Јас сум помислила,но не во ситуации во кој сум се нашла туку си замислував во ситуации во кој би се нашла.Имам 13 години и понекогаш кога гледам филмови си помислувам како кога мојата мајка би била болна и би умрела.Е тоа е веќе за ...
Оффф леле срценце...Не е ни тоа причина за самоубиство.НИКАКО несмееш на тоа да помислуваш.Што би било кога сите што изгубиле родител би се убивале...? Па таков е животот, мора сите некогаш да умреме,исто и нашите родители,нема да бидат вечни. Ти си премногу млада и затоа тоа така го замислуваш,мислиш дека таква трагедија би те нетерала на самоубиство. Но ајде размислувај вака-дека мајка ти е уште жива и здрава и млада, дека уште долго ќе живее и ќе биде со тебе, па и она сака еден ден тебе да те види како мајка... Ехеееее луѓе живеат и по 100 години,а ти уште сега размислуваш за умирање... И пак ќе ти повторам,ништо не е доволно тешко за ти да си го одземеш твојот млад живот кој уште и не започнал како што треба.Биди убедена дека мајка ти и да се разболи и да умре (недај боже), не би сакала ти да умираш по неа. Уживај во младоста и батали ги црните мисли.
Не е така imelda и никако не можам да се согласам со тебе. Во текот на еден човечки живот и те како се битни љубовта кон семејството, поддршката од пријателите и сл. Не верувам дека за било кој човек, независно од возраста наведеново би било ''јеа ватевр'' доколку остане без било кој сегмент кој зрачел морална вредност и според него бил мошне значаен дел од досегашниот живот макар и привремено . Секако, сите сме различни, оттука произлегува и фактот дека карактерот има свои варијации, а истото важи и за чувствата и емоциите кои не се идентични кај секого, па постојат и онакви кои нема дотолку да ѓи засегне загубата на пријателот, родителот или било кој сегмент, окарактеризиран како приоритетен. Второ - До некаде можеби си во право кога велиш дека видикот и концептот за иднина е многу поширок, а истиот можеби подлежи на промени во иднина. Јас дури би додала и диференцијален и порационален. На пр. постои разлика од неоформената психа карактеристична за личност која има 13 годишна возраст до личност која има 18-20 години. Тоа е таа главна разлика која ја споменав, но истата не секогаш под дифолт мора да биде пресудна. Денес на тинејџерите сите информации им се на дофат. Дал од интернет, некоја воспитно - образовна установа, мислењето на врсниците и сл. не е важно. Важно е дека кога тие ќе дознаат за нешто стануваат попаметни (барем тие така мислат) и си даваат за право автоматски да пристапат кон добивање на авторитетот и да се стават во улога на возрасна личност која презема иницијатива за решавање на определен проблем. Децата денес не се деца, тие растат брзо. И што побрзо родителите се соочат со овој факт толку подобро за нив. Така би воспотавиле и многу подобра комуникација со својот тинејџер. Плус, не заборавај дека секогаш овде постои еден голем прашалник околу состојбата 10 години подоцна. Што ако на пример, остане непроменета? Или личноста за тој временски период не успее да оствари квалитетен социјален живот и опкружување? Во овој случај никако не би можело да се каже дека е се во ред, а проблемот одненадеж ќе испари. Имено, да не се разбереме погрешно ниту јас поддржувам самоубиство, ниту пак сакам луѓето да бидат тажни, и поради било каква причина да ѓи одземаат своите животи. Особено не, доколку причината е расправија со родителите, нема добиено пари за излез, и сл. па сега никако неможе да живее без да ѓи замисли овие прости работи. Ова е строгата граница која ја повлекувам. И многу е јасно овде дека станува збор за личност која пати за внимание, или јас што велам - разгланост. Сепак, настрана од ова, овде зборуваме за посериозни работи кои траат долг временски период а индивидуата незнаејки како да ѓи надмине, од било која причина упорно ѓи поттиснува, се до моментот додека не ја доведат до тотален разор, или хаос чие решение се крие токму во предозирање, отсекување на вените, фрлање од зграда итн итн. да не набројувам... Е сега, јас ќе ти кажам нешто што тебе можеби ќе те изненади...Јас постојано разговарам со мојата мајка за се! Кога велам се, мислам буквално на сите теми кои го опфаќаат современиот начин на живот. Таа е мој пријател и учител, а потоа мајка, и тоа и дава за право да ѓи знае сите мои ставови и гледишта кон работите. Иако не умее да ми помогне секогаш, се обидува. Нормално, некогаш повеќе некогаш помалку. А од друга страна ти ја спомена стручната помош, но таа постои само како поим во мојот живот бидејки се соочуваме со беспарица. Во ситуација во које е мошне тешко да се побара пред се адекватна помош која пред се правилно ќе знае пристапи при избор на методот преку кој ќе се одлучи да се решаваат проблемите на еден млад човек - тинејџер. Поентата, на сите мои досегашни постови е да ѓи натерам луѓето да имаат разбирање. Не само површно, туку истото да биде меѓусебно, односно да знаат да го споделат, бидејки кога би било тоа така луѓето не би биле толку склони кон извршување на грозоморни чинови од ваков тип. Овде не спаѓа само самоубиството, туку општо се.
