасен ден ...Дали некогаш ќе си кажам сама на себе да добро сум и среќна ...........
Sdk koga pominaa 5 godini denes mi e godisnina ma femina í mene í cel den ete taka si razmisluvam pa dragi moi zaedno porasnavme so vas gi delev í uste dolgo ke gi delam site srekni í tazni momenti. Zaedno go kazavme sreknoto Da zaedno ja spremavme svadbata, zaedno ja pominavme mojata luda bremenost sega zaedno rasteme I se podrzuvame vo se. da ni se mnozat prijatelstvata I druzbite
Она кога времето е толку убаво што не ти е проблем да станеш рано и да шеташ по цел рид и да испиеш три кафиња и да шеташ пак и да седиш на клупа... зашто не ти се враќа дома. Нов сјај на косата и попладневна дружба со другарките од маало, седнати трите в двор, размуабетени, како кога бевме деца. Бабата ја фати носталгија Вечерва за првпат не отидов во црква спроти големиот ден, туку останав дома да го слушам Роби Вилијамс и да се гушкам со мачката. Can't wait да се приберат моиве и да се кршиме со јајца. За многу години
Моментално до ништо не ми е... Деновиве сфатив дека добриот сон е всушност преценета работа. Денов напорен, јас не спиена, сите шетаат лево десно, ја со глупиов труд во ќор сокак! Божемски викендов без дистракции ќе го поминев. Ќе го завршев зацртаното. Уште он фалеше да ми фали (колку штосно звучи), душичка ми се јави во прав момент да ми каже дека едвај чека да се видиме, дека и јас него многу сум му недостигала. Сакам get away weekend со него. Онака само сакам да го видам да се орасположам и да го гушкам цела вечер... Да се скријам во неговата прегратка и заедно да си молчиме. Периодов ми е оксиморон. Се осеќам како никогаш досега како заљубена четр-шнаесет годишна тинејџерка. Никогаш со никој не сум се осеќала волку исполнето, заљубено она баш посебно. Од друга страна друг контраст намален имунитет ради стресови, обврски, крајни рокови. Идам да спијам па од утре со нови сили. Имајте убав остаток од празничниов викенд, многу љубов до вас!
Вечерва за прв пат не отидов во црква во 12 да се кршам со јајце,имам тежок и тажен ден се надевам дека господ бог ќе ги ислуша нашите молитви... -Христос воскресе... -Спасение за сите верници ...За многу години...
После толку години јас не сум во црква на местото кај што треба да бидам .. тежок и тажен ден .. Но што и да е ќе помине ! Христос Воскресе за многу години !!!
Среќни велигденски празници феминки Отидов во црква малце покасно од обично ама битно да се испочитува адетот. Убав ми е периодов, убави ми се празниците. Се чувствувам среќно,исполнето и заљубено
Докажано и потврдено е дека 99 пати е потешко да остварите комуникација со личност што вистински ви се допаѓа отколку со личност кон која сте рамнодушни Инаку среќни празници. За многу години
Сакам да кажам преубаво е времето...а јас на работа ми се здосадува веќе дали и за мене е велигден...давам отказ
Ова е пост за луѓето и милите суштества кои ги чувствуваш како дел од семејството иако технички не ти се. Бујрумте на кафе. Јас и Лепотицава ве чекаме
Си стануваш сабајле,си пиеш кафе на тераса,сонцето пече онака убаво,пријатно,па и лабрадорката решила да седне до тебе,па има ли поубаво? Потоа следи чукање со јајца,притоа ретко кое останува нескршено и собиранки со роднини,пријатели,баш семејна еуфорија,се јаде,се пие,се ужива. И најубавото од се,прошетка во попладневните часови до околните ридови,мирисање на пролетен воздух,околу тебе летаат пеперутки и трчкаат кученцата,се е зелено и расцветано. Си доаѓаш дома исполнета со топлина и радости, па дознаваш дека има испаднато 4 епизоди од ГоТ и радоста се зголемува дупло Наједноставно кажано,еден прекрасно совршен ден.
Морам да си признаам, празниците некако најмногу ги сакам поради храната. Знам дека можеби ќе си речете ама не е тоа работата, собирањето со најблиските бла бла... ама чекајте, полн сад со многу солена марула, јајца и роквица? П.С. За многу години нека ни е празников, Христос Воскресе.