Ниту би оправдувала ниту би осудувала. Секако дека самоубиството не е никакво решение, и покрај сите тешкотии кои можат да не снајдат во животот, треба да останеме и да се бориме, да имаме верба и надеж за подобро утре. Ако денес сме тажни не мора да значи дека утре нема да биде подобро. После дождот доаѓа сонце. Затоа треба да сме силни, да истраеме до крај. Од друга страна, понекогаш е многу тешко да се премине преку некои работи, тешко е да се помириме со тоа. Понекогаш доживуваме такви удари во животот што помислуваме дека нема зошто да продолжиме и се изгледа безнадежно. Неколку пати сум помислувала на самоубиство, кога сум имала кризни периоди. Но едноставно знам дека тоа не е решение. Помислувам и на моите, и на сите оние кои ми се блиски, каков удар би било тоа за нив. Има излез и решение за се, само треба да сме доволно истрајни.
Секој човек кој што ќе изгуби некој што му значел ( зборувам за смрт) може да има суицидални идеи. Сите сме помислиле понекогаш дека не вреди нашиот живот и јас сум помислила кога ми било најтешко. Но најголем грев е да си го одземиме сами сопстевниот живот што ни го дарил Бог. Велат дека добрите луѓе Господ побрзо ги зема за да не му наштетат злобните, а нив ги остава да си ги поправат гревовите
еве и јас за прв пат да се отворам на оваа тема.. многу можеби ќе ме осудуваат,но јас неколку пати сум помислила на тоа и сум пробала да се самоубијам. некогаш се чувстувам безвредно,дека на никој не му сум потребна и дека никој нема ни да го почувстува моето отсуство. понекогаш не се чувстувам сакано и се прашувам зошто живеам,но не можам да го најдам одговорот.
Исто и јас...Порано многу често размислував за самоубиство ...Еднаш и се обидов..Ако не влезеше сестрами во собата можеби сега ќе ме немаше...Но сега за сега завршив со таквите мисли... Сега се обидувам да се радувам на секој миг од животот бидејќи тој е еден и единствен и нема репризи P.S.Можеби некој ќе ме осудува но тоа беше во раниот пубертет....(сеуште не летав со паметот ,не дека сега не летам,ама сепак за мои 15год доволно созреав за да ги тргнам тие мисли)....
Јас не би имала храброст да го направам тоа, искрено. Колку и да сум во депресија, или разочарана, не би имала храброст. Дали дека животот ми е мил, или зашто незнам, ама знам, и сигурна сум дека не би имала храброст. Зашто да си го прекинам животот, до тука сум стигнала, не сум видела речиси ништо од светов, и да се убијам? Нонсенс. Колку и да е тешко, може да биде подобро ако ти сакаш. Е сега ако не се трудиш сам да успееш, и сам си се закопуваш тоа е друга работа. Има професионалци, и нивна работа е да ве извадат од тој период, депресија или било што. Само знам дека ако сакаш, се можеш да направиш, па и да стапнеш на месечината. Сума сумарум, не го оправдувам самоубиството. Ма да нели се вика твој избор .. ама зашто да го уништиш тоа што си го градел цел живот? Целата твоја персона, карактер, живот? Заради некој тежок период? Ретко кој немал такви денови..
http://www.demotivacija.mk/newest/koga- ... 20113.html кога си тажен види го ова и размисли за све постои решение.
Самоубиство ? Не го оправдувам, никако Колку и да си тажен, и да ти се руши светот, секогаш може да биде подобро.. За се во животот постои решение! Имај храброст да живееш, секој може да умре!
Дали сте помислиле на самоубиство? Што мислите за самоубиството? Дали ние самите сме тие што треба да одлучиме кога нашиот живот ќе заврши? Ме стра од самата помисла од смртта, не па ли да помислам на самоубиство.
грев е да се помисли на такво нешто а не пак да се направи кој е тој повозвишен од бога да го одзема тоа што бог го дал
Имам еднаш пишано во темава. Сега ми се навратија болни спомени кога повторно ја видов. Беше многу тешко, за 3 месеци бев присилена до околностите да си го завршам детството. Проблеми, проблеми, тешко дека можев да се справам со се тоа. На левата рака сеуште имам лузни кога сакав да ја осетам болката, да видам колку ќе ме боли ако сечам во неа. Нека седат. Ме потсетуваат никогаш повеќе да не се вратам во таа состојба, ме потсетуваат дека сум преминала преку тоа, дека пораснав и сум позрела. Ме потсетуваат дека сум јака и дека можам да се соочам со проблемите, не да бегам од нив. Среќна сум што сум тука, и што не направив нешто непромислено. Мојот живот сега е на место. Среќна сум
Many people would rather die than think; in fact, most do. На сите ни доваѓаат такви мрачни мисли и имаме периоди кога се ни е преку глава. Ама секогаш постои подобро утре, значи секогаш
ретко кој нема помислено, некој во помали некој во поголеми размери. Ми се има десено 2 пати да посакам да го направам тоа, ама кога ќе помислам на тоа што ќе оставам зад себе и имам живот а да го упропастам џабе.. не фала.