Самоубиство тоа е најголемиот грев што можеш да го направиш, да си го одземиш животот оној живот кој ти го подарил бога. Тоа за мене е нешто најмизерно, и мислам дека го прават луѓе со премногу слаби карактери. Знам дека на некои луѓе му се случиле многу тешки и неубави работи па поради тоа посигнале по својот живот, но никако не ги оправдувам бидеќи тоа не е решение за никој проблем па макар и да бил најтежок, животот ни е даден за да ни се случуваат добри и лоши работи а ние да ги победиме лошите работи и да продолжиме напред со животот, како што вели една поговорка "Тоа што не не убива не прави посилни". A знам многу луѓе а и деца кои се болни, сиромашни, без родители, болни им се родителите и многу други работи им се случило но сепак стојат цврсто на нозе и со сите сили се борат за уште еден ден живот, а не на најмалиот проблем да го бараат решението во самоубиството тоа е навистина мизерно.
Не си си го дал сам на себе животот, па сам да си го одземеш !! Самоубиството го сметам за најтежок грев. Секако постојат многу психолошки ситуации кога луѓето, (а и јас не викам дека не сум си мислела дека нема излез, готовоо, толку е) едноставно полудуваат, збудалува, го тера на тоа, лошото го тера и многу често и без своја контрола ќе се напие неколку апчиња и... се знае понатаму што.
Самоубиство не е никакво решение помисли на твоите родители сакани како ќе живеат без еден близок секој ден со тага навредени од другите јас сум сведок за малку мојата другарка што сакаше да заврши на ваков чин е сега таa идеше со еден све добро убаво но еден ден му доаѓат закани од другарот(тој идиот од прва класа) на неговиот дечко те имам видено на видео таа на неговиот дечкои кажува што се случува помогни ми имам закани а тој ништо не видел бла бла а тој другарот постојано му се заканил и и дечкото ја шутнал а другарот и рекол до овој час ане не дојдеш со мене твојата видео на фб јутуб и така та сама се плашел на неговите ако се знае ќе биде убиена а таа кога излезе со другарот да расчисто тој ја силува и после пак така со закани го натера пак да се најдат а сега таа за греота е траумитизирана неговите дома не знаат само неговата сестра али таа секој ден ја навредува али другарите на тој к*пилето ја нарекуват курва а таа не беше таква најмила за никого не зборува душа на човекот плашлива на све девојката толку се плашеше што за решението сакаше да го најде во самоубисвото и ми кажуваше дека тој ден со солзи на очи ги бакнав сите дома на сабајле тие спеа мислев подобро вака да не живеам со ваков срам а на тој ден и се јавува еден познајник што слушал муабети за неа на кафе и стварно и помогнал уште и помага секакви закани уште има но таа без да се консултира со тој што и помагал ништо не прави а тој човекот и кажа не си прва што ти помагам 3-4 девојки биле како твојот случај и така таа уште секој ден плаче стрес на депресиа само вика што направив и мислам дека и и сега гледам дека и здравсвени проблеми но таа е таква што со никој не се отвара и стварно жал ми е за неа но јас ништо не можам и да се вратам на темава животот не е све розов како што сакаме и мислиме треба да си сила и верба дека ќе биде еден ден подобро
Како психолог можам да потврдам дека 8 од 10 луѓе додека го извршуваат убиството се каат и сваќаат дека сите проблеми се привремени,најчесто е веќе касно! Секој од нас потсвесно барем еднаш во животот ќе помисли на самоубиство барем на кратко,но мал број ќе ја прифатат идеата,не ги осудувајте луѓето затоа што си го одземале живото на таков начин бидејќи се случува (најчесто при смрт на некој многу близок) нашиот мозок или моторните сетилна да почнат да го напаѓаат нашето тело односно да вршат самоубиство без ние да знаеме. Секако не го подржувам самоодземањето на животот и сметам дека на особите кои ја имаат таа идеа им треба иста помош!
