Многу лош совет и размислување од твоја страна Папи ... можеби ние не сме почуствувале нешто слично,не сме имале судбина како на девојката и мислиме дека се така лесно може да се надмине.Лесно е да се каже но тешко е да се надмине.Да надминеш безизлезна ситуација е премногу тешко. Треба многу труд самодоверба,пријатели,луѓе кои ќе застанат позади тебе... На девојката и е премногу тешко и тоа е очигледно,немора до толку да ја обвинуваш и ти затоа што верувај со тоа ни малку не помагаш!
@frose22 претпоставувам дека се уште не си се јавила на телефонот којшто ти го дадов. тоа е така затоашто оваа варијанта - искажување на твоите емоции на форумов е поприфатлива. тоа е во ред, но ајде пробај да пишуваш дневник. пишувај за своите случувања, за своите емоции - какви и да се тие. потоа размислувај за истото, анализирај и те молам секогаш размислувај на тоа дека ќе направиш чекор за промена кон подобро. тебе ти треба директен разговор со психолог пред којшто ќе ги вентилираш сите емоции и којшто ќе "копа" во тебе за да си дојдеш до одредени одговори. те молам јави се и отворено разговарај за се.
Не сакав да ја обвинам, сакав да и' укажам дека ако таа сака да биде среќна ќе биде. Мислиш не сум била во "безизлезна" ситуација? Мислиш мене не ми зборувале луѓето дека нема да успеам во нешто? Сум размислувала за самоубиство и тоа ради личност која "ме натажила", но сфатив дека сум си потребна, дека околината нема право да влијае на мене и јас нема да дозволам да влијае врз мене. Зошто да бидам тажна кога можам да ја гледам светлината и да одам по неа, а не да го гледам мракот и да ја трескам главата од него?
Како да се јавам кажи ми? Татко ми ќе збесне буквално и не знам што би направил, а и мајка ми многу ќе се налути, не сакам да ја повредувам. А инаку кај психолог сигурно ќе одам. Идев порано, после секој разговор имав надеж дека ќе се смени нешто на подобро. Јас не сакам многу, не барам многу. Среќно семејство, еден пријател, мир доволно е. Најтрагично ми е што луѓето погрешно мислат за мене. Пример брат ми вели дека не ми е гајле за него, ама јас си знам како ми беше кога беше болен и се тресев над него и кога касно ќе беше а не беше дојден како плачев и мислев на најлошото. Кога другите велат дека не сум дружељубива, зарем јас не сакам да се дружам? Кога татко ми ќе рече ти не почитуваш родители, јас не само што ги почитувам и толкку многу ги сакам и покрај се што ми направил во животов. Татко ми е го сакам и покрај се.Кога бившиот ќе ми речеше ти мене не ме сакаш, како не го сакам бре? Само Господ го знае колку го сакам. Го сакав безусловно, правев се за да биде најсреќен, колку пати и да беше тој крив преќутував, колку пати правев нешто за него а не го сакав тоа и на крај ми рече ти мене не ме сакаш една друга ме сака.. Не знам зошто луѓево мислат погрешно за мене... Се обидов да не го слушам татко ми, ама премногу сум емотивна и тоа ми е мана, се си ставам при срце и лесно се расплакувам.
едно е да ти зборат луѓето дека нема да успееш во нешто а друго е да растеш во растурено семејство, несреќно, каде си психички и физички малтретиран и каде што не си осетил љубов и поддршка од никого во моментот кога растеш и кога треба тој што ти е родител да те бодри и да те насочи кон правилен пат во животот. Тоа не е нешто што се пребродува преку ноќ, а и девојчето не е борбен карактер. Така да ако неможеш да и помогнеш немој да и одмагаш и да ја обвинуваш.
Добри луѓе секогаш и секаде постојат само потруди се малку повеќе за да ги пронајдеш. Исправи се колку и да е тешко,биди силна и верувај во онаа што го посакуваш. А јас ти посакувам што подобро да најдеш мир околу тебе и да имаш убав живот
Ни јас не бев борбен карактер се' додека еден од родителите заврши во болница, се' додека личноста со која споделував буквално се' ја немаше до мене, а дури до ден денес чувам се' во себе, буквално ништо никому не кажувам. Не се раѓа човек со "борбен карактер", карактерот се гради со искуствата кои ги доживеал. Поентата е да се остане на нозе, не да се тажи. Дури и тоа најлошото што на човек му се случува, е она што прави човек да биде посилен. Мал милион пати се случило родител да ме плукне и каже дека во ништо нема да успеам. Околина не подразбирам луѓето околу моето семејство, туку луѓето околу мене.
Никогаш нема да разбереш нешто што не си го доживеала...јас можам да пишувам тука до утре сабајле и пак ке биде за џабе. Поентата е да му подадеш рака на човек што стои на ивица, а не да го туркаш надоле! Ти го направи второто. На човек кој што се изјасни дека сака да се самоубие и има проблем кој што очигледно ти не го разбираш му рече дека е тој виновен за тоа. Јас сум го осетила на моја кожа сето тоа што го кажа девојчето и многу многу повеќе, вклучувајќи го и тоа со болниците и смртта што ти ги спомнуваш, и сеуште животот не ми е совршен ама јас сум борец никогаш не се откажувам. Да ми се појави пред очи некоја глупача (со муабетот кој што ти и го кажа на девојчето) која што на мојата мака во последниве години ќе ми рече дека ЈАС сум виновна што животот бил суров со мене и сеуште е, има да и удрам таков ќотек што жртвите на семејно насилство за цел живот немаат добиено па да ме памти за цел живот и згора на тоа ќе и ги повторам нејзините реченици нели дека ТАА е виновна што тоа и се десило!