искрено до сега немам помислено на такво нешто. имало моменти кога сум се чувствувала дека цел свет е против мене и сум сакала да ме снема на некој преиод да се одморам од се ама никогаш не сум помислила да направам таква глупост. секој од нас има некој што неизмерно го сака, без разлика колку сме лоши или добри, и не би сакала да ги повредам тие што ме сакаат. еден совет- никогаш не ги напуштајте оние на кои сте им најпотребни без оглед на се, што и да е ке помине ама ваква глупост тешко дека некој ке може да ја исправи или да ја пополни празнината и болката што вие ке ја оставите во душата на они кои би го дале животот за вас
КАКва психа е тоа бе да сакаш сам во дупка да влезиш кај шо е темно и ка шо ке те јадат црви. И да имам моменти на слабост во тој момент ке помислам на Бога, тој ми го дал животот, која сум јас да си го одземам. Голем верник сум а самоубиството е забрането во христијанството на лугето болни од неизлчливи болести, како се мачат со болеста, се борат за живот, не се предаваат а јас здрава права тука ке и изигравам ЏЕК САМОСЕК на мајка ми и татко ми, најдобрите родители што постојат,кои веќе 22 години ме хранат, ме облекуваат, се прават за мене, на деновите кога од устата си делеа да ме прехранат, кога им ги украв последните пари од дома за да купам водка и да завршам на инфузија и кога позајмуваа пари за мојата инфузија, зар нивниот труд да го фрлам во бездна? на тешкото минато, сиромаштијата во која живеевме, болестите и моментите кога сите од семејството бевме во различна болница, го пребродивме тоа, еве сме сега сите заедно, здрави, срекни и богати. на сите луѓе кои им значам, другарки, роднини, брат, дечко... колку сум им била потребна во некои моменти, кој сега ке ги теши, кој ке се редува на нивните успеси, свадби и веселби. Не сакам мојата весела дружина да ја видам облечена во црно како плаче, наместо да се веселиме заедно некаде на успесите од минатото а ги има многу, кога во најтешките моменти од животот победив на државен натпревар, кога успеав да го фатам најдобриот фраер у маало додека останатите девојки срекни беа ако го сретнат на улица, на тие кои ме мразат, а знам оти има неколкумина, не им го правам ќејфот да се обесам на иднината и на моите желби , љубопитна сум што ке се случи со мене, толку работи не сум испробала, сакам да дипломирам, да бидам прва во својата струка, да измислам лек за некоја болест, сакам да пробам секс со женско, да се омажам, да имам деца, внуци. Има уште милон причини ама овие најбитни се. ЗА да извршиш самоубиство треба да ти фали нешто во главата
Не сум помислила, немам потреба, имам се што ми треба. Но го сфаќам самоубиството. Не можете да судите пошо не знаете колку лошо може еден човек да се чувствува и колку доле може да падне. Не знам, али мислам дека има болки кои што "подобро утре" не може да ги излечи.
Најискрено до сега никогаш во животот немам помислено на самоубиство.Едноставно не можам да се начудам на тие луѓе кои им доаѓаат вакви идеи или пак го остваруваат овој чин т.е. се самоубиваат.Животот е толку убав и има толку многу работи за кои што вреди да се живее.
А што ке реши самоубиството?Бегање од проблемите во кои си западнал,и нив ги наследуваат фамилијата то ест најблиските па тогаш треба и тие да си посегнат по животот?Тоа само кукавиците можат да го направат незнаејки да се справат со тоа што е пред нив.Па ајде мислејки дека со самоубиството се ке решат. Воопшто не го оправдувам самоубиството зошто колку и да е лошо секогаш има начин за излез од лоша ситуација.Децата во Африка секојдневно се бораат за живот и опстанок а некој кој што има се си посегнува по животот
Што е со луѓето кои што немаат најблиски ? Што немаат некој да им каже дека утре ќе биде подобро.. Што се малтретирани, тепани, злоставувани.. Што е со нив ? А и плус, некој што има СЕ не верувам дека би посегнал по својот живот. Воопшто не ги почитувам мислењата од типот дека само кукавиците би си го одземале животот.
И ако немаат најблиски треба да си го одзедат животот?Не би рекла,тоа е мотивација плус да успее и сам ако треба.На братучетка ми се разведоа родителите, мајка и на едната страна на светот,татко и на другата а таа е оставена самата на себе и дали посегна по својот живот?Не,туку продолжи да се бори. За малтретираните,злоставуваните и тепаните пак не е решение да си го одзеде животот.Познавам илјадници кои се малтретирани ама сепак не посегнале по својот живот.И грешка си.Никој нема се.Некој нема здравје,некој срека,некој нема пари.Така да не држи многу ввода кажаното(барем според мене)ако се решаваа проблемите со самоубиство ајде да се отепаме сите
Маваш контрадикции девојко. Те цитирам:" ..а некој кој што има се си посегнува по животот ". Не можам да дискутирам сеа, треба да искачам, и така и вака не разбираш, не гледате вие подалеку од вашето размислување али добро ваш проблем. И да повторам, не го ПОДРЖУВАМ туку го СФАЌАМ самоубиството.