Знам како е кога човек ке помисли на ова. Многу моменти кога сум имала проблеми со моите дома заради се што направив ми идеше да се убијам бидејки вистината ме повредуваше,ме повредуваа зборовите на татко ми и мајка ми,се ме повредуваше.Неможев да го поднесам тоа.Мислев дека сум никој и ништо.Дека не вредам.Дека ништо неможам да направам.Мислев дека не ме сакаат повеќе.Мислев дека само на мене ми се случува тоа,а не знаев луѓето какви проблеми си имаат.Мислев дека лек нема за моите проблеми.Мислев дека не сум човек.Ама подоцна сватив дека човек е тој што направил грешка,научил нешто од неа и дека никогаш тоа не го повтори.И затоа заборавив да мислам на самоубиство.Помислив дека ако лекот е времето за се да се заборави дека ке дека ке продолжам напред и ке заборавам кога-тогаш.Иако се ме потсетува на тоа што го поминав. Затоа сега мн ги ценам моите и никогаш не би го направила тоа. Сакав да кажам немојте никогаш да помислите на тоа бидејки не вреди,дека вашиот живот чини многу и можете се да поправите.
да се сложувам самоубиството не е лек за проблемите.... сум помислила порано во мојот пубертет 2 пати да се самоубијам зошто сметав дека немам право да живеам со нервози... порано бевме многу сиромашни и секогаш кога ќе побарав пари од дома за да купам нешто или да појдам со моите школски на екскурзија, ми беа давани тие пари, а при тоа за тие пари ми беше викано 24/7 посебно од страна на татко ми дека ако продолжиме вака ќе немаме пари ниту за леб дека ќе страдаме, дека ќе питаме за леб, а сепак ми ги дава тие пари зошто не сакал да ме дели од другите и да се почуствувам како гревче кој секој еден ме сожалува. набрзо татко ми се разболи и мораше тука скоро да заминат сите пари што воопшто ги имавме.. секој втор ден се одеше ск и на крај се откри дека има рак во рана фаза. додека закажуваа за операција за ракот, татко ми беше дома и еднаш низ солзи и рече на мајками ЖЕНО ДАЈ ДА НЕ ГИ ТРОШИМЕ ПАРИТЕ, ДАЈ ЈАС ЧЕ СЕ ОТЕПАМ И ОНАКА НЕМА ДА СЕ СПАСАМ, САМО ЧЕ ГИ ПОТРОШИМЕ ПАРИТЕ НЕМА ДА ОСТАНИ НИШТО ЗА ВАС, КАКО ТИ ЧЕ ЖИВЕЕШ СО ДВЕ ДЕЦА САМА...самодовербата дома на сите ни беше слаба тогаш сите 4 члена на семејството сакавме да не нема, се држевме заедно без ништо да направиме ЗОШТО СЕ ИМАВМЕ ЗАЕДНО. тој период беше АГОНИЈА барем за мене...... да два пати се обидов и 1000000000 пати помислив да се самоубијам секој ден од тој период. мој братучет се самоуби ја направи таа грешка (имам раскажано веќе) и неможам да го осудам зошто имаше 17 години се грижеше сам за куката и падна во искушение. проблемот кај него беше ШТО СЕ СМЕТАШЕ САМИОТ СЕБЕ ЗА ПРОБЛЕМ дека ако него гонема нема да биди така како што тогаш било, и нормално дека че се обиди на тоа кога никј од неговата фамилија не го “забележа“ тоа (вклучувајќи ме и мене) таа грешка неможам да си ја опростам- се трудам некако да ја заборавам не го оправдувам самоубиството не затоа што уништуваш живот што друг ти го дал, ти управуваш со животот можиш што сакаш да правиш. туку нашите најблиски и нашите пријатели ни ги затвораат очите пред убавините на животот. со тоа што ги оговараме другите им се исмејуваме влице или зад грб, ги навредуваме, ги понишуваме им ја рушиме самодовербата и ги туркаме да помислат кон тоа... ќе избегам малку од темата: дали забележувате дека ретко кој себеси че си признај ако навредил, понижил, или оговарал некој, туку секогаш има некој друг кој го прави тоа, а ние сме ангелите ако сме поблиски и ако наместо на твојот пријател му се исмејуваш влице, му го мијаш лицето со вистината и му помагаш во држење на самодовербата на високо ниво. јас вложувам што и дае дека че се намалат самоубиствата најмалку за пола малку е долго така ми дојде за да напишам ако не ви смета прочитајте го
Токму така волшебничка. Јас се согласувам со тебе, и само накратко би се надоврзала.. Општеството ни ги валка срцата и рацете. Не тера да озборуваме, да завидуваме (тоа е во човековата природа и е нешто што не може така лесно да се искорени). Потребно е висока свесност и согледување на работите со ладна глава, што е мошне тешко но не и невозможно за изведба. Ние сме дел од општеството, наш е изборот дали ќе станеме дел од него, ќе се бориме против него со лоши намери, или сепак ќе настојуваме да правиме позитивни промени за луѓето конечно да сфатат дека парите, одењето на работа, училиштето, економијата не се неопходни за човековата егзистенција, туку љубовта е, меѓусебната помош, поврзувањето и кинењето на онаа долга верижна врвца која директно не поврзува исклучиво со материјалното. Прост пример за тоа е кога човек оди в црква. Покрај тоа што на бог му се заблагодарува за здравјето и хармонијата од него бара и пари. И потоа со потполно право себе си се нарекува христијанин. Како и да е, верувам дека меѓусебната поврзаност е клучен чин за искоренување или бар намалување на бројот на самоубиства. Сепак потребно е многу време додека се измени концептот на човековиот живот и да се заборави тешката судбина на човекот како поединец во овие тешки времиња.