Не знам што толку виде во мојот пост што ја "туркало" само и' кажав дека ако таа сака да биде среќна, ќе биде. Ако ти неќеш да ме разбереш, следниот пост на темава ќе ти биде изигнориран од моја страна.
@frose22, мобилен е бројот којшто ти го дадов и бесплатно е. би можела да излезеш од дома и да се јавиш, така ќе бидеш сигурна дека ќе имаш приватност. на тој телефон ќе добиеш првична емотивна помош и поддршка, а понатака секако дека би требала да продолжиш на лице-во-лице средби со психолог. Луѓето на СОС линијата ќе те упатат и на такви средби. Поентата е ти да се охрабриш, да си ја вратиш самодовербата, да се зајакнеш психолошки и да бидеш максимално свесна за чекорите кои ги правиш во животот. Биди максимално претпазлива во изборот на твојот дечко. Ако веќе решиш да бидеш со некого, внимавај тој да ти ја дава својата поддршка, а не да ја злоупотребува твојата (моментална) ранливост. Биди храбра, девојче! Жената има многу поголема моќ одошто е свесна за тоа. Само треба некој да и ја разбуди, верувај ми.
Па ти изгледа не сакаш да разбереш дека депресијата не е нешто што сам го избираш, и што сам можеш да го победиш. Додека не почувствуваш такво нешто не можеш да донесуваш такви заклучоци затоа што е многу непристојно. И јас сакам да бидам среќна ама ме спречуваат мал милион број работи што не се во моја контрола.
Ако таа сака да биде среќна, ќе биде. Аналогно на ова, ако таа сака да не биде малтретирана од страна на татко и‘, нема да биде малтретирана. Девојчево ама ич не сака да биде малтретирано од својот родител, ама родителот очигледно не ја прашува. Ова не е некоја тажна состојба од типот на „ми овена цвеќето, ми се скрши нокт, паѓам во депресија“. Секако дека за такви (јас ги одбрав најбаналните примери) банални работи сами сме криви дали ќе кукаме или ќе кренеме глава и ќе продолжиме понатаму. Ама во овој случај нејзината среќа не зависи само од неа. Таа може да одбере да биде среќна надвор од домот, каде родителот не е присутен, но на крај на денот мора да се врати дома. Велиш дека ја разбираш, а сум те читала во други теми (поправи ме ако грешам) дека татко ти ти бил најголема поддршка во развивање на твојата љубов кон уметноста. Е ај како е вашава ситуација слична? Знам дека немаше лоши намери, ама мораш некогаш да изброиш до десет пред да кажеш нешто некому. Верувам ќе научиш да го контролираш тоа со тек на време, годините ти се такви @frose22 Прими го моето сочувство за баба ти. Разбирам потполно како ти е. Јас, откако почина мојата, со месеци не можев скроз да се соземам. Памти ја по убави работи, не срами се да си се исплачеш секогаш кога имаш потреба од тоа и редовно спомнувај ја со насмевка на лицето. И послушај ја Блисфул. Патем, некој имаше пишано дека девојчево не е за на психијатар. Па никој не ни рече дека е за на психијатар. Сите и‘ советуваат да разговара со психолог.
@frose22 и јас се приклучувам овде. Навистина ми е жал за тебе , и за ова низ кое поминуваш. Знам дека ти е тежок период. Но животот не е секогаш сјаен. Мора да научиме да се бориме. Те советувам да посетиш психолог. Искажи се нему, најдобар совет ќе добиеш. Разговарајте само
Размислувај позитивно се ќесе среди дружисе со твои врсници биди секогаш весела и насмеана самоубиството не е никакво решение
Хммм тема заснована на свои лични сфаќања и факт е дека ниедно може да не е најсоодветно и најрелевантно. Секој одлучува сам за себе, но не сметам дека човек кој се самоубил е слаб карактерно за да си наштетиш сам на себе треба да си карактерно јак, валда се тоа жути минути на исклучување на чувствата, свеста и слично. Не сум помислила никогаш на самоубиство, би испаднала невидена пи*ка у ткава ситуација. Себично е да им приуштиш на оние кои те сакаат и им значиш ваква работа, товарот од тој чин тие ќе останат да го носат.
Понекогаш да пукни ѓаолот ме тера да помислам на вакви нешта кога имам проблеми било со мм било со стариве. Ама бог е поголем во мене и тој ме чува не ми дава гаволот да ме надитри.
Дали сте помислиле на самоубиство? Не Што мислите за самоубиството? Мислам дека тие што сакаат да го извршат не се психички здрави.Имаат потреба од медицинска грижа Дали ние самите сме тие што треба да одлучиме кога нашиот живот ќе заврши? Да никој не смее тоа да ти го оспори
nemam dosega nikogash pomisleno da se samoubijam,a za samoubistvoto nemam nikogash razmisluvano za toa dali e pravilno ili ne covek da si go odzemi zivotot koga toj ke smeta deka e vreme hm neznam....ama spored hristijanstvoto ne e za odobruvanje bidejki tie sto se samoubile pop ne gji pee.......
Mislam deka ova e najuzasen nacin da se samoubies... Prv slucaj vo Makedonija e ova nekoj da se samozapali Strasno... http://kumanovskimuabeti.mk/mlada-devojka-se-samozapali-vo-gradski-park-vo-skopje/