дајте ми предлог добар психијат....ја мислам на самоубиство многу патев во живото многу доста ми е неможам кога остнав се и без ротиле неможам сакам да умрам во љубубовта катстрова сакај еден ке те рацора друг трет се исто нема спас за мене негледам иднина само смрт!
Пред се треба да имаш самодоверба во себеси.Не ти е лесно,целосно те разбирам верувај бидејќи и моите родители се починати и секоја ситуација ми изгледала безизлезна.Има решение за се иако сега ти изгледа многу далеку сепак мора да се бориш и да го живееш животот кој што ти го дарил бог и твоите родители. Нив не може никој да ги врати,само ти со тоа што ќе се сеќаваш на нив ќе живеат во тебе и со тоа што ти ќе живееш нив ќе ги направиш среќни.Проблемот со љубовта сега ти изгледа нерешлив,но верувај тоа по некое време ќе ти изгледа како лош сон.ЌЕ се најди некого кој што ќе те почитува и сака и ќе бидеш среќна и ти,верувај.Мене сето тоа ми изгледаше недостижно,но си реков мора да живеам за себе,јас сум силна.Верувам дека и ти си многу силна девојка,тешко е знам,животот ни носи многу падови и шлаканици,но и среќни моменти.ЌЕ ги има многу и кај тебе,знај само имај верба во Бог,тој не не напушта. Од каде си за да препорачаме добар психијатар?
Седиш сама во твојата соба, вратат е заклучена со пенкало и лист пред тебе. Ти се тресе раката и почнуваш да плачеш, по трет пат во последните саат време. Почнуваш да пишуваш "За моето семејство", и одеднаш сфаќаш дека тоа е многу лош начин да почнеш да пишуваш самоубиствено писмо. Пробуваш одново, еднаш и уште еднаш, но не знаеш како да започнеш. Никој не те сфаќа, никој не сфаќа низ што се поминуваш, сама си, или барем така мислиш. На никого не му е битно дали си жива или мртва. Ноќ е, легнуваш во креветот, поминуваш со жилетот по својата кожа, и и шепнуваш "Збогум" на светлината. Го земаш последниот здив и завршуваш со се. На никого не му е битно, нели? Вторник е, следното утро. Во 7:00 сабајлето, мајка ти доаѓа пред вратата од твојата соба за да те пробуди да одиш во школо. Но, таа не знае дека не можеш да ја слушнеш, не знае дека нјзината мала принцеза го напуштила овој свет. Тропа на вратата уште неколку пати, и потоа исплашена го вика татко ти да влезе во твојата соба. Ја крши вратата, мајка ти влегува и почнува да вриска. Татко ти не знае што да прави. Твојата слаба мајка ги собира последните сили за да може да ја напушти твојата соба во која зидовите се испрскани со крв. Татко ти те гушка, и почнува да вика: "Врати се, те молам врати се, ветувам дека ќе биде подобро". И почнува да плаче, твојот татко што никогаш во животот не си го видела да плаче, го држи твоето мртво тело во своите прегратки и ги пушта солзите една по една да се лизгаат по неговите образи. Се обвинува самиот себе, поради тоа колку пати ти се развикал, колку пати нешто ти забранил, поради тоа колку пати те избркал да одиш во својата соба. Мајка ти исто така се обвинува, си мисли колку пати ти викала за глупости, те терала да учиш, колку пати си и побарала помош а таа не можела да ти помогне бидејќи "имала работа". На никого не му е битно така? 8:34. Некој тропа кај тебе на врата, класната е. Дошла да праша зошто веќе неколку дена те нема во училиште, а твоите родители не се јавуваат. И таа дознава дека ученичката на која често и викала и ја бркала од час си го одземала сопствениот живот. Утредента, на часот ја прашуваат учениците зошто те нема. Чудно како им е битно сега. Таа им кажува дека ти си го напуштила овој свет. Одеднаш "популарната" девојка во школото се кае бидејќи те понижувала секојдневно, нарекувајќи те грда и губитничка. "Фраерот" во школото се кае бидејќи ти се потсмевал со неговите другари, само за да испадне "фаца". Момчето што седело позади тебе, се кае за тоа што те малтретирал и те тепал. Брат ти се враќа дома, и твоите родители му cоопштуваат што се случило. И тој почнува да се обвинува самиот себе за тоа колку пати ти кажал дека те мрази, за тоа колку пати си ми рекол да не влегува во твојата соба, но тој упорно влегувал. Се кае и за тоа што те издавал за секакви глупости и што си била казнувана поради него. Си мисли, "за се сум јас виновен". Почнува да мава во зидот, да фрла работи и да плаче. Секој ден очекува да тропнеш на врата, да се вратиш од училиште, и да почнете да се закачате. И сфаќа, тоа повеќе никогаш нема да се случи. Татко ти е во депресија, мајка ти не спие со ноќи и плаче. Не се осмелува да влезе во твојата соба за да ја исчисти крвта која ја има насекаде. После неколку дена се осмелува да влезе за да ги собере твоите алишта и твоите работи. Но, не може. Не може да се збогува со тебе, сеуште не, не сега. Никогаш. Доаѓа твојот погреб. Многу е голем, сите доаѓаат. Никој не знае што да каже сите се во шок. Убавата девојка со преубавата насмевка си замина. Сите плачат, на сите им недостигаш. Сите сакаат да се вратиш, но не можеш. Сеуште мислиш дека на никого не му недостигаш? Размисли уште еднаш. Иако луѓето не го покажуваат тоа, те сакаат, им значиш. Самоубиството е лесен начин да завршиш се, но не е вистинскиот начин. Животот е прекрасен. Има свои искачувања и падови, сите имаат лоши денови. Понекогаш луѓето поминуваат низ моменти кои што се многу тешки, како што ти е најверојатно на тебе сега, но лошите времиња доаѓаат и си одат. Запамти ! Spoiler Копирано ми е од една страна Многу ме погоди.
Па јас мислам дека тоа воопшто не е добар чин....мислам замислете каква болка би им задале на нашите најблиски... и Господ ни го дал животот да го живееме а ние не сме никој и ништо да го фрлиме од нас...самоубиството никогаш не е начин за да ги подобрување на работите,секако никој нема совршен живот,некој има пари нема деца,некој има деца нема пари секој со свои проблеми и треба секогаш да бидеме силни и да ги пребродиме "бурите" во нашиот живот
Дали имам помислено-да многупати Девојка од прекрасно семејство, која секој викенд излегува, се забавува ,се смее..., но сето тоа е само лажен сјај,всушност читајки ја приказната погоре се пронајдов себеси, точно е дека никому не му значам, и јас би немала што да кажам во прошталното писмо и би се самоубила тивко. Да но за самоубиство се потребни две нешта: желба и храброст Јас желба имав и тоа вишок но храброст немав, кога и да седнев да го пишувам прошталното писмо размислував и што потоа, што со ова, што ако не успеам.... едноставно немав храброст па така решив да продолжам со проклетиот живот, но секако неможев веќе да го издржам тој лажен живот затоа наместо да го прекинам решив да го променам... сега сум малку помирна, се навикнав на ова нефер општество, станав поцврста, си го средив карактерот, се посветив сама на себе... незнам дали ќе ми беше полесно ако се самоубиев но среќна сум што си дадов шанса сама на себе
Кукавици. Оние што се самоубиваат се кукавици. Ама каков сака нека е животот, Господ ни го дал и еден е. Не ме интересира дали има за што да живеам, дали некој ме сака или не ме сака. Јас не би си го одземала животот. Луѓе кои просат на улица,немаат живеалиште, немаат што да јадат, смрзнуваат зимно време а летно време нема кај да се скријат, живеат бре додека не им дојде крај на животот,додека им чука саатот ќе живеат. А не ние, со колку пари сакаме, со родители со воа со ноа ќе се самоубиваме за што? Никој не не сакал? Не ме бива за ништо? Не вредиме? Како може човек да не вреди?